Каков е тој апсурд да се потпишува договор за одговорност со секој репрезентативец. Што се нема да ви текне.
Многу нормална работа, која нема да пречи на никој кој нема задни намери и/или суета до небо
Просто е, кога МРФ ќе плати котизација, пат, сместување, храна, прихрана и други работи, натпреварувачот само треба да го слуша капитенот избран од истата таа МРФ, да ја спроведува неговата замисла и тактика.
Во случај да тера за свое, да се расправа, да не работи на терен како што треба, капитенот да има право да го смени/врати дома, а МРФ да му забрани натпреварување следната година. Договорот служи за утре тој натпреварувач да не може да каже “не сум знаел, во подрум сум бил“
И искрено, повеќе се прави поради пливкарите, но одлучено е на УО да важи за сите репрезентативци, за да нема делби.
Воопшто не е нормална работа.
Во никој спорт репрезентативец не потпишува договор за одговорност и однесување. Некои работи треба да се регулирани со закони, статути, правилници. некои работи се подразбираат. Зар до сега УО на МРФ не смееше или немаше право истото да го направи? Друго е што не го прави. Правата и должностите на еден репрезентативец се пропишани ( барем така треба да е) во актите на МРФ. И до сега Капитенот можеше да смени натпреварувач, а за недисциплина и одговорност во извештајот да покрене постапка за мерки против таквите репрезентативци.
Кај нас се работи за една лоша традиција дека е тешко да му се каже на некој репрезентативец дека треба да биде сменет или казнет за недисциплина и опструкции. Некои репрезентативци сами се финансираа за СП. Но тие времиња полека заминуваат. Бидејќи напреднавме со обврските на МРФ, треба да бидеме силни и да си ги спроведуваме и обврските на репрезентативците. Мислам дека е малку срамно, со посебен договор да терате некој да се однесува како што треба и е нормално во една државна репрезентација. Со посебен акт за обврски, само потенцираме дека кај нас нешто не е во ред и меѓународно гледано испаѓа дека се работи за репрезентација која има проблеми со дисциплината и одговорностите на репрезентативците.. Да повторам, и без тој договор, капитенот и раководството ги имаат тие права, но и ОБВРСКИ да се грижат и да делуваат. Репрезентативец кој се однесува неодговорно, недисциплинирано и кој не ги извршува задачите може да биде и отстранет од репрезентацијата на лице место, а за понатаму, според тежината на прекршокот и у Хаг да го пратат, без разлика дали е крапџија, пливкар, ракометар или шахист.
На крај краева и не е нешто страшно и договор да се потпишува. Само е малку срамотно.
Дајте опрајте го приодот на Мавровица и средувањето околу боксовите. Ако се чека да се види нивото на водата во Мај месец и правењето стаза еден ден пред прво коло, пак ќе се вкрстуваме, ќе дигаме шатори у сред натпревар и сл. Треба една добра прошетка и анализа, сектори и стални позиции и боксови за подолгорочно подобрување на условите.
ПС
Слушам на Велешко дебело се работи на средување на 20-тина позиции и боксови.