Aman Dimitar i ti li so istite prazni frazi ? Sto pravite vo taa vasa liga , a ?? Sto pravite na tie vasi natprevari ??Znam da lovam krap , ete toa znam !
Не не... Не те канам јас во лига па да ми докажуваш тоа ми е глупо нема до каде... Него исто ми е глупо кога некој никогаш,ама никогаш не бил барем два пати на натпревар и истиот тој кажува како треба или не,а притоа да биде убедлив дека е 107% во право.
Не е спорно дека знаеш да ловиш крап,но голема е разликата.Неколку пати е дискутирано овде дека не е исто кај тебе на Црна или кај мене на Калиманци каде ловиме(ловам) во вукојебини каде нема жив човек околу мене(тебе).
Да ловиш крап на слободен риболов и да се натпреваруваш во риболов на крап е разлика БОГ И ШЕШИРДЖИЈА....Баскет и Кошарка буквално.
И најдобрите кпошаркари губат од тројка уиграни баскетџии и обратно, и најдобрите баскетџии ќе изгубат од најслабата екипа во кошарка на цел терен.
Едно треба да е јасно на сите кои немале искуство со натпревари !
СЕТО ОНА ШТО ГО ЗНАЕТЕ ЗА КРАПСКИОТ РИБОЛОВ ОД ИСКУСТВО ВО СЛОБОДЕН РИБОЛОВ НА НАТПРЕВАР НЕМА АМА АПСОЛУТНО НИКАКВО ЗНАЧЕЊЕ НИТУ ВЛИЈАЕ НА КРАЈНИОТ ВАШ РЕЗУЛТАТ !!!
И ОБРАТНО !
Dobro , se iznarakopleskaa dezurnive forumdzii pa mozam da ti odgovoram
Eden od retkite si sto vnimatelno go citam sto pisuva . Za milion raboti si vo pravo ama za nekoj od niv apsolutno ne se slagam ili pak pogresno te razbiram , kako ova boldiranovo na primer .
Vidi , imam dosta kvalitetna oprema i ne ja kompletirav za dzabe .Na manekenive nasi im davam 20 metri fora koga sakaat
I sega , KADE Keltan nauci zafrlanje ? Kade Keltan naucil da koristi ZIG i da spremi soodvetna prihrana ? KAde Keltan utvrdil deka da receme KD rig FUNKCIONIRA kako jas sakam ? Ima mnogu kade ...ama odogovorot e eden Sergej ......... na R-I-B-O-L-O-V ! Sto mislis , kolku natprevari mi trebaat da ucestvuvam za da vlezam vo shema ? Samo nekolku Sergej , sum ja naucil domasnata okolu krapot na sloboden ribolov .........znam i povejce nego sto treba za krapot . Steta sto godinite me navasaa inaku i toa kako bi trgnal po toj pat .........Sum vlozil vreme /ne samo za ribolov i za citanje literattura treba vreme , posebno na stranski jazici / za da mozam da recam denes baraj krapot go vo onaj zaliv ....Sto literatura , sto od razgovori so lujge koj vredi da gi slusas i dremenje na voda i razmisluvanje zosto sto i kako .Veruvaj mi deka gi odgatnav site prasanja .
Ne znam zosto gi branis samo , odi niz temite citaj gi kolegive natprevaruvaci sto koristat-EJA FLUORO za zig !!!Do vcera ne znaea sto e razlika medju parabolik i fast krapska trska ....cuvaj boze tek kako se zafrla so niv .I neka ne skokaat krekaci , ova e tocno ! Ima tema za toa
ZIGOT ne go vladeat ??Pa kolku godini ima od koga se koristi ??? IMAA VREME da go naucat !! Lov na ekstremna dalecina , od vcera li e ?? Godini unazad ...KADE bile kolegive seto toa vreme ??????? Poentata mi e ne se spremni ama ic i toa e FAKT ! Ebano ribce ne mozat da fatat eve 5 godini na tie svetski natprevari !! ZOSTO ? Abe 3 DUA na edno ezero se !! ZA 72 saati da ne fatis krap e KATASTROFA ! Kako mozat golem del od timovite sto ucestvuvaat SEKOGAS-SEKOE SVETSKO- BEZ RAZLIKA KOE MESTO IM SE PADNALO da lovat po 100 - 200 kG a nie ovdeka se molime na boga pulenive nasi po edno krapce vo MERA da fatat ?
Izvinete gospoda ama na site Vas mestoto ne vie vo krapskiot natprevaruvacki ribolov ..........odete si na velesko , zajko ce vi kaze sto kako i sliknete po nekoj krap , ama natprevari zaboravete , dovolno ne kostate ! I pari i nervi !
Eksertska analiza ?? Sto bre decki da analizirame ? Utnavme vo natprevaruvacite vo nisto drugo !! Jas li treba sekogas da napisam toa sto mnogumina od Vas isto go znaat ? Mozebi eden den ce se pojavat decki so pamet , pari i volja da vlozat vo sebe i da si dokazat sebesi pred se deka i nas Makedoncive ne biva !
Ima li Junak sto ce prifati opklada ? Garantiram deka i vgodina ne ni bega edno od trite posledni mesta so ovaj izbor na natprevaruvaci sto go imame ...............zasega taa e vistinata , jbg !
PS . Koga se vratam vo postot da ispravam pecatna greska .......skriptava mi veli .............VASET MISLENJE E USPESNO PROMENETO , oK moderatori ? Ova e MOJE mislenje ................
Основите се учат на слободен риболов, посветеноста си иде од самиот себе, искуството за натпревари се учи само на натпревар.
Верувај требаат многу натпревари од причина што има мнгу различни води каде различни тактики и техники даваат резултат.
Не е воопшто исто да пецаш на Пелагичево, на Жабар, Аквариум или Сарулешти.
Ете ти пример Франција свтеското, изјава даваат натпреварувачи кои по 30 години се натпреваруваат дека таква тактика на хранење немаат ни на сон помислено а камоли да ја практикувале пред тоа. Шо сега ќе се правиме паметни дека знаевме или предвидивме дека нешто такво ќе се случи?
Секогаш има што да се научи и само низ натпревари се стекнува потребното искуство. Тој што има желба да натпреварува и паметен ќе учи и има што да учи, а само будалиот ќе си мисли секогаш дека се знае и ќе си цица прст на секој натпревар.
Јас се натпреварувам од 1999 година со одредени паузи поради работни обврски и сеуште одам на натпревари и сеуште има што да научам и тоа многу.
Годинава имам два меѓународни натпревари а ќе имам уште еден до крај на сезоната, сеуште одам, пробам и учам во рамките на моето слободно време, се разбира аматерски. Во времето кога активно се натпреварував имав заедно : лига, купови и меѓународни околу 20 натпревари годишно. Мислиш дека имав време да одам на слободен риболов? Израчунај колку седмици се тоа, 20 седмици или претворено во месеци 5 месеци скоро си или на натпревар или се спремаш за натпревар. Од Март па се до Октомври бев преокупиран со тоа.
Мислиш дека немав последици по приватниот живот ? Се лажеш ! Ако имаш фамилија со дечиња подобро не се нафаќај да бидеш натпреварувач, тераји си слободен риболов и уживај си. Треба да имаш многу слободно време, прилично финансии и огромна жеба за успех за да направиш нешто во натпреварувачкиот риболов. Прашај го Јане дали немал последици по приватен живот ?
Тој што ќе се определи да биде натпреварувач и тоа успешен и познат треба да биде спремен да жртвува многу ! Плодовите на успехот се слатки ама патот до нив е доста горчелив !
Бистро на сите !