Моја лична гледна точка е следнава....
Во Португал беа луѓето со НАЈГОЛЕМО ИСКУСТВО во моментов. Кој друг да појдеше, ќе беше сосема поразлично.
Не поразлично во смисла дека не заслужиле, кој и да пецаше таму претходно ке си беше заслужил...но, сепак
таму беа луѓе кој во моментов се најактуелни во крапскиот, најактивни, со долги години активност во ова и пред
ова можеме да замолкнеме. ТИЕ СЕ НАЈДОБРИТЕ ВО МОМЕНТОВ!!
Врз основа на тоа, сите треба да извлечеме поука дека според резултатот треба да се гледа во иднината.
Овој пат ловеа тие што се КРЕМ во овој спорт во државава.
Значи, за мене резултатот е објективен. И тука нема што да се разочаруваме.
Ова е сигнал дека не е ни се до парите, ни до организацијата, ни до желбата, па ни до среќата.
Се е ова одраз на тоа до каде сме, тоа е слика на моменталната ситуација внатре кај нас.
Нестабилни води, малку комерцијали, финансиски средства за тековни кампањи, федерација, систем.
Да се разбереме една работа. ВО ОВИЕ ЛУЃЕ НИКОЈ НЕ ВЛОЖИЛ!!!
Самите тие со свои индивидулани квалитети, ангажман, финансии дојдоа до 12 место во светот.
Па и не е така лошо, нели?
Еве пример...
За да јас тренирам 2год. и да се спремам за светско да речеме во Босна, ми требат мин 10.000евра.
Каде јас да ловам со ефтини машинки, со ефтини конци, со ефтини спод трски од 30е, со половни трски
кои не ми покриваат секаква ситиација, со пари за пат до Пелагчево, јадење, пиење, спиење, мамци,
јадици, мантракуки, спомбови, ракети , пва мрежи...
Каде со овој памет??
Мојата инвестиција е за моја лична сатисфакција, не гледам пропорции овде.
Јас нема никогаш да бидам светски шампион додека штедам на конци, машинки, трски и МИЉОН МАНТРАКУКИ.
Се во ПАРИТЕ, СЕ Е ВО ИНВЕСТИРАЊЕ, СЕ Е ВО РАБОТА, СЕ Е ВО ПУСТАТА ПРОФЕСИНАЛНОСТ!!
И еден факт, па кој како сака нека сфаќа.
Јас па и било кој друг овде, НЕМА НИКОГАШ ДА БИДЕ СВЕТСКИ ШАМПИОН.
Моето хоби, мојата пасија и мојата желба се само 10% од тоа што треба да поседувам за да бидам СВЕТСКО ШАМПИОН.
ЗНам дека тоа никогаш нема да се случи, не заради тоа што сум песимист...туку затоа што ТОЕ Е ТАКА!
Ицо, Јане, Пепи, Мики и другите...сите го поседуваат тој процент, но се тоа е недоволно.
Сите се одлични крапари, но никој не инвестирал во нив...овој резултат е производ од нивнита пасија и желба!!
Секако дека можат и повеќе, но за тоа треба се она што го напишав погоре.
Додека на некој овој спорт не му стане ПРОФЕСИЈА, се е залудно.
За да тоа биде така, треба да се помрднат планини!!
Португал ЈАС ЛИЧНО го гледам како заокружување на една приказна од минатото, не нов почеток.
За нов почеток треба нови и млади крапари...треба се како што е наведов погоре!
Ова беше најдоброто што го имавме во изминативе 10 год. Дадоа се од себе и покрај сите тешки времиња.
Воопшто не гледам вина, СЕКОЈ ИМ ЧЕСТ!!!
Се додека работите течат како до сега и мислиме дека сме имале масовна лига, мала котизација, сме нашле спонзори, се мислиме од каде пари да најдеме итн...се лажеме.
Сите скромни успеси се благодарение на индивидуланите квалитети кој ги имале крапарите во минатото, така беше и сега.
Затоа после лигата каде ми се разјасниа некое работи, каде ме удри реалноста дојдов до заклучок...
ОЧЕКУВАЈ ГО НАЈДОБРОТО, НАДЕВАЈ СЕ НА НАЈЛОШОТО!! Друг избор немаме!!
Догодина искрено сакам лига со млади крапари, со нови дечки од 20-тина год. со чиста позадина, без суети и сомнежи, без искуство, без влијание, беа љубомора и лицемерие со јасна цел, пасија и мотив.
Да одат во Корбу, па и да бидат последни....е ОГРОМНА инвестиција, верувајте ПОГОЛЕМА од било која!!
Нов лист, нови планови и во позадина луѓе со визија. Мислам дека овде ја заокруживме приказната.
Овој систем не донесе до скромни резултати, треба промена! Ако е возможна, резултатите се незибежни.
Во спортивно, средината и оној скромен исход и просек се УСПЕХ за кој не треба да се разочаруваме.
Почетник сум во оваа дисциплина.Не сум такмичел во овој спорт,се надевам некогаш ќе можам да такмичам.Но сум бил спортист,сум се такмичел,знам дека финансиите и улагањето се многу битни,но не се секогаш пресудни.Секогаш треба да очекуваме победа.Такви сме ние македонците,такви треба да бидеме.Од ништо знаеме нешто да направиме.Јас сум сигурен дека во иднина ќе имаме светски шампиони.Оваа година сите бевме сплотени,многу луѓе помогнаа на актерите таму,некои директно некои индиректно.Ако продолжи љубовта кон овој спорт кај сите нас,ќе имаме резултати.Јаката желба за успех носи успеси.Ако се држиме заедно,без љубомора,без работи позади грб,и те како ќе имаме СВЕТСКИ ШАМПИОНИ !!!