Многу пати се дискутирало на тема свој домашен микс или микс од некоја реномирана фирма па т.н доработен/пресечен/олабавен..
Сум користел неколку пати миксови од фирми кој сум ги сечел со мој неутрален микс (таканаречен 50/50 односно 4 краља) за да добијам две работи. 1. Поголема килажа на микс и 2. да се ослаби миксот да не е толку јак.
Реално кога се ловело со таков микс паралелно се ловело и со свој микс. Во голем дел преовладувал мојот микс. Јас во моите миксови, комбинации на хемија итн.. верувам и се држам строго за нив.
Па од горекажаното произлегуваат следниве прашања.. Користите готови миксови затоа што:
1. нејкете да се замарате како мене да одите по млинови и да купувате брашна?
2. проблем со некој од компонентите за месни миксови?
3. не верувате на вашите способности да направите подобар микс од купечкиот?
4. го ловите дека е докажан и истестиран на многу води и услови?
5. правите миксови само од лесно достапни компоненти?
Како за пример ке земам еден муабет кој го теравме со Милчо.. па ме буцна да си направам математика колку чини мојот микс а колку чини готовиот микс.. Некој од посложените мои миксови чинат и повеќе од 50% споредено со готовиот микс. Во еден куп риболовни наврати тоа и се докажало како такво. Купечкиот микс ја носел истата хемија, атракти итн како и мојот и е тестирано паралелно.. па од таму се и резултатите да мојот микс работи подобро од купечкиот микс.. зошто е тоа така.. незнам
Моето лично гледиште за готовите миксови е: Ако едно кг микс од некоја реномирана фирма чини 10 евра.
18% од тоа се ДДВ
20% се заработка на продавачот/дистрибутерот
10% маркетинг и пакување
15% заработка на компанијата која е производител
тотал 63%
во останатите 37% од цената.. ке ги поделинме на 50% (нели 50% е филер - и повеќе од очигледно е кај некој од готовите миксови, а останатите се оној дел кој нас не интересира, односно протеини и хранливи материјали, атракти итн...) што они би ставиле попрво во тие 18% (1.8 евра.. ај не 1.8 евра, 3 евра ке ги пишам) кој остануваат? квалитетни рибини брашна? казеин и казеинати? квалитетни атрактори? соја протеин? квалитетни животински брашна?
Колку и да купуваат на ангро и да имаат огромни попусти.. не е изводливо да еден готов микс се натпреварува со твојот, среден направен како што треба.. знаеш што си ставил во него.
Кога некој ке го земе тој микс кој чини не 10 евра туку 3 евра, и ке го пресече со 50/50, во некој размери кој достигале и до 70% со останат филер микс или неутралец т.е 50/50 и врз тоа ке се стави птичја храна итн итн итн.. доаѓаме да имаме 75% филери а останатото да е занемарливо..
Не ме сфаќајте лошо.. готовите миксови се супер за комерцијала.. впрочем и на такви и ги тестираат и за такви води се штелуваат..
_________________
ЗСРРК Мак Дам
Dodeka se fakate za glupi raboti okolu ribolovot, koj kolkav ribar e, koja e voda komercijala i jezovir, svatete deka kompletno toneme u ovoj sport