www.ribar.com.mk

Вашите рибарски приказни...
Сега е точно : Пон Дек 23, 2024 12:38 am

Часовникот е според Македонско време или според зоната: UTC_OFFSET Etc/GMT-2




Испрати нова тема Одговори на тема  [ теми ]  Оди на страна 12»
Автор Порака
ТемаИспратеноCOLONВто Ное 06, 2012 12:02 pm 
Отсутен
Модератор

РегистриранCOLONВто Aвг 02, 2011 7:02 pm
МислењаCOLON3043
ЛокацијаCOLONСкопје
Овој текст го пишувам како исказ на мојот личен став.. кој немам ниту намера да го наметнувам на некој а и немам право да наметнувам мој ставови и гледишта на други луге.

Овој текст е мое лично гледиште..

Јас сум израснат во средина во која било наметнувано да не оставаш ѓубре зад себе, да ја сакаш природата, да се грижиш за неа, затоа што и таа ке се грижи за тебе.. мора да постои реципроцитет..

Имено.. се повеќе гледам дека овој крапски риболов се афирмира, нешто што мене лично ме радува и е за пофалба. Но гледам дека повеќето новајлии не го прифаќаат ставот и културата за фати пушти.

Моето лично гледиште и како јас сум воспитан се сведува на тоа дека секој крап треба да се врати во својот дом.. Од проста причина затоа што се повеке овој вид се треби кај нас и го има од година во година се помалку.

За мене нема оправдување ниту финансиско ниту од психолошки аспект. Купуваш опрема која вреди еден куп пари, одиш еден куп километри, организираш кампања, седиш временски еден тон време, за на крај да размислуваш дека треба да го земеш крапот за да некако ти се исплати сето тоа.. па нели е доволно тоа што си го надмудрил и фатил?

Најболно ми е кога ке дознаам дека некој „заклал“ крап од 10-15-20кг.. Дали знаете на крап од 15кг колку време треба да нарасне толкав? Ако незнаете еве ви ги фактите; Крапот во првата година може да нарасне до 1.5кг, понатаму стагнира и расте во просек 1кг на година..

Крап од 15кг е стар 15 години.. да да 15 години.. дали вреди да се уништи еден живот кој опстанал 15 години запрашајте се.. И не само 15те годдини.. ако е женка таа има 150.000 икри кој барем 10% ке опстанат тоа се 15.000 нови крапчиња.. не само што ке се уништи живот кој опстанал 15 години туку и се треби поколението за утре пак да имаме крап..

Не е оправдување дека некој или некој друг ке го фати и ке го земе.. треба да помине време да се образоваат луѓето дека таквите видови што споро се размножуваат треба да самите ние да ги заштитиме.

Едно е рибњачки крап да си го купиш.. тој е за тоа створен.. а сосема друго е да земеш крап од дива вода кој бегал преку што се не и од што се не како мрежи бомби харпуни итн.. за да опстане.. и ти го напраил кејфот си го фати.. па ако веќе го земаш и сакаш некако да ти се исплати.. однеси го во некое езеро каде знаеш дека нема да го утепаат или нема да го уловат со мрежи.. Дај му шанса да живее.. сопственикот ке ти надомести..

Фати и пушти е култура која е од светски ранг.. во франција е строго забрането да се земе крап затоа што си ги штитат водите.. не само од државна страна туку самите друштва на крапџии го штитат..

Тоа што се случува со нашите води е хаос.. фрлаат бомби, отрови, струја, џапаат со трокуки, вештерки, вампирки и што се не..

Сето тоа нас не повредува не рибите.. ние сме тие што ке останеме „суви“ утре.. Утрето коа ке дојде ке си ги изложуваме нашите трски на улица и ке си се фалиме кој какви трски има и што и како сме правеле..

Зошто да треба да одиме во соседна Грција за да ловиме крап.. или да одиме во БиХ на езера? Не ми е сватливо воопшто.. Имаме прекрасни води кој ние треба да ги чуваме.. треба да ги чуваме за нашето утре..

А да незборам што се случува со другите автохтони водови на риба во нашата преубава држава..

Се фалат абе 20кг црвеноперка фатив.. и што ти ке и правиш на таа? Ке ја јадеш.. ке изедеш 3 пати по 2кг, другото или ке го фрлиш после 2 месеци.. или ке го дадеш на комшо..

Па толку ли сме гладни?

Оние пленимња во танзанија се по паметни од нас.. земаат толку колку што им е потребно за да опстанат..

Да се биде сериозен крапџија значи и да се биде сериозен борец за екологијата.

Срдечен Поздрав
Мартин Спасовски

_________________
ЗСРРК Мак Дам
ico baits НапишиCOLON
Dodeka se fakate za glupi raboti okolu ribolovot, koj kolkav ribar e, koja e voda komercijala i jezovir, svatete deka kompletno toneme u ovoj sport


Кон врв
ТемаИспратеноCOLONВто Ное 06, 2012 12:40 pm 
Отсутен
Модератор
Членски аватор

РегистриранCOLONЧет Maј 19, 2011 2:20 pm
МислењаCOLON6956
Одличен тескт Мартин. :lepi:
Единствен проблем кај нас е што се е оставено на индивидуалната одлука т.е врз свеста на самиот риболовец.
Каква ни е свеста? Тоа нема да го коментирам... :thumbdown:

_________________
CT Asterix & Obelix


Кон врв
ТемаИспратеноCOLONВто Ное 06, 2012 12:54 pm 
Отсутен
Дружељубив

РегистриранCOLONЧет Јан 26, 2012 7:33 pm
МислењаCOLON2782
odlicno ,konkretno napisano..bravo martin... :eusa_pray:

_________________
tel/fax : ++389 2 3069793
email: gomak99@t-home.mk
075/291167 zoki


Кон врв
ТемаИспратеноCOLONВто Ное 06, 2012 1:28 pm 
Отсутен
Дружељубив

РегистриранCOLONЧет Aпр 14, 2011 11:43 pm
МислењаCOLON2377
Најпрвин :bravo: за текстот и секако за идејата ФАТИ-ПУШТИ.

На сајтот на Рибар2011 после репортажата на Спаива се надоврзаа поборници за ФАТИ-НОСИ ДОМА и прашањето каде е оваа вода со цел ИСТРЕБУВАЊЕ!!!!

Како што кажа Мартин битно е како си воспитуван но секогаш постои и превоспитување :oops:
Сите оние мој крапџии кој ми кажувале за оваа цел ФАТИ-ПУШТИ и тоа Коко, Зоран Смилчевски, Игор Пешевски Т-пе, Чарли- Свето....ја имаа истата оваа цел. Најпрвин екологија да се исчисти целата околина од претходно оставеното ѓубре, и секако грижата за Крапот и Амурот.
Цела стратегија како да го надмудриш да го уловиш и уште поголемата племеност да се сликаш :tafta: и да го вратиш назад во езерото од каде што е фатен :NotWorthy:
Незнам но чуството кога се враќа крапот назад е прекрасно!


Кон врв
ТемаИспратеноCOLONВто Ное 06, 2012 4:06 pm 
Отсутен
Дружељубив
Членски аватор

РегистриранCOLONСре Jун 15, 2011 3:06 pm
МислењаCOLON1998
Уште на почетокот за регистрирањето мое на овој форум, некаде 2011 година беше ако добро памтам бев крајно мотивиран и борец за ФАТИ - ПУШТИ во Македонија.

Правев логоа, водев кампањи, ставав банери во моите потписи, дури отворив и нова тема која се наоѓа овде :

viewtopic.php?f=104&t=2049

Темата е од 16 Јуни 2011 каде јас ја почнувам целата дискусија за прв пат околу тоа како да го промовираме овој стил на риболов па дури стигнувам и до БОРБА СО РИБОКРАДЦИ.

[ img ]

Секоја чест за текстот на Мартин и мислам дека ќе подзамисли многу спортски риболовци кои ќе ја испитаат својата етичност кога се на вода.

Јас цел живот враќам риба и ќе враќам се додека сум жив.


Кон врв
ТемаИспратеноCOLONВто Ное 06, 2012 4:19 pm 
Отсутен
Модератор

РегистриранCOLONВто Aвг 02, 2011 7:02 pm
МислењаCOLON3043
ЛокацијаCOLONСкопје
Да се надоврзам на мојот текст предходен текст..

Ова го тврдам пред цел форум.. Ниеднаш не сум земал крап од било која вода.. И Никогаш нема да земам...
Ако ми се јаде.. си купувам во рибара.

Се повеќе гледам и слушам за работи кој ме згрозуваат, одвратни ми стануваат лугето кој се тешки лажговци.. се сликаат наводно го враќаат уловот во вода.. а потоа кога не гледа апратот.. оп троп во замрзивач..

Сето тоа се сведува на домашна култура и како мајкати и таткоти те израснале.. ако они биле тешки материјалисти и незнаеле да уживаат во удобствата што оваа наша природа ти ги пружи.. таков ке бидеш и ти..

Небаре лугето кој земаат риба се паметни а ние глумиме Енглези.. не.. спротивното е.. Лугето кој земаат огромни примероци на крап и огромни количини на риба се тие што губат, а и ние заедно со нив. Пред се размислте ако секој земе по 5-6 парчиња капитален улов.. и некој да дојде да фрли едно 5-6 струкови.. и едно 5-6 вампирки и да утепа потомство на крап итн..

Остануваме со празни раце.. се помалку се размислува за иднината.. и дали утре ке имаш што да ловиш?

_________________
ЗСРРК Мак Дам
ico baits НапишиCOLON
Dodeka se fakate za glupi raboti okolu ribolovot, koj kolkav ribar e, koja e voda komercijala i jezovir, svatete deka kompletno toneme u ovoj sport


Кон врв
ТемаИспратеноCOLONВто Ное 06, 2012 6:45 pm 
Отсутен
Админ
Членски аватор

РегистриранCOLONЧет Oкт 07, 2010 10:26 am
МислењаCOLON4637
ЛокацијаCOLONSkopje
Јас би рекол, треба умерена, но постојана кампања со добри примери. Дрско и со клизачи ја би им влегол на тие што треба да внимаваат и порибуваат на езерата, но тоа не е темата. Темата е личниот однос, каде што единствен одговорен е личната СОВЕСТ, таа е со тебе и да си во најдалечната вукојебина и кога си сам. Притоа, и совеста се гради со години, т.е принципите, затоа не треба оштри дебати, боже сачувај од карања, туку постојана кампања со добри лични примери. Позитивната кампања си го прави своето, полека но сигурно. Притоа, јас сеуште сум на став дека треба да преовлада онаа кампања за делумно Фати-Пушти, затоа што сум убеден дека има огромна маса на луѓе кои воопшто не пуштиле, тоа е голема маса на луѓе, огромен простор за влијание, тие луѓе понекогаш во живо, понекогаш на сајт/форум гледаат добри примери и дел од нив почнуваат да се мислат, сеуште се градат, (дел од нив) еден ден ќе ја пуштат првата риба, па понатаму ќе пуштат 3, па после ќе почне да му збори и на тој со него што фаќа, кај таа огромна маса на луѓе јас гледам можност за работа. Кај онаа група на луѓе кои се веќе искалемени би рекол крапџии, таму според мене нема лек, можеби малку, таму е веќе касно и веќе јасно, некој постанал целосен Фати-Пушти, некој постанал 90% Фати Пушти, некој 70%, некој 50%, некој 20%, некој воопшто не пушта. Прифатете ги , или не ги прифаќајте и одиме понатаму.


Кон врв
ТемаИспратеноCOLONВто Ное 06, 2012 7:02 pm 
Отсутен
Конструктивен
Членски аватор

РегистриранCOLONЧет Јан 12, 2012 9:48 pm
МислењаCOLON496
ЛокацијаCOLONBitola
Порано по риболовните списанија имав сретнато еден концепт кој се викаше ако добро се сеќавам Selective Harvest (селективна жетва) односно земи риба со ограничена тежина-доллжина ,поточно за крапот беше од 3 - 7 кг дозволено да се земи , добро би било за почеток да се вметни во риболовните основи , на тој начин мислам дека мн. рибари побрзо ќе преминат во Фати-Пушти

_________________
Anyone who truly understands the passion for
angling knows, only true happiness exists by the
waterside. All other time is spent either thinking or
dreaming about it.


Кон врв
ТемаИспратеноCOLONВто Ное 06, 2012 7:18 pm 
Отсутен
Модератор
Членски аватор

РегистриранCOLONНед Јан 08, 2012 10:04 pm
МислењаCOLON6059
ЛокацијаCOLONСкопје - Кисела Вода
:bravo: Мартин за текстот , секоја чест :thumbs_up:
Јас порано ( пред 4-5 години ) не практикував фати-пушти , но искрено откако се зачленив во Рибар 2011 и откако станав член на форумов , немам земено ниту една риба . Неможам да се пофалам со некои големи улови и капитални риби , но како почетник во крапскиот риболов мислам дека резултатите и не ми се така лоши :jane: . Од почеток на сезона 99% од риболовот ми е заедно со Спаива и досега не сме земале ниту една риба . Сите риби биле успешно вратени во вода , фотографирани или снимени , но не за да се фалам со тоа туку навистина ми причинува задоволство .
За јадење риба сум голем гурман ( се приметува и по мене ) но сепак ако ми се јаде риба ке си ја купам од рибарница или ке одам на Гогомонд , ке ја уловам и ке си ја платам ;)
Тоа во моментот е моето размислување и мојот начин на риболов кој мислам дека нема да се промени во брзо време .
Бистро

_________________
Često popričam sa samim sobom, ali nemo'š budali dokazati.
[ img ]


Кон врв
ТемаИспратеноCOLONВто Ное 06, 2012 8:11 pm 
Отсутен
RIP
Членски аватор

РегистриранCOLONСаб Ное 13, 2010 9:30 am
МислењаCOLON9475
Mnogu e diskutirano na ovaa tema i ednostavno sekoj po svojot pat.Vo prodolzenie na temava moze samo strastite da se razgorat.Licno neveruvam deka uste 20 godini so ovaa svest ke otideme negde podaleku megutoa sekoj si ima pravo na svoe mislenje i uverenie.

_________________
Rodjen da peca,Nateran da radi


Кон врв
Покажи постара темаCOLON Сортирај по 
Испрати нова тема Одговори на тема  [ теми ]  Оди на страна 12»

Часовникот е според Македонско време или според зоната: UTC_OFFSET Etc/GMT-2


Кој е Присутен

Членови кои ја разгледуваат оваа тема: 3 and 0 гости


Вие Не може да поставите нова тема на овој форум
Вие Не може одговорите на теми на овој форум
Вие Не може да промените мислења на овој форум
Вие Не може да го бришите вашето мислење во овој форум

Оди доCOLON 

POWERED_BY
Преведено на Македонски од : nescafe, Read Here Forum