www.ribar.com.mk http://mail.ribar.com.mk/forum/ |
|
Сликање на крап http://mail.ribar.com.mk/forum/viewtopic.php?f=94&t=3019 |
Страна 1 oд 1 |
АвторCOLON | Предраг [Сре Дек 05, 2012 12:37 pm ] |
Наслов на мислењетоCOLON | Сликање на крап |
Колеги крапџии, сите очекуваме да фатиме капитален примерок на крап или амур и кога ќе дојде овој момент го овековечуваме со слика која ја чуваме во нашите албуми, телефони, форуми... Ретко кој е сталожен и прибран во овие моменти па затоа се слика без да се обрне внимание на тоа како ќе излезе сликата! Секако ретко сме сами па не можеме да сликаме како што треба. На што треба да се обрне внимание- 1. Откако ќе ја извадиме убавата риба треба да ја положиме на мадот-душекот и да ја измиеме убаво од листови, кал. 2. Доколку има крварење на устата да се премачка и да се исчисти со антибиотик, а потоа да се измие. 3. Да се обрне внимание на околината каде што се слика убавата риба. 4. Секогаш да се направат повеќе фотографии од различни места и далечина. 5. Оној кој што фотографира има увид во сликата па треба да сугерира како да се држи убавата риба, рацете, прстите.. 6. Доколку се слика ноќе убаво е да се изгасат лампите на глава за да сликата изгледа поубаво. 7. Пробајте да направите слики гледајќи во убавата риба а не во фотоапаратот. 8. Обавезно направете фотографија со позадина од водата. 9. Никогаш не брзајте при фотографирањето. 10. И на крај секогаш во вашиот прибор имајте најмалку еден фотоапарат |
АвторCOLON | ТафТабиТ [Сре Дек 05, 2012 7:02 pm ] |
Наслов на мислењетоCOLON | Re: Сликање на крап |
ц ц ц ц ц ц ц ц ц , и зелениве почнаа да се мешаат кај што нетреба Браво Предраг |
АвторCOLON | Предраг [Чет Дек 06, 2012 1:16 pm ] |
Наслов на мислењетоCOLON | Re: Сликање на крап |
Не станува збор дека некој се меша кај друг, туку само совет како е убаво. Да не споменувам веќе поставени слики каде што преубавиот и капитален крап а во позадина хартии отпад, или пак кал и листови по крапот, крваав амур... |
АвторCOLON | ТафТабиТ [Чет Дек 06, 2012 2:23 pm ] |
Наслов на мислењетоCOLON | Re: Сликање на крап |
Предраг , јас те разбирам што сакаш да кажеш и ако ти одговорам онака како што мислам ке има лавина на реакции и негодувања ... затоа мудро ке си премолчам |
АвторCOLON | Предраг [Чет Дек 06, 2012 2:47 pm ] |
Наслов на мислењетоCOLON | Re: Сликање на крап |
Се разбираме Тафта но сепак е ова форум за едукација и добронамерни совети. Нема потреба од љутење. На последното одење на Пелагичево со Пепи и Мики ловевме бокс до бокс и се разбира кога некој ќе извадеше убава риба сите бевме заедно и следуваше мерење, бањање, пресоблекување, дотерување и секако овековечување со совети -пнапред гледај ваму, сврти се натаму ,стави ја капата....подоцна и слики |
АвторCOLON | Karlo [Чет Дек 06, 2012 4:22 pm ] |
Наслов на мислењетоCOLON | Re: Сликање на крап |
Samo da go nadopolnam Predrag vo odnos na fotografiranjeto,a toa e slednovo:sekogas matot da e ispod ribata i nikako fotografiranje vo stoecka polozba,odnosno sekogas kleknat na edno ili dve kolena.Dolnata predna i zadna perka stoi pomegju pokazalecot i sredniot prst i ne probuvajte da gi kriete prstite (normalno za da ja pretstavite ribata pogolema),zatoa sto ne e humano za ribata.Moze da vi padne. Sekogas tretirajte ja ribata so vlazni race i stavavajte ja vo dobro navodenet sak |
АвторCOLON | JaneMK [Чет Дек 06, 2012 6:37 pm ] |
Наслов на мислењетоCOLON | Re: Сликање на крап |
I najbitno butanje prsti vo skrgi za da sedi mirna JOK.Osven ako ja zimate posle |
Страна 1 oд 1 | Часовникот е според Македонско време или според зоната: UTC_OFFSET Etc/GMT-2 |
Powered by phpBB® Forum Software © phpBB Limited https://www.phpbb.com/ |