На многу колеги од МК ова што ќе го напишам може и да им изгледа смешно , глупаво и слично , тоа е само како резултат на немање на комерцијални крапски води каде би можале да одат ( со исклучок на Гого монд и сл)
За што всушност станува збор може да погледнете на фотографијата , на она што сум го заокружил.
Овој наш млад колега максимално се погрижил рибата што ја фатил да ја врати безбедно назад после фото сесијата, на колена е над матот (душекот ) така да рибата и да се лизне едвај би била повредена и она што ме поттикна да го напишам ова кога ја видов фотографијата , младиве момчиња носат со себе клиник (заокруженото со црвено), тоа е антибиотик во шишенце со кое се намачкува крапот на местото на убодувањето од јадицата или ако има некакви рани по телото се намачкуваат и тие.
На тој начин се спречува можната инфекција и раната побрзо зараснува.
По водите низ Србија имате на секоја риболовна позиција , овде кај Нас секој скоро го има во приборот.
Консултирајте се со некој ветеринар, ќе ве посоветува за замена на ова, врши одлична работа.