www.ribar.com.mk
http://mail.ribar.com.mk/forum/

Да му помогнеме на крапот
http://mail.ribar.com.mk/forum/viewtopic.php?f=94&t=2367
Страна 15

АвторCOLON  vasil [Сре Jул 25, 2012 5:47 pm ]
Наслов на мислењетоCOLON  Да му помогнеме на крапот

[ img ]

На многу колеги од МК ова што ќе го напишам може и да им изгледа смешно , глупаво и слично , тоа е само како резултат на немање на комерцијални крапски води каде би можале да одат ( со исклучок на Гого монд и сл)
За што всушност станува збор може да погледнете на фотографијата , на она што сум го заокружил.
Овој наш млад колега максимално се погрижил рибата што ја фатил да ја врати безбедно назад после фото сесијата, на колена е над матот (душекот ) така да рибата и да се лизне едвај би била повредена и она што ме поттикна да го напишам ова кога ја видов фотографијата , младиве момчиња носат со себе клиник (заокруженото со црвено), тоа е антибиотик во шишенце со кое се намачкува крапот на местото на убодувањето од јадицата или ако има некакви рани по телото се намачкуваат и тие.
На тој начин се спречува можната инфекција и раната побрзо зараснува.
По водите низ Србија имате на секоја риболовна позиција , овде кај Нас секој скоро го има во приборот.

[ img ]

Консултирајте се со некој ветеринар, ќе ве посоветува за замена на ова, врши одлична работа.

АвторCOLON  Atanasovski [Сре Jул 25, 2012 6:14 pm ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: Да му помогнеме на крапот

Mozebi glupavo prasanje, ali dali moze da se koristi i za druga riba na pr pastrmka? Nemam nikos videno nekoj drug ribar da go koristi ova osven krabdjiite.

АвторCOLON  vasil [Сре Jул 25, 2012 6:16 pm ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: Да му помогнеме на крапот

Може се разбира , за секоја рана е одлично средство за спречување на инфекција !
ПС. кај крапџиите е најзастапено поради многуте комерцијални води каде големите риби се чуват како едно мало богатство !

АвторCOLON  JaneMK [Сре Jул 25, 2012 6:16 pm ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: Да му помогнеме на крапот

Bravo za tekstot vasil.jas go imam vo mojot pribor.zaboravi da kazes deka vo srbija e zadolzitelna rabota.ovde kaj nas i taka si ja zima ribata pa ne mu treba

АвторCOLON  vasil [Сре Jул 25, 2012 6:19 pm ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: Да му помогнеме на крапот

Јане и на многу води веќе во БГ. ако го немаш ова во приборот нема да те пуштат да ловиш !
ПС. за зимањето , да не ја расипуваме темата, јасно е дека работите со водите во МК не се средени па и немаме право на никому да му судиме дали ке ја земе рибата или ќе ја пушти !

АвторCOLON  filip030682 [Сре Jул 25, 2012 8:30 pm ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: Да му помогнеме на крапот

nekade sum procital deka za ovaa namena se korist rastvor od hipermangan

АвторCOLON  vasil [Сре Jул 25, 2012 8:36 pm ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: Да му помогнеме на крапот

filip030682 НапишиCOLON
nekade sum procital deka za ovaa namena se korist rastvor od hipermangan
vasil НапишиCOLON
Консултирајте се со некој ветеринар, ќе ве посоветува за замена на ова, врши одлична работа.
Не е добро да се експериментира со вакви работи !

АвторCOLON  JaneMK [Сре Jул 25, 2012 9:07 pm ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: Да му помогнеме на крапот

Kako dolgo vreme cuvav akvariumski ribi itekako e dobar blag rastvor na hipermangan.Problemot e shto treba da go rastvorash denta pred ribolov zoshto ne e pozelno da ti sedi cela godian rastvoren.

АвторCOLON  filip030682 [Сре Jул 25, 2012 11:05 pm ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: Да му помогнеме на крапот

Atanasovski НапишиCOLON
Mozebi glupavo prasanje, ali dali moze da se koristi i za druga riba na pr pastrmka? Nemam nikos videno nekoj drug ribar da go koristi ova osven krabdjiite.
Ako podobro procitas na samiot sprej pisuva za site vidovi ribi

АвторCOLON  Boris [Чет Jул 26, 2012 11:50 am ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: Да му помогнеме на крапот

браво, одлична тема, може уште едно појаснување каде може да се најде ова ? колку од прилика чини и како се нанесува на рибата ?...дали можеби има внатре некое пластично стапче со памукче, како чепкалка за уши, или се нанесува на друг начин во устата на рибата, или на нејзината рана ?

Страна 15 Часовникот е според Македонско време или според зоната: UTC_OFFSET Etc/GMT-2
Powered by phpBB® Forum Software © phpBB Limited
https://www.phpbb.com/