Boris -ribar.com.mk НапишиCOLON |
Веќе си на терен, планираш да останеш неколку дена, почнуваш да прихрануваш и правиш едно, две, или незнам колку хранилишта. Знаеш дека во водата, покрај крапот има и други риби, клен, попадика, црвеноперка, костреж и други риби.
Фрлаш почетна храна, но со текот на фаќањето не си сигурен што се случува доле, а со тоа и не си сигурен дали, кога и колку храна треба да дофрлиш.
Ако има удари на крап, не се ни интересираш, се е погодено. НО,....ако нема удари, една од дилемите е (настрана други фактори).....која риба јаде доле и во колкави количини, дали почетно фрлената храна е тука, или веќе нема ништо доле, дали некое јато на крапови поминало, или уште не поминало,.....ако не поминало, а храната веќе ја нема, можеби треба да се фрли нова, ....ако пак храната е тука, тогаш со фрлањето уште, можеш да си направиш нов проблем, прехранување, твојот мамец има голема конкуенција во вода, скапување на храната во вода, снемување кислород....
Ако имаш удари од клен, или попадика, знаеш дека на храната легнала друга риба наместо крапот и тоа во голема популација, пробуваш да селектираш, и тактизираш со храната и со мамецот,,.....сепак ако пак имаш еден или два удари на друга риба незнаеш која е популацијата на таа риба на хранилиштето, дали е инцидентно, или пак доле ти ја сотреле храната ?
Пробуваш да проанализираш по скокови на рибите, да процениш, какви и колку ги има ?
Сепак, има и куп други детали за да ја прочиташ водата и тоа што и во колкав број во моментот имаш доле на дното ?
Вообичаено потреба од читање има на непозната вода за која немаш никакви претходни искуства, можеби информација две од некого. Според она што поискусните ми го препорачувале голема беља во такви ситуации е обилното прихранување на почетокот на сесијата. Прихранувањето треба да ја прати динамиката на уловите. Во случај на немање улов подобро е да се оди на поголема понуда на мамци отколку со често прихранување на различни места. Нервозата и нетрпението често го прават своето. Велат дека буквално за непозната вода (покрај доброто сондирање) е визуелното посматрање и откривање на знаци и показатели на движење на риба, скокови, меури, а доколку и нив ги нема со префрлање на барем еден стап на разни позиции да се бара лежиште или патека на крапот.