www.ribar.com.mk
http://mail.ribar.com.mk/forum/

ЗАФРЛУВАЊЕ - ПРОБЛЕМИ, СОВЕТИ, ТАКТИКИ И ТЕХНИКИ !
http://mail.ribar.com.mk/forum/viewtopic.php?f=93&t=1902
Страна 136

АвторCOLON  Sportex [Сре Maр 28, 2012 5:42 pm ]
Наслов на мислењетоCOLON  ЗАФРЛУВАЊЕ - ПРОБЛЕМИ, СОВЕТИ, ТАКТИКИ И ТЕХНИКИ !

Дали сте се нашле во ситуација да морате да ловите доста далеку а при тоа да немате услови или можности да прихраните и зафрлите со рака од чамец?

Дали сте успеале да ја достигнете саканта далечина со прихрана и мамец ?

Доколку не сте, со какви проблеми сте се сретнале, кои делови од опремата или користената техника на зафрлување ви биле проблем?

Би сакал да размениме мислења на темава, се разбира аргументирани и издржани без многу оф топик.


[ img ]

АвторCOLON  Poliz [Сре Maр 28, 2012 5:51 pm ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: ЗАФРЛУВАЊЕ - ПРОБЛЕМИ, СОВЕТИ, ТАКТИКИ И ТЕХНИКИ !

Некој пат ми идело ,пливајќи со елек и кофа во раце,да си го пласирам мамецот кадешто сум сакал ;) А лудории од типот на развлекување со мало детско чамче за плажа сум правел по ненормални временски услови ;)

АвторCOLON  ТафТабиТ [Сре Maр 28, 2012 6:16 pm ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: ЗАФРЛУВАЊЕ - ПРОБЛЕМИ, СОВЕТИ, ТАКТИКИ И ТЕХНИКИ !

Со зафрлање на саканото место немам проблем ... но имам голем проблем со фрлање на прихрана . Со рака , со чатал со кобра , никогаш не сум можел да го погодам саканото место . Ако некој знае подобар начин за прихранување , секоја сугестија и идеја се добродојдени . Деновиве планирам да пробам со ПВА кеси и мрежички па се надевам дека ке биде подобро 8-)

АвторCOLON  Spaiva [Сре Maр 28, 2012 6:19 pm ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: ЗАФРЛУВАЊЕ - ПРОБЛЕМИ, СОВЕТИ, ТАКТИКИ И ТЕХНИКИ !

Доколку немаш чамец, мислам дека за води каде треба да пласираш мамец над 100м - не постои решение!!
Освен да купиш брод со хранилка на далечинско и да ја пласираш до местото.
Ракетата за спод сепак мислам дека нема да ја пласираш на растојание поголемо од 50м.

На мали езера каде се пристапни и двата брега не сум имал проблем, но за поголеми...немам решение!

За зафрлувањето досега сум немал ни јас проблем, впрочем оловото е пресудно.
Имаш секаков вид на олова кои се посебени и наменети за сите услови.
Еве едно од тие:

[ img ]

АвторCOLON  Sportex [Сре Maр 28, 2012 6:23 pm ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: ЗАФРЛУВАЊЕ - ПРОБЛЕМИ, СОВЕТИ, ТАКТИКИ И ТЕХНИКИ !

Не биди убеден во тоа што го кажуваш.

Сум хранел на далечини над 100 метра со ракета а сум гледал како се прихранува и на 150 и повеќе метри, исто со ракета.

Само треба соодветна опрема и техника, ништо друго.

АвторCOLON  Spaiva [Сре Maр 28, 2012 6:26 pm ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: ЗАФРЛУВАЊЕ - ПРОБЛЕМИ, СОВЕТИ, ТАКТИКИ И ТЕХНИКИ !

Незнам дали е возможно да зафрлиш ракета толку далеку, не сум пробал
баш поради тоа што немам спод -род за истата. Ракета набавив, сега ке морам
спод и феедер машина за да можам прецизно пред се прецизно да зафрлам.
Прецизноста е според мене пресудна и е пред далечината, секако истово зависи пак од опремата.

АвторCOLON  vasil [Сре Maр 28, 2012 6:28 pm ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: ЗАФРЛУВАЊЕ - ПРОБЛЕМИ, СОВЕТИ, ТАКТИКИ И ТЕХНИКИ !

Spaiva НапишиCOLON
Ракетата за спод сепак мислам дека нема да ја пласираш на растојание поголемо од 50м.
Може Диме и тоа како . Работата е што треба да се исполнат неколку услови
- добра спод трска
- добра машинка
- правилен избор на монофил или плетеница
- најважното, тој што фрла тоа да го прави како што треба.

За да се оствари сето ова несамо треба да се има опремата, треба некој и да ти покаже како.
За точноста при фрлање ракета- па треба да се тренира , тренинг усогласен со одење на риба
ПС. гледам дека Сергеј се вклучил со сличен пост

АвторCOLON  Sportex [Сре Maр 28, 2012 6:32 pm ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: ЗАФРЛУВАЊЕ - ПРОБЛЕМИ, СОВЕТИ, ТАКТИКИ И ТЕХНИКИ !

Еве видео од мои пријатели од Србија, на истото тоа езеро сум бил и сум ловел.

Од едната до другата страна на езерото има 150 метра просек.

Погледнете на крајот од видеото каде паѓа ракетата и тоа онаа големата крмача која екстремно тешко се зафрлува далеку и со каква леснотија го прави тоа.



АвторCOLON  Spaiva [Сре Maр 28, 2012 6:32 pm ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: ЗАФРЛУВАЊЕ - ПРОБЛЕМИ, СОВЕТИ, ТАКТИКИ И ТЕХНИКИ !

Знам дека е тоа потребно Чичко Васил, само сепак тежината на ракетата си го прави своето.
И точно....до прецизноста со тренинг, до далечината со опремата!!

АвторCOLON  Sportex [Сре Maр 28, 2012 7:10 pm ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: ЗАФРЛУВАЊЕ - ПРОБЛЕМИ, СОВЕТИ, ТАКТИКИ И ТЕХНИКИ !

Spaiva НапишиCOLON
Знам дека е тоа потребно Чичко Васил, само сепак тежината на ракетата си го прави своето.
И точно....до прецизноста со тренинг, до далечината со опремата!!

Опрема 30 %, Подесеност на приборот 30 %, Техника на зафрлување 60%.




Страна 136 Часовникот е според Македонско време или според зоната: UTC_OFFSET Etc/GMT-2
Powered by phpBB® Forum Software © phpBB Limited
https://www.phpbb.com/