Во летниот период кога сончевите зраци се јаки и доста продорни обавезна е заштита на очите , поготово ако се наоѓате во чамец неколку часа или можеби ( цел ден).
Зракот се рефлектира од водата па секако дека може да дојде и до болка во очите .
Чести се случувањата кога од јакото сонце доаѓа до потење на кожата на челото и самата пот знае да дојде во контакт со окото, и сигурно сте почувствува јако печење на окото..кое.. ако се протрла со нечиста рака а сигурно е( нечиста) поради контакт со самите мамци кои знаеме да ги носиме со нас на рибарење ,чувството знае да биде доста непријатно па дури да дојде и до некоја инфекција на самата слузница на окото.
Од таа причина се препорачува носење на ..очила ..за заштита од сонце и од самите сончеви зраци ,а препорачливо е исто така за подобро да се гледа (тапата) во одредена далечина без да се напрега видот или кажано, да не се напрегаме во изоштрување на видот,кој може и тек како да биде напорен во текот на рибарењето, а знае да ја намали.. КОНЦЕНТРАЦИЈАТА .. во текот на пратење на самата тапа,па често пати треба свесно да го отргнеме видот од нејзе за да повторно се сконцетрираме на истата.
Затоа моја препорака купете си квалитетни ..очила.. за подобро да ги заштитите вашите очи ,и некогаш е подобро да се плати еднаш а да се користи повеќе сезони .
П.С. Очите ке ви требаат и во ..СТАРОСТ..за да ги врзувате јадичките и да го гледате рибарскиот ..конец..