www.ribar.com.mk

Вашите рибарски приказни...
Сега е точно : Нед Дек 22, 2024 7:39 pm

Часовникот е според Македонско време или според зоната: UTC_OFFSET Etc/GMT-2




Испрати нова тема Одговори на тема  [ теми ]  Оди на страна 12345ELLIPSIS9»
Автор Порака
 Наслов на мислењетоCOLON Во борба против комарците
ТемаИспратеноCOLONНед Maр 25, 2012 8:15 pm 
Отсутен
Дружељубив

РегистриранCOLONПон Ное 14, 2011 7:45 pm
МислењаCOLON3010
Со зголемување на температурата се зголемува активноста на инсектите и таму спаѓаат комарците.Ние рибарите сме луѓе кои повеќе време поминуваме во природа и нај важно покрај вода каде што највеќе ги има комарците на некои од нас не ни многу сметаат комарците на некои им сметат али треба од нив да се заштитиме бидејќи тие шират разни болести.
Сигурно ви здодеало секоја вечер да не можете да заспиете од здодевните комарци кои летаат и ве демнат. Сигурно не сакате секој ден да имате црвени убоди по телото и да се чешате постојано.
Еве неколку совети како да уживате во топлите летни денови вез здодевните комарци.

МЛЕКО

Изгорениците од сонцето и убодите од инсекти се смируваат со мешање на млеко, сол и вода. Се што треба да направите е да го намачкате тој дел каде сте изгорени или ве каснал некој инсект и да го триете местото со направената смеса. Млекото ќе го неутрализира отровот од инсектите.

СОЛ

Водата со сол исто така ги неутрализира отровите од инсектите. Откако ќе ги измиете деловите каде сте каснати, намачкајте се со растително масло.

ЈАБОЛКОВ ОЦЕТ

За да ги бркате комарците и останатите инсекти кои немилосрдно ве касаат, секој ден пијте по 3 кафени лажици јаболков оцет.

КОРА ОД ЦИТРУСИ

Портокалот и лимонот имаат пријатен мирис за човекот, но не и за комарците. Во лосионот за тело, ставете една кора од лимон или портокал и оставете да стои извесно време. Потоа мачкајте го телото, а мирисот кој го испушта кората ќе се впие во кожата и ќе ги брка инсектите.

МАСЛИНОВО МАСЛО

Доколку комарците постојано ве касаат, додека се бањате, во топлата вода додајте неколку капки маслиново масло. Така со сигурност ќе ги бркате комарците од вас.

ЛУК

Ако планирате да патувате во природа, најдобро решение за ослободување од комарците е лукот. Неколку дена пред да патувате, јадете лук. Комарците ќе го осетат лукот преку вашата кожа и нема да ви се приближат затоа што се чувствителни на тој мирис.

КРОМИД

Покрај лукот, и црвениот кромид одлично делува во борбата против комарци и други инсекти. Затоа и него додајте го во вашето мени за исхрана.

ВАНИЛА

Мирисот од ванила го подигнува расположението кај луѓето, но не и кај комарците. Нанесете неколку капки ванила во обична вода и таа смеса нанесете ја на кожата. сега сте спремни за уживање во летните денови без здодевни инсекти.

Само женските комарци не каснуваат нас луѓето и ја цицаат крвта. Машките комарци се многу поголеми од женските, но не се опасни за луѓето. Женските комарци ја користат крвта за јајца бидејќи им се потребни одредени протеини за репродукција. Всушност комарците во принцип се хранат со нектар, освен се разбира женските. Сепак, комарците од родот Toxorhynchites не цицаат крв.Усните органи на комарецот се претворени во долго рило за бодење, но во целост се развиени само кај женките. Со тоа рило женките бодат различни животни, но и луѓе и ја цицаат нивната крв. Меѓутоа, мажјаците не се хранат со крв, туку со растителни сокови. Тие умираат веднаш по парењето, а женките ги полагаат јајцата во непроточна вода или на влажни места. Од јајцата изчегуваат ларви кои немаат крилја и по некое време се преобразуваат во возрасни, крилати комарци. Комарците се особено чести во тропските подрачја, но живеат насекаде низ светот , до вода. Познати се дури 3100 видови, а многу од нив пренесуваат причинители на маларија, тропска треска, воспаление на мозокот, филаријазис, жолта треска и елефантијаза. Во најголемиот дел од светот маларијата е сузбиена со уништување на комарците, а тоа вршено и со сушење мочуришта и употреба на инсектициди кои ги убиваат.

[ img ]

Некои од овие совети звучат доста смешно али се ефективни.Сега за сега пронајдов се од природни елементи направено ќе направам втор дел во кој ќе посочам продукти кои се нај ефективни со нивни предности и недостатоци.

_________________
Anything in life worth doing is worth overdoing. Moderation is for cowards.


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: Во борба против комарците
ТемаИспратеноCOLONНед Maр 25, 2012 8:16 pm 
Отсутен
Дружељубив
Членски аватор

РегистриранCOLONВто Oкт 26, 2010 9:38 pm
МислењаCOLON1320
ЛокацијаCOLONStrumica
AUTAN FAMILY CARE -ако сакате да ве дојадат :D


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: Во борба против комарците
ТемаИспратеноCOLONНед Maр 25, 2012 8:19 pm 
Отсутен
Ветеран

РегистриранCOLONНед Jул 10, 2011 1:06 pm
МислењаCOLON5485
Autanot e zakon za sekoj insekt ne samo za komarci.

_________________
[ img ]


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: Во борба против комарците
ТемаИспратеноCOLONНед Maр 25, 2012 8:22 pm 
Отсутен
Дружељубив
Членски аватор

РегистриранCOLONВто Oкт 26, 2010 9:38 pm
МислењаCOLON1320
ЛокацијаCOLONStrumica
krste1978 НапишиCOLON
Autanot e zakon za sekoj insekt ne samo za komarci.
Последен пат на Вардар,благодарение на горенаведениот АУТАН,ме утепаа ,преку вреќа,преку панталони...абе кај најдоа и тоа преку дебелиот слој АУТАН ФЕМИЛИ КЕАР :mrgreen: :mrgreen: :mrgreen:


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: Во борба против комарците
ТемаИспратеноCOLONНед Maр 25, 2012 8:25 pm 
Отсутен
Дружељубив

РегистриранCOLONПон Ное 14, 2011 7:45 pm
МислењаCOLON3010
Јас затоа се обидувам да најдам некое ефективно средство едно ми беше посочено од стариот војниците што го користат кога одат по криволак на вежби.Али не се продава кај нас луѓе што одат по афганистан,ирак во америчките бази во продавниците се продавало тоа чудо.Иначе ни раид ни аутан не помага кога ќе ти се соберат комарците едино што ќе те спаси е ако си закопчан од глава до нозе бидејќи последниот пат колку комарци имаше гола кожа само на главата ми беше и дури се обидоа во ушното каналче да ме изедат. :evil:

_________________
Anything in life worth doing is worth overdoing. Moderation is for cowards.


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: Во борба против комарците
ТемаИспратеноCOLONНед Maр 25, 2012 8:29 pm 
Отсутен
Ветеран

РегистриранCOLONНед Jул 10, 2011 1:06 pm
МислењаCOLON5485
Citrogala insekt repelent gel --- Poliz probaj go ova namackajse ima miris na citron nemas gajle.
http://www.galafarm.mk ------go ima segde zakon e.

http://www.galafarm.com.mk/proizvod.asp?id=80
Цитрогала инсект репелент колекција

...комарците, мувите, осите, пчелите и многуте други инсекти се составен и неизбежен дел од нашето опкружување. Секогаш кога сме на излет, прошетка во шума, на одмор или кога работме во нашиот двор , ние сме потенцијално експонирани на напад од овие штетници, кои знаат да ни нанесат непријатни, понекогаш и болни убоди, а да не зборуваме и за можноста од пренос на инфекции...

Во борбата против непријатните инсекти, ние ви нудиме ефикасен начин да ја смените насоката на нивното движење и безбедно да уживате во убавините на природата...



Што е Цитрогала ?
Цитрогала е инсект репелент колекција која се состои од Цитрогала спреј, Цитрогала стик и Цитрогала гел.

Цитрогала препаратите обезбедуваат сигурна и долготрајна заштита од комарци, стршлени, крлежи и многу други инсекти.

Зошто Цитрогала ?
Доколку сакате безгрижно да уживате во летните одмори, патувањата, излетите...Цитрогала препаратите се вистински избор за Вас и Вашето семејство, затоа што:

-се ефикасни и сигурни,
-не содржат петрохемикалии, конзерванси и други токсини
-не е потребна честа и повторлива апликација
-лесни се за апликација
-погодни се како за возрасни, така и за деца
-имаат пријатен и освежувачки мирис на лимон

Природно масло цитронела и сигурен инсект репелент IR3535

Постојат бројни фактори (хемиски и физички) кои се причина за тоа луѓето да бидат привлечна мета на инсектите: телесната топлина, издишаниот CO2, многу хемикалии кои влегуват во состав на потта или се наоѓаат на површината на кожата, боите на облеката и разните мириси од сапуни, парфеми, лосиони, креми...

Препаратите Цитрогала делуваат така што ги одбиваат и спречуваат инсектите да ја нападнат кожата, интерферирајќи со нивната способност за детекција на привлечни хемикалии од човековото тело. Ова дејство на препаратите Цитрогала се должи на нивните активни состојки: природното масло цитронела и инсект репелентот 3535.
Природното есенцијално масло од цитронелла има пријатен и освежувачкимирис на лимон и оригинално се добива со екстракција од растението Cymbopogon nardus. Маслото поседува одлични инсект репелентни својства, а покрај тоаделува и антисептично, деодорантно, стимулативно и воедно ја храни и омекнува кожата. Маслото не иритира, па затоа е посебно погодно за детска кожа и осетлива кожа кај возрасни.
IR3535 е релативно нов инсект репелент кој Светската здравствена организација (WHO) го препорачува како “безбеден и ефикасен инсект репелент за хумана употреба”. Се одликува со ефикасни и долготрајни инсект репелент својства, дури и под тешки климатски услови. Има широк спектар на дејство, лесно се поднесува од страна на кожата и слузокожата и не покажува токсична или алергична активност. Поседува висока хемиска стабилност, при разни услови на користење и има добри козметички и естетски одлики.

Совети за правилна и безбедна употреба на Цитрогала препаратите

Цитрогала препаратите се наменети само за надворешна употреба.
Секој препарат треба да се нанесе рамномерно и умерено на сите непокриени делови на телото. Апликацијата се повторува само ако е неопходна, во спротивно треба да се избегнува.
Треба да се внимава препаратот да не дојде во контакт со очите, носот и устата. Во тој случај е потребно веднаш да се исплакнат овие делови со млаз вода.
Препаратот не смее да се нанесува на оштетена и иритирана кожа.
Кога заштитата не е повеќе потребна, третираната кожа треба да се измие со сапун и вода.
Препаратите не се препорачуваат за деца до 1 година
Препаратите треба да се чуваат на места недостапни за деца.
Ако постои сомнеж за осетливост кон препаратот, тоа може да се испита со нанесување на мала количина од препаратот на кожата на раката, при што се чека реакцијата по 24 часа.
Во случај на појава на било каква реакција после употребата на препаратот, треба веднаш да се прекине неговата употреба, да се измие третираната кожа и да се консултира доктор.

инсект репелент гел
Содржи 3 % IR3535. Заштитата трае 2 - 4 часа
Пакување: 100 ml
инсект репелент спреј

Содржи 20 % IR3535. Заштитата трае 4 - 6 часа.
Пакување: 120 ml
инсект репелент стик
Содржи 10 % IR3535. Заштитата трае 4 - 6 часа.
Пакување: 40 ml

_________________
[ img ]


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: Во борба против комарците
ТемаИспратеноCOLONНед Maр 25, 2012 8:36 pm 
Отсутен
Дружељубив

РегистриранCOLONПон Ное 14, 2011 7:45 pm
МислењаCOLON3010
Колку пари одат овие чуда ? :D :D

_________________
Anything in life worth doing is worth overdoing. Moderation is for cowards.


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: Во борба против комарците
ТемаИспратеноCOLONНед Maр 25, 2012 8:51 pm 
Отсутен
Дружељубив
Членски аватор

РегистриранCOLONПон Maр 07, 2011 11:21 pm
МислењаCOLON1581
proban i autan i od ne go samo auuu auuu da vikas ke te izedat citogala kako so smola da si se mackal i trae dva saati najdobro i najtrajno e antikom od fitofarm od iskustvo so vardarski,dojranski od ohridski komarci navistina vredi preparatot i ne e skap 140den bese valjda ne e smeneta cenata od lani.

_________________
koj si znae ke si vadi
sto e tvoe ke si dojde
sjashi kurto da uzjase murto


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: Во борба против комарците
ТемаИспратеноCOLONНед Maр 25, 2012 9:26 pm 
Отсутен
Дружељубив

РегистриранCOLONВто Ное 30, 2010 3:15 am
МислењаCOLON1683
Mene na lice koga ke me napadnat se ziva napast , podosadno nesto od komarec nema. Mi ima nekoj kazano so suvi lisja da se zacadis malce i ne idat ne sum probal samo idejata ja kazuvam.


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: Во борба против комарците
ТемаИспратеноCOLONНед Maр 25, 2012 9:27 pm 
Отсутен
Дружељубив

РегистриранCOLONНед Maј 01, 2011 1:26 pm
МислењаCOLON3505
[ img ]

Работи со една батерија од 1,5В, го носам во малиот џеп и кога ќе го вклучам комарците фаќат магла


Кон врв
Покажи постара темаCOLON Сортирај по 
Испрати нова тема Одговори на тема  [ теми ]  Оди на страна 12345ELLIPSIS9»

Часовникот е според Македонско време или според зоната: UTC_OFFSET Etc/GMT-2


Кој е Присутен

Членови кои ја разгледуваат оваа тема: 6 and 0 гости


Вие Не може да поставите нова тема на овој форум
Вие Не може одговорите на теми на овој форум
Вие Не може да промените мислења на овој форум
Вие Не може да го бришите вашето мислење во овој форум

Оди доCOLON 

cron
POWERED_BY
Преведено на Македонски од : nescafe, Read Here Forum