www.ribar.com.mk
http://mail.ribar.com.mk/forum/

Кашики, лажици, кутлачи
http://mail.ribar.com.mk/forum/viewtopic.php?f=71&t=452
Страна 16

АвторCOLON  FisherKing [Саб Aпр 16, 2011 3:29 pm ]
Наслов на мислењетоCOLON  Кашики, лажици, кутлачи

Оваа тема ја отворив само за прашање до сите, а посебно до Лепи, зошто мислам дека Охриѓаните, после скопјаните се најдобри рибари :mrgreen: . Шала на страна овие кашики ми се наследство од дедо ми кој сега лови во едни други ловишта, ама на времето кога одеше во Охрид јас бев многу мал, фрлаше на овие кашики, не ги влечеше. Јас не сум ги пробал до сега. Па мајстор Лепи дали би можеле и денес да се користат зошто времињата се многу променети од тогаш. Еве ги
[ img ]

[ img ]

АвторCOLON  kompir99 [Саб Aпр 16, 2011 3:36 pm ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: Кашики, лажици, кутлачи

Da mu veruvas na dedo... :mrgreen: :mrgreen: (reklamata od kozuvcanka)..kasikite se odlicni samo frlaj i veruvaj vo niv... ;)

АвторCOLON  Lepi [Саб Aпр 16, 2011 9:27 pm ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: Кашики, лажици, кутлачи

... да, да му веруваш на Дедо :D Овие ти се за Охрид „Прва Лига“(посебно десните три), мојш далеку да ги фрлиш(многу важен момент), брзо пропаѓат, Кленот го зема и на паѓање пошто се превртува нон стоп, рефлектират добро светлина и не се плеткат :mrgreen: Посебно пешчанци ги користет многу за Градишкиот дел, ама сега со Цикадите веќе полесно и поатрактивно мојш да ловиш. Али имат една разлика шо ако ти удрит на „Лајчарот“ не е под 1500гр :lol: додека на цикадите и поголеми да се, удираат помали парчиња.
Во било кој случај, во чиста и длабока вода, Шпингерот(така ние Охрид си го викаме) е одличен мамец ;)

Мене ми е овај најпосакуваниот Шпингер

[ img ]

После ориѓани долго време немат ништо па после се велешани на ред, а после нив требит да се договорет Скопје и Струмица кој е следен ;) :) :D :mrgreen: :lol: :lol: :lol: :lol: :lol:

АвторCOLON  FisherKing [Нед Aпр 17, 2011 10:33 am ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: Кашики, лажици, кутлачи

Мајсторе Лепи фала ти на одговорот знаев дека се обратив на право место, а за мене бидејќи пола сум Мешеишчанец има ли надеж :oops:

еве уште нешто преисториско
[ img ]
левата и средната се ДАМ а десната е ESPO-S-SPINER, нит чул нит видел, и чудна работа осмицата проаѓа низ дупчето на самата кашика, нема алка

а ова е нешто ново јас што сум ги купил
[ img ]

Ајт поздрав

АвторCOLON  Lepi [Нед Aпр 17, 2011 11:15 am ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: Кашики, лажици, кутлачи

... немаш гајле, спремен си за на Охридско Езеро, имаш арсенал и на внуците да им велиш „да му веруваш на Дедо“ :lol:

АвторCOLON  kompir99 [Нед Aпр 17, 2011 11:26 am ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: Кашики, лажици, кутлачи

Da vnucko kasikata e kralica na vodite... :lol: :lol:

АвторCOLON  Баџо [Вто Oкт 18, 2011 9:17 pm ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: Кашики, лажици, кутлачи

Малце да ја заживееме темава, па затоа како прилог ја давам мојата лесна артилерија :lol: :lol: :lol: претежно наменета за лов на штука!

АвторCOLON  saso [Вто Oкт 18, 2011 10:15 pm ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: Кашики, лажици, кутлачи

Toa e toa za stuka. Nema sto da se dodade.

АвторCOLON  $DARE$ [Сре Oкт 19, 2011 12:23 am ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: Кашики, лажици, кутлачи

Богами дел од ова е и за сом на Вардар, поготово покрупните. Мештаните на нив почнаа да го таманат.

АвторCOLON  Филип [Сре Oкт 19, 2011 7:57 am ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: Кашики, лажици, кутлачи

Баџо, она горе десно во ќошот е супена лажица? :)

Страна 16 Часовникот е според Македонско време или според зоната: UTC_OFFSET Etc/GMT-2
Powered by phpBB® Forum Software © phpBB Limited
https://www.phpbb.com/