Со месеци го чекав моето одење во Софија. Имаме партнер училиште од Софија и носевме со нас 19 ученици и тоа малку ме исплаши, дали ќе се има време за риболовни продавници. Во консултација со Сашо (Голема благодарност за советите), ме посочи во Орозов. Но како ќе купувам, кога ова ми се првите воблери, какви да бидат, какви бои ќе бидат добри за нашата река, а и како ќе ги додржам децата мирни со залепени носиња пред дуќан
. И бирав, бирав, и на крај одбрав неколку, за кои не знам дали се добри како форми, но по советите на Сашо, некако се снајдов.
Ова се моите нови другарчиња.
И на крај, да се заблагодарам на чичко Васил, кој што се понуди да ме однесе до една продавница да си купам една машинка, но по моја кривица (се смешав околу времето кога да се јавам) не отидов, но многу ми значи кога некој ќе се понуди да ми помогне, а исто така и ми е криво што не го запознав, но должам пастрамајлија на чичко Васил и секако на Сашо.