Јапонски производител на воблери, трски, мамци и други тракатанци, се смета за high end спининг бренд насекаде. Според реакциите на многумина, врвна изработка, квалитет каков што јапонците знаат да го пружат, перфекција во секој поглед.
Верувам дека saso ги има, па ме интересира конкретно овој модел Ito Craft Bowie S.
Ме интересира дали може да се направи споредба со Duo Ryuki Spearhead 50S, предностите во однос на кастингот на едниот во однос на другиот, начинот на водење и сл. Ryuki-то за димензиите се фрла одлично со UL опрема (трска, машинка и соодветна тенка плетеница), работи одлично со twitching водење, но може да се води и со рамномерно, брзо повлекување, па ме интересира дали некој има искуство со овој модел на Ito Craft?
Исто така доста интересен ми изгледа и овој модел
Би требало одлично да се фрла, да има одлична вибрација, да работи одлично со twitching водење. Околу квалитетот на изработката, доста ги фалат трокуките по други форуми, за пример Duo Ryuki Spearhead 45-50 S/F имаат доста остри трокуки, но некако лесно се виткаат.