Еве уште нешто, вчера ме мрзеше да довршам
Генерални заклучоци за изборот и презентацијата на вештачките мамки
Запомнете дека трската не се користи само за зафрлање и контра. Со маневрирање на врвот можете да го водите воблерот
низ различни слоеви на вода и да му го промените правецот на движење. Можете да додадете многу различни
движења во акцијата и да ја зголемите неговата ефикасност.
Ако сакате воблерот да го презентирате блиску до површината
• Користете пливачки воблер
• Одберете плиткоронец
• Кренете го врвот на трската високо
• Собирајте го конецот побрзо
• Водете го воблерот со кратки, агресивни трзаи, кои нема да му дозволат да оди длабоко
Ако сакате воблерот да ја постигне максималната длабочина предвидена од производителот -
• Не претерувајте со дебелината на конецот – колку е подебел конецот, толку воблерот поплитко ке заронува
• Водете го воблерот со мали повлекувања на трската
• Спуштете го врвот на трската надулу што пониско
• Научете да ја координирате работата на трската и машинката. Левата и десната рака треба да работат независно една од друга.
• Секогаш пробајте да одберете најкратката трска што ке ја исполни задачата.
Колку е подолга трската која ја користите, толку побргу тоа ке ве замори и како резултат риболовот ке биде помалку ефективен.
• Ако користите тонечки воблер. Оставете го да тоне, но запомнете дека најмногу удари се случуваат за време на тонењето.
Задржете ја концентрацијата и пратете го тонењето со затворена машинка.
• Не ги менувајте воблерите многу често. Многу подобро е да ја усовршувате техниката и да експериментирате со еден,
и да не го губите времето во константно менување на различни воблери.
• Првите тестирања на новите воблери правете ги во плитка и чиста вода.
Вака полесно ке ги забележите основните карактеристики и реакциите на различните движења на трската.
• Ако не го познавате местото, ловете од чамец макар и со најефтиниот сонар.
Ако ловите од обала, пробајте да ја пратите длабочината на која воблерот се наоѓа во секој момент.
• Кога светлото се менува, експериментирајте со боите на воблерот. Добро е да се има одреден воблер барем во два различни декори,
еден природен и еден со јарки бои, на пример Fire Tiger.
БИСТРО!!!