www.ribar.com.mk

Вашите рибарски приказни...
Сега е точно : Чет Ное 07, 2024 9:29 am

Часовникот е според Македонско време или според зоната: UTC_OFFSET Etc/GMT-2




Испрати нова тема Одговори на тема  [ теми ]  Оди на страна «123
Автор Порака
 Наслов на мислењетоCOLON Re: SEBILE
ТемаИспратеноCOLONВто Aпр 24, 2012 9:19 am 
Отсутен
Модератор
Членски аватор

РегистриранCOLONПет Феб 18, 2011 11:50 pm
МислењаCOLON8361
ЛокацијаCOLONSkopje
продолжува

прашање: Кај Magic Swimmer Soft на прв поглед се доаѓа до идеата дека се работи за една расипана силиконска имитација на рибче, на кое му фали дури и опашот ?

[ img ]

Patrick Sebile: Опашот намерно го изоставив, затоа што сум на мислење дека силиконска имитација на риба со опавче не плива низ водата како вистинска риба. Јасно е дека опашката би дала дополнителна акција на силиконецот, но ќе се движи неприродно низ водата. Сакав да создадам силиконска риба која ке се движи сосема природно низ водата. И баш тоа го прави овој Magic Swimmer Soft. Заради прекршувањата на телото неговите движења се многу слични на движењата на мало рипче. И тоа е зошто овој мамец е толку успешен.

прашање:Постои ли некоја посебна монтажа на која треба да се монтира овој силиконец ?
Patrick Sebile: Не, во суштина овој силиконец може да се монтира на било која монтажа, меѓутоа одлично одговара на Carolina Rig или Texas Rig монтажата. Меѓутоа одлично лови и монтиран на обична оловна глава или Drop Shot монтажа. Инаку оваа серија има и Magic Swimmer со тврдо тело која што функционира на истиот принцип

[ img ]

прашање: Кранковите без пакта стануваат се повеќе популарни. Припаѓа ли Flatt Shad во оваа серија ?

[ img ]

Patrick Sebile : Точно така, Flatt Shad припаѓа на категоријата Lipless Crankbait исто така како и познатиот Rattle Trap. За жал најголемиот број од овие вештачки мамки мораат да се влечат со едно прилично брзо темпо за правилно да работат. Ако се водат преспоро, нема да работат, а ако се водат пребрзо - скокаат низ водата. Причина за работата на овие воблери без пакта е притисокот на водата која удира на главата на воблерот. Кај Flatt Shad-от стомакот е поширок од главата. Притисокот кој што на воблерот му дава акција не се ствара кај главата туку на страните од воблерот, со самото тоа може да работи и на поспоро влечење но и му дава на риболовецот шанса да го води многу поразлично од останатите воблери без пакта.

прашање: Може ли со Flatt Shad -от да се лови и на затравени терени без да ни се закачува на тревите ?

Patrick Sebile : Кога го конструирав овој воблер освен нормалните верзии ( пливачки, тонечки и екстра тонечки ) направив и еден Flattshad snagless
[ img ]

Тој има двокрака јадица која при движењето на воблерот е скриена во сенка на телото од самиот воблер. Со ова драстично се менува опасноста овој воблер да закачува

прашање: Како производител и конструктор но и како риболовец, сигурно имаш некој воблер кој што најмногу го употребуваш. Ќе сакаш ли да ни кажеш кој е тој ?
Patrick Sebile: Јас си ги сакам сите мој воблери, но ако морам да одберам само еден тогаш веројатно би го одбрал Stickshad.
[ img ]

Тоа е еден Stickbait без пакта кој може да се води низ водата многу активно. Ако добро се погледне ке се забележи дека на долниот дел има нешто како кобилица ( како што имаат чамците ), со него отпорот на водата се намалува и му дава подобра и поприродна акција на воблерот. Овој воблер е страшно флексибилен и самиот риболовец одлучува како ќе го води. Тоа е тоа што го сакам кај овој воблер, ги има сите можности на водење.

прашање: За крај, дали имате нешто да им кажете на риболовците кој сакаат да бидат се поуспешни со ловење на вештачки мамки ?

Patrick Sebile: Никогаш немојте да ловите со една единствена метода на риболов со вештачките мамци. Пробувајте различни воблери и техники на водење. Секое место треба да се провери темелно и со повеќе можни варијанти. Поготово кај риболовот со вештачки мамки, риболовецот има повеќе успех доколку се осмели да испроба нешто ново.

ТХЕ ЕНД

_________________
[ img ]


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: SEBILE
ТемаИспратеноCOLONВто Aпр 24, 2012 11:10 am 
Отсутен
Модератор
Членски аватор

РегистриранCOLONПет Феб 18, 2011 11:50 pm
МислењаCOLON8361
ЛокацијаCOLONSkopje
Уште неколку воблери од ,, откачениов,, Патрик Себил кој сами по себе се интересни а одат во прилог на неговото размислување за иновативен риболов.

[ img ]

[ img ]

[ img ]

[ img ]

Можеби веќе сте приметиле а можеби и не, но голем дел од воблерите на Себил се полнети со специјална течност ( некое прозирно масло ) кое често е ,, зачинето,, со светки за да се добие ефект на крлушки. Специјалитет меќу останатото е и серијата која има некоја црвена течност која има ефект како да е воблерот крвав.

[ img ]


Интересно нели ?

_________________
[ img ]


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: SEBILE
ТемаИспратеноCOLONВто Aпр 24, 2012 12:58 pm 
Отсутен
RIP
Членски аватор

РегистриранCOLONВто Ное 02, 2010 4:56 pm
МислењаCOLON2186
ЛокацијаCOLONСкопје
Многу се интересни и посебни, типов е стварно откачен.
За жал нема шанси да се копираат, пластики, течности, отжнувања во вид на течност
специфични јадици, и тн. :roll: забегал :lol:

Сепак може да се украде по некоја идеја :mrgreen:
на пример Magic Swimmer Soft е интересен.

_________________
[ img ]


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: SEBILE
ТемаИспратеноCOLONЧет Aвг 14, 2014 4:26 pm 
Отсутен
Модератор
Членски аватор

РегистриранCOLONПет Феб 18, 2011 11:50 pm
МислењаCOLON8361
ЛокацијаCOLONSkopje
Za na more, a mozebi i nekoja stukicka

[ img ]

[ img ]

_________________
[ img ]


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: SEBILE
ТемаИспратеноCOLONНед Maј 24, 2015 5:12 pm 
Отсутен
Админ
Членски аватор

РегистриранCOLONЧет Oкт 07, 2010 10:26 am
МислењаCOLON4637
ЛокацијаCOLONSkopje
Неколку нови Себила и кај мене и еден Yozuri
[ img ]

Осван куглите и водата внатре во овие воблери, поприлично интересно е што во дел од моделите внеле и црвени капки, налик на крв, кои цело време се маткаат во водата во внатрешноста на воблерот и тоа изгледа доста интересно
[ img ]
[ img ]
[ img ]


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: SEBILE
ТемаИспратеноCOLONВто Maј 26, 2015 8:23 pm 
Отсутен
Модератор
Членски аватор

РегистриранCOLONПет Феб 18, 2011 11:50 pm
МислењаCOLON8361
ЛокацијаCOLONSkopje
Boris te gledam se spremas jako da napagas.

Eden sovet.
Sebile ima edna kasika, ONDUSPOON, mislam deka e edinstvena kasika so vgradena tropka.
Samata kasika e dupla zaliena no vnatre supliva i tamo se naogaat edno desetina tropalki.
Ako ja imalo si trebal da ja zemes.

[ img ]

_________________
[ img ]


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: SEBILE
ТемаИспратеноCOLONВто Maј 26, 2015 9:28 pm 
Отсутен
Дружељубив
Членски аватор

РегистриранCOLONСаб Дек 18, 2010 9:47 am
МислењаCOLON4783
ЛокацијаCOLONskopje
nemashe vakvi kashikki jas gledav ubavo sve iskenirav ama ova neviddov :mrgreen:
ovoj prviott go faleva deka za som bil dobitten!

[ img ]

_________________
TAPATTA JA LECHI DUSHATTA
mrtva dae-od reka dae!


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: SEBILE
ТемаИспратеноCOLONСре Maј 27, 2015 11:14 am 
Отсутен
Админ
Членски аватор

РегистриранCOLONЧет Oкт 07, 2010 10:26 am
МислењаCOLON4637
ЛокацијаCOLONSkopje
saso НапишиCOLON
Boris te gledam se spremas jako da napagas.

Eden sovet.
Sebile ima edna kasika, ONDUSPOON, mislam deka e edinstvena kasika so vgradena tropka.
Samata kasika e dupla zaliena no vnatre supliva i tamo se naogaat edno desetina tropalki.
Ako ja imalo si trebal da ja zemes.

[ img ]
И јас не ја видов , а поприлично е интересна, само незнам зошто обратно ја поставиле :?


Кон врв
Покажи постара темаCOLON Сортирај по 
Испрати нова тема Одговори на тема  [ теми ]  Оди на страна «123

Часовникот е според Македонско време или според зоната: UTC_OFFSET Etc/GMT-2


Кој е Присутен

Членови кои ја разгледуваат оваа тема: 7 and 0 гости


Вие Не може да поставите нова тема на овој форум
Вие Не може одговорите на теми на овој форум
Вие Не може да промените мислења на овој форум
Вие Не може да го бришите вашето мислење во овој форум

Оди доCOLON 

cron
POWERED_BY
Преведено на Македонски од : nescafe, Read Here Forum