Новите модели на Quantum
За првпат ги приметив во една продавница во Германија но немав време да обратам повеќе внимание ( требаше да се купи Салтига-та ).
Quantum Smoke PTi
Quantum Exo
Повторно се сретнав со нив на саемот во Ниш, на еден штанд, качени високо, скоро неприметни. Ама ги видов, и убаво ги разгледав.
Кога ќе ги земеш во рака мислиш дека се нестварно лесни. Делумно тоа е така бидејки секаде каде што можело се направени дупки и шуплини со што прилично се намалува тежината, но и вградувањето на нови и лесни материјали има свој допринос во намалувањето на тежината на овие машинки.
Се одело по принципот, метал само онамо каде што е потребна јачина и стабилитет. Па така целото тело е од алуминиум. Велат 38% појако од магнесиумот и 6 пати појако од карбон-композитните куќишта
Роторот од некојси Ц4ЛФ комбинација од карбон и фибер влакна
10 висококвалитетни лагери кај Smoke и 11 kaj Exo, интересна ручка која ме изненади со нејзината прецизност, со склопувањето и со ЕВА грипот на дршката, прилично голема шпулна која кај 3000 собира дури 150 м. од конец 0,30 мм., добра кочница со шајбни од карбон и никел-титаниумски преклопник кој колку и да го виткаш се враќа во првобитната положба.
Тежината на Smoke е 213 гр. кај 2500 и 221 гр. кај 3000. додека Exo тежи нестварни 195 гр. кај 2500 и 209 гр. кај 3000.
Јас лично отсекогаш сум сакал несекојдневен изглед на машинките и овие ми се допаѓаат. Изгледаат некако футристички.
Бидејки се нови на пазарот потребно е времето да покаже колку стварно се квалитетни. Првите информации што пристигнуваат се дека ги задоволуваат вкусовите и потребите на ,, light spinning ,, риболовците.
За нас е интересна бидејки, по се што е кажано, е квалитетна машинка, според големините одговара на нашиот рибен фонд.
Според податоците за моќноста на кочницата - 6,8 кг. , дури би рекол дека може да се користи и за риболов на штука по реките и езерата на нашето соседство.
Изјавата на еден од најдобрите европски часописи во врска со овие машинки е дека, Quantum има направено машинки за самиот врв light spinn машинките. Во поглед на тешината и робусноста се понапред од останатите. Ги споредуваат со познатите модели на Shimano и Daiwa - Twin Power i Infinity Q меѓутоа со една забелешка дека сепак отпорот кој се создава при вртењето на овие машинки не е толку лесен ,, smooth ,, како што е случај кај споменатите Shimano / Daiwa машинки.
Сега и малку за цената. Кога за првпат излегоа на пазарот цената им беше од 200 евра за Smoke до 250/ 260 евра за Exo-to. Веќе сега се наоѓаат за 160 до 210 евра на европскиот а исто толку во долари на американскиот пазар. Меѓутоа знаејки ја продашната стратегија на Zebco / Quantum корпорацијата, сметам дека при крај на годинава ќе можат да се најдат и по прилично пониски цени од гореспоменативе.