www.ribar.com.mk http://mail.ribar.com.mk/forum/ |
|
Болест кај рибите (рани) http://mail.ribar.com.mk/forum/viewtopic.php?f=63&t=6671 |
Страна 1 oд 2 |
АвторCOLON | sasokone [Чет Јан 26, 2017 1:09 pm ] |
Наслов на мислењетоCOLON | Болест кај рибите (рани) |
Ако знае некој нека каже што ги предизвикува овие рани кај рибите. Дали имате приметено вакви рани кај рибите. Некои рибари викаат дека настанувале при мрестот кога се триеле рибите една со друга, мада мене ми делува на болест и истите риби ги вракам назад. Досега вакви рани имам приметено на Крапот и Карашот. |
АвторCOLON | limun75 [Чет Јан 26, 2017 3:03 pm ] |
Наслов на мислењетоCOLON | Re: Болест кај рибите (рани) |
Како пукана со ваздушна пушка....ова ми озгледа како рана од надворешен фактор,не е болест |
АвторCOLON | sasokone [Чет Јан 26, 2017 3:37 pm ] |
Наслов на мислењетоCOLON | Re: Болест кај рибите (рани) |
На неколку наврати имам уловено вакви риби со рани, некој имаа и по неколку рани на телото од двете страни. Рибите беа над педа, покрупни Караши и поретко на Крапчиња, мада и на нив сум видел вакви рани. Прекинав да одам Бадар баш због ваквите болни риби, повеке не ни вадам дозвола за Бадар. Летово уловив вакви риби и околу влив Пчиња Вардар, затоа и ја отворив темата дали е болест и нешто друго. |
АвторCOLON | Филип [Чет Јан 26, 2017 3:55 pm ] |
Наслов на мислењетоCOLON | Re: Болест кај рибите (рани) |
Лимун стручњакот Ова е најверојатно еритродерматит, кој се јавува најчесто кај краповите и карашите, а ја има и кај други бели риби. Ова се постари рани, што е раната постара, подлабока е, бактериите навлегуваат подлабоко и се формираат такви дупки т.е. чирови |
АвторCOLON | sasokone [Чет Јан 26, 2017 4:34 pm ] |
Наслов на мислењетоCOLON | Re: Болест кај рибите (рани) |
Интересна работа што рибарите овие риби ги земаа за јадење, дури ме направија луд што ги вракам назад. Еден постар чиче кога виде дека ги вракам назад културно ме замоли да му ги дадам ваквите риби за пржење. Пошто кај мене легна на крмата крупна риба а они вадеја ситнурија одма ги земаа Карасите за Пржење од кај мене, дури имаа дете пратено кај мене ако сакам некоја риба да ја вратам во вода тоа веднаш да ја земе. Валда ништо не им се случува од ваквата риба, кој да знае ама јас не сум стапнал повеке на Бадар. |
АвторCOLON | limun75 [Чет Јан 26, 2017 5:50 pm ] | |
Наслов на мислењетоCOLON | Re: Болест кај рибите (рани) | |
Лимун стручњакот
Абе гинеколог,имам една патка да ти ја донесам да ја провериш дали е пекингшка?
Ова е најверојатно еритродерматит, кој се јавува најчесто кај краповите и карашите, а ја има и кај други бели риби. Ова се постари рани, што е раната постара, подлабока е, бактериите навлегуваат подлабоко и се формираат такви дупки т.е. чирови |
АвторCOLON | ТафТабиТ [Чет Јан 26, 2017 5:52 pm ] |
Наслов на мислењетоCOLON | Re: Болест кај рибите (рани) |
некои вакви рани немора да значат болест ... има и доста рани кои се од физички оштетувања , од камен или некој тврд предмет под вода . преклани на мавровица крапот имаше доста оштетувања по телото од триење по камења после сам мрест . |
АвторCOLON | Oliver^ [Чет Јан 26, 2017 6:20 pm ] |
Наслов на мислењетоCOLON | Re: Болест кај рибите (рани) |
А знае ли некој за бела обвивка на рибата ? Немам сликано за да видите односно изгледа како бели зрнца на кожата на рибата? |
АвторCOLON | sasokone [Чет Јан 26, 2017 7:34 pm ] |
Наслов на мислењетоCOLON | Re: Болест кај рибите (рани) |
Да не се поткожни црви, белите зрнца на луштите. Порано кога Вардар беше ептен загаден ги имаше во рибата. Таа риба не беше за јадење, мада некои и нив ги јадеја. |
АвторCOLON | sasokone [Чет Јан 26, 2017 7:36 pm ] |
Наслов на мислењетоCOLON | Re: Болест кај рибите (рани) |
Ако мислиш на брадавици што се појавуваат по телото на рибите тоа кај некои риби се јавува за време на мрест. |
Страна 1 oд 2 | Часовникот е според Македонско време или според зоната: UTC_OFFSET Etc/GMT-2 |
Powered by phpBB® Forum Software © phpBB Limited https://www.phpbb.com/ |