www.ribar.com.mk

Вашите рибарски приказни...
Сега е точно : Нед Сеп 22, 2024 1:33 pm

Часовникот е според Македонско време или според зоната: UTC_OFFSET Etc/GMT-2




Испрати нова тема Оваа тема е заклучена не може повеќе да давате мислења или да ја менувате  [ теми ] 
Автор Порака
ТемаИспратеноCOLONВто Ное 12, 2013 1:27 pm 
Отсутен
Модератори
Членски аватор

РегистриранCOLONСре Aпр 11, 2012 2:40 pm
МислењаCOLON34
Почитувани колеги ФОРУМЏИИ,


Со цел јасно дефинирање на профилот и целите на овој Форум, како и прецизно регулирање на дел од прашањата кои досега не беа докрај регулирани, после неколку неделна работа на раководството на овој Форум, донесени се измени и дополнувања на Правилата на Форумот. Целосно новите правила можете да ги најдете тука
viewtopic.php?f=27&t=3348

Најголемите промени се во правилото кое ги регулира репортажите (Правило бр.6). Ве замолуваме да обрнете внимание на следниве забрани:

- Се забранува објавување на слики или видеа со риби фатени во нивни мрест кои не биле вратени назад во вода ; - Објаснување – Заложба на овој форум е рибите кои се мрестат да се остават на мира да си ја извршат таа природна работа. Колку е поуспешен мрестот на рибите, толку поголема ќе биде популацијата на риби во македонските води што е наша крајна цел. Различни риби се мрестат во различни периоди, има и случаи каде ист вид на риба се мрести во различни периоди во зависност од условите во водата во која живее рибата. Сепак, како ориентири Модераторите на овој форум ќе ги имаат следниве периоди.

Пастрмка – Ноември – Февруари. Плодноста е од 1000 до 2000 икри по килограм женска риба.

Штука – Јануари - Март

Крап – Мај – Јули. Плодноста на женката е голема од 100.000 до 200.000 икри по килограм маса, што значи дека една женка крап со над 5 килограми може да има и повеќе од милион икри/потенцијални рипчиња

Сом – Мај – Јули. Плодноста на женката може да достигне и до 500.000 икри

Клен (утман)– Мај – Јули. Плодноста на женката е голема од 100.000 до 200.000 икри

Мрена - Мај – Јули. Плодноста на женката изнесува од 3.000 до 10.000 икри

Кркушка (Црна мрена) - Мај – Јули.

Бојник (скобал) Мај – Јули. Плодноста на женката изнесува до 100.000 икри

Попадика – Мај – Јули. Плодноста на женката е над 100.000 икри

Плашка – Мај – Јули. Плодноста на женката се движи од 3.000 до 15.000 икри.

Црвеноперка – Април – Јуни. Плодноста на женката се движи до 15.000 икри.

Костреж – Март – Април. Плодноста на женката достигнува до 200.000 икри

Смуѓ - Мај – Јули. Плодноста на женката е голема и достигнува и до 1.000.000 икри. Оваа риба се смета за ретка во Македонија.

Лињак – Мај – Јули. Плодноста на женката е голема и достигнува до 500.000 икри. И оваа риба се смета за ретка во Македонија.

Караш – Се мрести и повеќе од еднаш во годината, се смета за инвазивна риба и за неа не предвидуваме забрана за слики со лов во мрест


- Се забрануваат репортажи од води кои не се доделени на концесија, а со тоа формално и законски се забранети за риболов. – Објаснување – Овој Форум се залага за почитување на законите кои го регулираат риболовот во нашата земја. Воедно, не сакаме да бидеме доведени во ситуација да надлежни органи бараат податоци од Форумот за одредени личности и слики од риболов на води без концесија, со цел поведување на прекршочни постапки кон нив.

- Се забранува објавување на слики или видеа со риби кои не се вратени во водата, а кои се ОЧИГЛЕДНО маломерни, пример мали кленчиња, крапчиња, мренчиња, пастрмчиња, сомчиња и др.видови на риби кои растат поголеми. Воедно се забранува објавување на слики или видеа со ОЧИГЛЕДНО прекумерни количини на риби кои не се вратени во водата, а кои количински се забранети да се земат од конкретната вода. ; – Објаснување – Наша заложба е да не се земаат мали риби кои немаат достигнато ни плодност и не се размножиле во водите. Секако дека Модераторите нема да мерат со метро, но она што е ОЧИГЛЕДНО нема да се толерира. Воедно, нема да се толерираат слики или видеа со купишта риби кои се земени од водите при одреден риболов. И тука ќе има толеранција, но она што е ОЧИГЛЕДНО нема да се толерира.

- Секој член при поставувањето на репортажи има свое лично и неприкосновено право да каже, или да не каже, каде фаќал, кога фаќал и на што фаќал. Овие информации се пожелни, но не и морални. Во темата репортажи, забранети се критики од други форумџии по овој основ.

- Секој член при поставувањето на репортажи и искуства има свое лично и неприкосновено право да каже или да не каже, да прикаже, или да не прикаже дали применил фати-пушти и тоа добро се подразбира од самата репортажа. Во темата репортажи, се забрануваат критики насочени кон член/ови кои не практикуваат фати-пушти или кон членови кои практикуваат фати-пушти. За овој кодекс на однесување “ФАТИ – ПУШТИ“ си има посебни теми на Форумот на кои може да се развива дискусија, но не и во темата репортажи. – Објаснување – Оваа област беше камен на сопнување во повеќе репортажи во изминатиот период и повод за разни нервози и жестоки дебати. Сега областа се дефинира јасно и прецизно, што смее, а што не смее да се пишува.



Укажуваме и на следниве неколку правила, кои се делумно допрецизирани, а кои во минатото неретко се прекршуваа.

8. Модераторите треба посебно да се почитуваат затоа што тие се од голема важност за редот и правниот поредок на форумот, губат доста време за одржување на тој ред и за истото треба да им бидеме сите благодарни. Овие луѓе не се вработени, ниту пак земаат било каков паричен надоместок за својата работа, тоа го работат доброволно и од љубов кон форумот. Модераторите имаа право да преместуваат теми и постови, да бришат несоодветни коментари, да се грижат да има одреден ред и дисциплина на форумот, да се грижат да се почитуваат овие правила, да се грижат да има добра атмосфера помеѓу членовите, да замолуваат, укажуваат, предупредуваат и казнуваат. МОДЕРИРАЊЕТО и работата на модераторите не е тема за дискусија и ЗАБРАНЕТО е отварање на теми за нивната работа. Ако имате некаква забелешка или жалба на одредено модерирање, истата може да ја доставите преку ПП Приватна порака до администраторот, GRUPA NA MODERATORI или според насоките во правилото број 11 од овој правилник.



10. Секој е должен да внимава каде отвара теми и какви коментари остава. Форумот има доста теми кои треба да се најдат со пребарување во Форумот и соодветната дискусија треба да биде ставена во соодветната тема, без дуплирање на темите. Погрешно отворени теми и несоодветни коментари им отвораат дополнителна работа на модераторите/уредниците/администраторот. Доколку забележите дека некој коментар, или тема Ви е избришана, тогаш сметајте дека со она што сте го напишале сте надвор од темата, или надвор од правилата на Форумот и сте му отвориле дополнителна работа на модераторот/администраторот. Обидете се таквите случаи да не се повторат, во спротивно ќе бидете предупредени, или санкционирани.

11. Доколку имате забелешка, препорака или жалба, ве молиме да испратете лична порака до модераторите/администраторот или е-маил (ribarkontakt@yahoo.com или contact@ribar.com.mk) и не отвораjте посебни теми за секоја забелешка, бидејќи истите ќе ви бидат избришани. Секое вакво обраќање по лична порака или е-маил ќе биде должно разгледано од модераторската група и со сета почит ќе му биде одговорено на оној кој се обраќа, а ако жалбата, идеата или иницијативата биде прифатена, за тоа ќе биде информиран целиот форум.

12. Доколку некој коментар или постапка на некој член од форумот те изнервира, не избрзувај со твојата реакција. Смири се, размисли, па реагирај. Доколку некој јавно те навредил, пријави го таквиот коментар кај некој од модераторите, не избрзувај да му вратиш, затоа што во таква ситуација и ти ќе бидеш санкциониран. Забранети се караници и расправии. Секој член на форумот е должен да не запаѓа во вакви дискусии и да придонесе истите да запрат веднаш. Овој Форум има за цел, дружење, размена на искуства и ширење пријателства. Доколку имаш на некого нешто да му кажеш, пиши му на приватна порака, слушни се на телефон, или види се во живо со него. Разберете се како луѓе. Не мора вашите меѓусебни односи, или караници да ги читаат и другите членови на форумот. Ширете позитивна, а не негативна енергија.

Добар тек колеги ФОРУМЏИИ

За секое прашање или сугестија Ви стоиме на располагање преку ПП, или мејловите што се погоре напишани.


Кон врв
 
Покажи постара темаCOLON Сортирај по 
Испрати нова тема Оваа тема е заклучена не може повеќе да давате мислења или да ја менувате  [ теми ] 

Часовникот е според Македонско време или според зоната: UTC_OFFSET Etc/GMT-2


Кој е Присутен

Членови кои ја разгледуваат оваа тема: 8 and 0 гости


Вие Не може да поставите нова тема на овој форум
Вие Не може одговорите на теми на овој форум
Вие Не може да промените мислења на овој форум
Вие Не може да го бришите вашето мислење во овој форум

Оди доCOLON 

cron
POWERED_BY
Преведено на Македонски од : nescafe, Read Here Forum