www.ribar.com.mk
http://mail.ribar.com.mk/forum/

5 години - www.ribar.com.mk
http://mail.ribar.com.mk/forum/viewtopic.php?f=63&t=3892
Страна 15

АвторCOLON  Boris [Чет Aвг 22, 2013 8:57 pm ]
Наслов на мислењетоCOLON  5 години - www.ribar.com.mk

Почитувани колеги,

Овој месец Август, сајтот http://www.ribar.com.mk слави - 5 години од своето постоење.

Сајтот го покренав и започнав да го градам во 2008 година за и Македонија да има свое интернет риболовно катче за дружење и комуницирање.
[ img ]
Полека, но сигурно сајтот беше откриен од голем број страствени риболовци и дружбата започна. Во тие почетни денови на функционирање на сајтот во 2008-та година, еве што споделив со колегите риболовци.
-----------------------------------


Почитувани рибари, рибаришта и млади рибарчиња,

RIBAR.COM.MK е сајт за промоција на риболовот како голема пасија и вековно хоби на човекот.

Рибарењето е многугодишна традиција во Република Македонија. Овој сајт има тенденција да излезе во пресрет на се поголемото семејство на спортски риболовци и љубители на реките и езерата ширум Македонија.

Замислен е како портал кој ќе им биде од голема полза на оние кои уживаат во убавините на риболовот и престојот во природа. Тука ќе објавуваме корисни совети за рибарите, разни текстови, фотографии, видео-клипови и репортажи од спортските доживувања низ Македонија. Каде јаде рибата, или каде не јаде. Кој и што фатил, или пак зашто не фатил. Каде е добро да се лови и на што да се лови. Каде рибата е активна, а каде е пасивна. Едноставно, овој сајт е единствен во Македонија кој третира исклучиво риболов, рибарски совети, приказни, моабети и доживувања. Сајтот ќе биде едно големо интернет собиралиште на спортските риболовци од земјава и тука ќе се види кој колку знае, кој е мајсторот и кој е поголемо рибариште.

Воедно, сајтот ќе биде и место каде што на брз начин ќе може да протечат информации на која река или езеро се случува нешто неспортски. Тука ќе се здружиме и ќе интервенираме до надлежните органи да се спречат појавите на криволовство, рибокрадство, употреба на мрежи, динамит и сето останато, што го загрозува риболовниот фонд во Македонија и крајно ги иритира спортските риболовци во државата.

Почитувани колеги рибари,

Ви посакуваме полни мрежи и нека е бистро на сите !

Со почит,

http://www.ribar.com.mk

------------------------------------------

Денес можам да бидам среќен што голем дел од овие првични замисли веќе се остварени.

Во овие 5 години, сајтот направи многу, пренесе бројни информации за риболовците, пренесе многу доживувања и репортажи покрај водите, направи голема колекција на слики и видеа, промовираше многу акции, здруженија и риболовни продавници, пружи совети и образуваше многу риболовци, потегна многу иницијативи, ја промовираше борбата против РИБОКРАДЦИТЕ, го формиравме и најголемиот Форум во Македонија, се склопија многу пријателства и дружби помеѓу риболовците....

За сите овие години, многумина риболовци се вградија во душата и постоењето на http://www.ribar.com.mk и нашиот Форум. Заеднички направивме многу ! Секој си знае кога, како и колку.

Нека трае уште многу години !

Кога ќе не нема сите нас, овој рибарски алманах нека сведочи за времињата кои поминале, нека читаат нашите внуци, нашите правнуци, нашите чукун внуци....

За многу години !

АвторCOLON  saso [Чет Aвг 22, 2013 9:09 pm ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: 5 години - www.ribar.com.mk

Neka ni e ziv I zdrav uste mnogu godini.
Crven, dobra ti bila ideata I mislam deka celta na ovoj sajt a podocna I forum se ostvaruva.

АвторCOLON  SALE CARP [Чет Aвг 22, 2013 9:19 pm ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: 5 години - www.ribar.com.mk

Црвен :D ,мислам дека многу повеќе се направи од таа првична идеја

Нека ни е за многу години :lepi:

АвторCOLON  Bobi [Чет Aвг 22, 2013 9:26 pm ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: 5 години - www.ribar.com.mk

Neka e cestito i neka go ima ushte mnogu godini!

АвторCOLON  daniel_veles [Чет Aвг 22, 2013 9:39 pm ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: 5 години - www.ribar.com.mk

Cestitki....neka e za mnogu godini :~~ :~~ :~~

АвторCOLON  ТафТабиТ [Чет Aвг 22, 2013 9:41 pm ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: 5 години - www.ribar.com.mk

:NotWorthy: :NotWorthy: :NotWorthy: :NotWorthy: :NotWorthy:

АвторCOLON  JaneMK [Чет Aвг 22, 2013 9:43 pm ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: 5 години - www.ribar.com.mk

Cestitki za edinstveniot i najdobar ribar.com
Za mnogu godini....

P.S.jas ja nosam tortata samo kazete kade slavime :D

АвторCOLON  Krki [Чет Aвг 22, 2013 10:00 pm ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: 5 години - www.ribar.com.mk

Neka trae i neka ni e cestito... :eatdrink: :eatdrink: :eatdrink: :eatdrink:
:bravo: :bravo: :bravo: :bravo: :bravo:

АвторCOLON  vasil [Чет Aвг 22, 2013 10:15 pm ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: 5 години - www.ribar.com.mk

Честитки за постигнатото досега и уште поголеми успеси во понатамошното работење !

АвторCOLON  Drim [Чет Aвг 22, 2013 10:16 pm ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: 5 години - www.ribar.com.mk

Blagodarenie na ovoj forum mnogu nesta se izmenaa vo vo ribolovot, borba protiv ribokradci, borba protiv konecioneri, borba pritiv ribolovci, zblizuvanje so ribolovcite, sekojdenvni slucuvanja na rekite i ezerata vo cela drzava, zblizuvanja megju ribolovnite zdruzenija, aktivnosti, zastita na prirodata i uste mnogu drugi raboti, sto godinive unazat navuistina izostanuvaa.. Sekoja cest momci ednostavno NAJDOBRI STE :bravo: dajboze uste mnogu da se slavi :eatdrink: samo za dobro :)

Страна 15 Часовникот е според Македонско време или според зоната: UTC_OFFSET Etc/GMT-2
Powered by phpBB® Forum Software © phpBB Limited
https://www.phpbb.com/