Се за риба се за риба ајде нешто поинкаво
Деновиве бидејќи не одам на работа, ме фати некој вирус и ме држи еве 8-9 дена. ( носот тече како Вруток, очите солзат повеќе од оние во песната на Маја Оџаклиевска “ Многу солзи исплакав“. Луѓе давајте совет, Пијам лекови ама слабо фајде, сите текстилни марамчиња ги “урнисав“, хартиениве ми го одраа носот а и ги трошам по 10 за 5-10 мин, спас најдов во еден помек чаршав за кревет (дома одам како полу шеик од Катар... со бел чаршаф преку едно рамо... голем е ама затоа има солидна запремина) но да не гњавам со мој проблем.
Е што ми беше муабетот:
Имајки вака време на претек, ги прочитав скоро сите репортажи од риболов од колегите постирани на сајтов, особено оние со слики или видеа или само репортажи.
До кој заклучок дојдов:
1. Во најголем процент сликите се од уловените риби.
2. Втори слики по застапеност се од “ѓезмето“, а во нив во најголем процент доминира Нејзиното Височество КОБАСИЦАТА ( литературно Колбас). Се конзумира пржена во тавче, печена на скара, “надената“ на стапче и печена, дури една имаше и “кашика“ на себе, а во еден пост Нејзиното Височество беше оставена на “чување“ кај куче.
3. Мојата дилема е, а воедно сакам и да чујам повеќе мислења: КОИ КОБАСИЦИ СЕ НАЈДОБРИ (домашни, домашни со праз, крањски, кумановски ( не од Бељаковце), домашни чадени, домашни од парчиња месо, тенки, дебели и.т.н и.т.н)
4. На крај сметам дека ако некоја има доволен број на гласови ( полуквалификувано мнозинство
) да ја прогласиме за “ЗВАНИЧНА РИБАРСКА КОБАСИЦА“
без која нема одење по риба.
За највкусна риба (иако има мал број слики) се изјаснуваме, еве и втора можност.
Бујрум изјаснете се