Да не се жалиме премногу. И денес има риба во изобилие (ај да речеме).
Да не помисли некој дека сум против ФАТИ ПУШТИ. Не но мислам дека најголем проблем е
НЕПОЧИТУВАЊЕТО на РИБАТА и ПРИРОДАТА. Рата треба само да се остави добро да се
измрести и да ја пошитуваш ловната големина. Немора сите уловени риби да ги пуштиш да
пливаат во зејтин. Земи колку ти треба и не ја чувај цела година во фрижидер. (најчесто таа
риба кога ке го чистиш фрижидерот ке ја фрлиш - го изгубила она своето природното и убавината)
Однеси дома колку за две-три пржења. Сигурно и следниот пат ке имаш можност повторна
да фатиш за носење
Можеби на некого ке му бидеш смешен ако вратиш риба назад во вода. Но ПОСМЕШЕН и
ПОБУДАЛА ке испаднеш ако ја исшистиш локацијата на која ловиш. Ако го уредиш местото за
кампувањ. Ако направиш нешто и оставиш зад себе да и други може да го користат.
Порано немаше фати пушти, но немаше ни ПЛАСТИЧНИ КЕСИ и ШИШИЊА. И воопшто природата
беше почиста. Затоа мислам дека имаше повеќе РИБА.
Можеби бегам од темава но вистината е БОЛНА.
АЛЧНОСТ и НЕКУЛТУРА