www.ribar.com.mk
http://mail.ribar.com.mk/forum/

Мојот прв спремен крап
http://mail.ribar.com.mk/forum/viewtopic.php?f=56&t=2450
Страна 12

АвторCOLON  Филип [Пон Aвг 13, 2012 2:12 pm ]
Наслов на мислењетоCOLON  Мојот прв спремен крап

Скоро имав прилика да спремам крап за ручек, па си го отворив форумов, ги прочитав рецептите од колегите рибари, направив најпроста комбинација од “крап на преспански начин“ со некои додатоци од другите рецепти (благодарност до Кирца) и на крај резултатот беше многу вкусен крап :D

Потребни продукти, покрај крапот :mrgreen:

Сол и бибер

[ img ]

Малку вегета

[ img ]

Маслиново масло

[ img ]

1/2 литар бело вино

[ img ]

Сецкан морков

[ img ]

Сланина

[ img ]

Сецкан кромид

[ img ]

Сенф

[ img ]

Свежо набран магдонос

[ img ]

Крапот го ставаме во тава за печење, премачкана со маслиново масло, а самиот крап претходно го премачкуваме со мас. масло и сенф и го оставаме да отстои неколку часа.

[ img ]

Во меѓувреме, на тивок оган во маслиново масло ги пропржуваме кромидот, морковот и на крај ја додаваме ситно сецканата сланина, со додавање на сол, црн пипер и вегета.

[ img ]

Откако крапот ќе отстои, го полниме во внатрешноста со миксот од кромид, морков и сланина, преостанатиот дел од ставаме наоколу, и го шпикуваме крапот во засеците на телото со парчиња сланина. Околу насипуваме 150-200 мл бело вино.

[ img ]

[ img ]

[ img ]

Го дополнуваме со гранчиња свеж магдонос, а остатокот го редиме наоколу.

[ img ]

Го печеме во претходно загреана рерна на 200 степени, малку подолго од вообичаеното, односно околу 2,5 часа (крапот беше околу 5 кг)

[ img ]

Во текот на печењето неколку пати го прелеваме со сосот и додаваме по малку вино. Со крапот ви препорачувам бело или розе вино ;)

Касно се сетив да го сликам, веќе ставив неколку парчиња во чинија :D

[ img ]

Добар апетит :)

АвторCOLON  robert [Пон Aвг 13, 2012 2:31 pm ]
Наслов на мислењетоCOLON 

Prekrasno

АвторCOLON  Krki [Пон Aвг 13, 2012 2:33 pm ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: Мојот прв спремен крап

Filip top druze samo imam edno prasanje zasto slanina....

АвторCOLON  makedonium [Пон Aвг 13, 2012 2:37 pm ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: Мојот прв спремен крап

одлично спремен крап
нема сомнеж дека не бил вкусен
само ладно бубарче му е пратечи вокал на ваков печен крап :D

АвторCOLON  Филип [Пон Aвг 13, 2012 2:57 pm ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: Мојот прв спремен крап

krste1978 НапишиCOLON
Filip top druze samo imam edno prasanje zasto slanina....
Појма неам Крсте, читав рецепти :mrgreen:

АвторCOLON  dzver [Пон Aвг 13, 2012 3:35 pm ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: Мојот прв спремен крап

ti fali lukce i limon vo tepsijata najglavnite dodatoci spored mene za aroma i vkus

АвторCOLON  akiribar [Пон Aвг 13, 2012 3:43 pm ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: Мојот прв спремен крап

nazdravje krapcheto ;)
...pa sega sekoe naredno spremanje sve povkusno kje bide

АвторCOLON  kompir99 [Пон Aвг 13, 2012 4:29 pm ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: Мојот прв спремен крап

Steta za krapot si trebal....C&R..... :lol:

АвторCOLON  FisherKing [Пон Aвг 13, 2012 5:10 pm ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: Мојот прв спремен крап

Компир одма еден бан опни на две недели да му слегне крапот

АвторCOLON  okiribar [Пон Aвг 13, 2012 5:17 pm ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: Мојот прв спремен крап

ОФ- ОФ- ОФ-
ФИЛИП - Мераклиски-- ПРИПРЕМЕНО--
просто да му е жал на човек да чепне од рибата.

ПС.Сланината ПОСНА ли беше-- :D и пред некој ден со ДАРЕ -- КЛЕНОВИ--фативте на козјак ане КРАПОВИ: :lol: :lol:

Страна 12 Часовникот е според Македонско време или според зоната: UTC_OFFSET Etc/GMT-2
Powered by phpBB® Forum Software © phpBB Limited
https://www.phpbb.com/