Отсутен |
Модератор |
|
РегистриранCOLONНед Јан 08, 2012 10:04 pm МислењаCOLON6059 ЛокацијаCOLONСкопје - Кисела Вода
|
Гледам дека се појави интерес за молњите :saso: и фотографии од истите
еве еден позајмен текст од колега фотограф со совет за фотографирање на молњи од кого верувајте и јас доста научив
Првата реакција на луѓето кои ќе видат фотографија од молњи без разлика дали е тоа во некој весник или во нечие портфолио, е прашањето: Како успеваат/успеа да чкрапнеш толку брзо?
Ова прашање е донекад логично, ако земеме предвид дека молњите траат само илјадити делови од секундата, нивното „фаќање“ претставува вистински предизвик.
Од друга страна пак, ретко која фотографија има толкав енергетски набој како фотографија на убава серија на молњи, а кој фотограф кој држи до себе не сака да стави успешна фотографија на молња во своето портфолио?
Снимањето на овој природен феномен не е толку комплицирано како што изгледа на прв поглед, но мора да се задоволат одредени услови за да се постигне резултатот.
Покрај неопходноста на некоја луња или бура, (ни треба материјал за снимање), да не заборавите на безбедноста. Не секогаш ќе се погоди да снимате молњи од топлината на домот или безбедноста на балконот или терасата. Затоа запомнете ги сите правила за заштита од удар на гром: доколку сте на отворено, носете обувки со гумени ѓонови, избегнувајте близина на осамени дрва, бандери или далноводи, згодните ридчиња се посебно привлечни за електрични празнења.
Доколку решите да работите со статив, не заборавајте дека оние металните се многу привлечни за громовите!
За успешно снимање на молњи, потребно ни е место кое дава широк поглед, колку поширок, толку подобро. Висока тераса или балкон, поглед над некое езеро (каков што е погледот од Плаошник кон Енѕерото), или убав и широк хоризонт кон некое море. Погледот низ фотоапаратот треба да вклучи и други елементи на сликата освен поглед кон небо, како на пример линија на планини, згради, или дрвја. Со ваквата „подлога“ му даваме визуелен контекст на ова пиротехничко шоу.
Наједноставно е снимањето на молњи ноќе или на многу слаба светлина. Од опрема е потребен фотоапарат со можност за продолжено окинување (Т) (оваа опција ја имаат постарите мануелни фотоапарати), или со бесконечна експозиција булб (Б), секој покултурен фотоапарат располага со оваа опција и некој филм со нормална брзина 100 или 200 ИСО, нема потреба од побрзи филмови. Сопствениците на дигитални апарати можат да ја изберат оваа опција од менито на фотоапаратот.
За филм од 100 ИСО е препорачливо да ја поставиме блендата на фотоапаратот на ф/8, така молњите ќе бидат доволно сјајни и ќе им се гледаат страничните капилари. Времето на експозиција зависи од тоа колку молњи ќе ни влезат во кадар, минимум една, а премногу можат да ја направат фотографијата конфузна.
Бидејќи молњите делуваат како еден вид блицеви, не е секогаш потребно користење на статив и жичен окидач, може добро да се снима со некоја едноставна потпора на апаратот или дури и од рака. Подолгата експозиција нема да влијае на квалитетот на снимката на самата молња, туку на тоа како ќе биде претставен амбиентот (пејзажот).
Доколку ги снимаме молњите дење, фотоапаратот мора да има можност за подесување на блендата, секако, дење мора да ја земете предвид дневната светлина за да може ефикасно да ја продолжите експозицијата без да ја преекспонирате сликата.
Ова значи дека мора да ја одредиме најдолгата можна експозиција во тие светлосни услови, така што е нормално да употребиме колку што е можно понеосетлив филм или сетинг на камерата (тоа подразбира 100 ИСО во секој случај). Користењето на сив филтер или поларизатор за дополнително продолжување на експозицијата е пожелно.
Снимањето на молњи е главно работа на случајност, затоа што никогаш не се знае кога и каде ќе се појави молњата. Затоа насочете го фотоапаратот кон местото каде што има најголема активност, фокусирајте на бесконечност, исклучете го автофокусот (за да не му текне на апаратот во одсуден момент да почне да го фокусира). Држете го копчето притиснато се додека во кадар не се појави една или повеќе молњи, а потоа снимајте нов кадар. Премногу молњи на едно место можат да ја расипат сликата и да ја направат конфузна и неразбирлива.
Сметајте се за среќни доколку направите барем една успешна фотографија на молња во некоја бура
Забелешка:
Да не заборавите на безбедноста!
Молњата може да биде долга и до 50 километри а развива температура повисока од онаа на сончевата површина. Гром можеби не удира во коприви, ама што знае гром што е фотограф. А и опремата е скапа...
Автор: Андон Давчев _________________ Često popričam sa samim sobom, ali nemo'š budali dokazati.
|
|