www.ribar.com.mk

Вашите рибарски приказни...
Сега е точно : Нед Дек 22, 2024 11:51 pm

Часовникот е според Македонско време или според зоната: UTC_OFFSET Etc/GMT-2




Испрати нова тема Одговори на тема  [ теми ] 
Автор Порака
 Наслов на мислењетоCOLON Основи на фотографија
ТемаИспратеноCOLONЧет Jун 14, 2012 11:20 pm 
Отсутен
Модератор
Членски аватор

РегистриранCOLONНед Јан 08, 2012 10:04 pm
МислењаCOLON6059
ЛокацијаCOLONСкопје - Кисела Вода
Сите фотоапарати, од наједноставните, па до најкомликуваните ја имаат истата основна конструкција: секој од нив има внимателно конструирано куќиште кое уште се нарекува и тело на фотоапаратот, кое не дозволува навлегување на надворешно светло, освен низ објективот. Телото на фотоапаратот ги обединува механизмот за транспорт на филмот, механизмот за чкрапнување, регулаторот на експозиција, светломерот, окуларот за снимање и објективот.

[ img ]

Фотоапаратот е механичка направа која со помош на објективот, пропушта светлина која под прав агол паѓа на фотоосетливата емулзија на филмот и ја оцртува сликата на објектот кој се наоѓа пред фотоапаратот.
Остра и јасна слика на објектот се добива преку подесувања на позицијата на објективот во однос на површината на филмот. Тоа се вика фокусирање или изострување. Изострувањето ја прави сликата која ја гледаме или некој нејзин дел остра.

Денешните фотографски филмови се премачкани со емулзии кои се многу поосетливи од оние користени од основоположинците на фотографијата, затоа треба многу точно да се изложуваат – експонираат на светлина. За таа цел постојат два регулатори на количеството на светлина кое поминува низ објективот и паѓа на филмот: експозиција и бленда.

[ img ]

Објективот е најбитниот дел од секој фотоапарат, во почетокот представувал само едно обично дупче на темната комора, за да еволуира преку една леќа, во комплексен систем од различни леќи, кој постигнува голем степен на острина на сликата, со голема разделна способност и светлосна јачина. Според својата намена објективите имаат различно фокусно растојание на леќите, и се делат на широкоаголни, нормални, телеобјективи и зум – објективи.
Нормални објективи се оние кои сликата која минува низ објективот ја даваат без никакви деформации , токму онака како што ја гледа нашето око, широкоаголни се оние кај кои сликата која ја даваат е привидно поширока (подалечна) од вистинското видното поле, а телеобјективи се оние кај кои сликата е зголемене (приближена).
Зум – објективи се оние објективи кои можат да го менуваат фокусното растојание и со тоа да се користат како широкоаголни, нормални и како телеобјективи. Креативното користење на објективот ни овозможува контрола на полето на длабинска острина и перспективата.

[ img ]

Блендата е составен дел од објективот, и претставува механички систем од тенки метални ливчиња кои се собираат и отвараат, притоа регулирајќи го количеството на светлина кое поминува низ објективот. Блендата и експозицијата “работат” заедно за да се одреди точното количество на светлина потребно за правилно експонирање на филмот. Со затворање на блендата се менува и квалитетот на сликата, во делот на длабинската острина, ова може да се користи за добивање на интересни ефекти. Колку е позатворена блендата толку длабинската острина на фотографијата е поголема и обратно. Вредностите на блендата се бележат со буквата “f”, кој во зависност од квалитетот на објективот може да биде f1, кога е најотворена, па се до f64 кога е скоро сосема затворена, во тој дијапазон блендата се менува ( опаѓа) за корен од два.

Завеса(Затворач) го контролира времето времето на изложување на филмот на светлина – експозицијата, денеска се изразува во стоти и илјадити делови од секундата, за разлика од десетиците минути или дури часови потребни за тоа во 18 век.
За прецизно одредување на деловите од секундата потребни за осветлување на филмот задолжен е механизмот на завесата кој работи на принцип на чкрапнување. Со притисок на прстот на чкрапалото, завесата се ослободува и го изложува филмот на светлина во период од 30 секунди до 16000 дел од секундата* (програмирани вредности) во зависност од селекторот на експозиции. По потреба завесата може да остане отворена бесконечно долго (ноќни експозиции). Креативното работење со затворачот ни дава можност да го одредиме степенот на острината кај подвижните објекти, односно, целосно да сопреме движење (замрзнат кадар) или пак да го симболизираме движењето со контролирано заматување на објектот кој се движи. Кај разни фотоапарати имаме различни конструкциски решенија на затворачот (завеси, ролетни и централни затворачи), но, намената им е иста.

Филмот е носач - подлога на фотосетливата емулзија, која по експонирањето во темната комора на фотоапаратот, содржи латентна слика, која со помош на хемиска обработка низ развивач и фиксир станува видлив негативе на реалната слика. Од неа потоа се добиваат позитиви со различни димензии. Современите филмови се произведуваат со различна осетливост на емулзијата која се изразува во ИСО (Интернатионал Стандард Ассоциатион), и може да биде од 25 ИСО па се до 6400 ИСО, како нормално осетлив филм се зема 100 ИСО, вредностите под тоа се нискоосетливи филмови, а над тоа ,осетливи и високосетливи филмови.
Според видот на филмот, имаме црно – бели негативни филмови, негативни филмови во боја, позитив –филмови (слајдови) и инфрацрвени филмови.

ЦМОС/ЦЦД сензорите представуваат негатив кај дигиталните фотоапарати. Има за цел да ја „фати” светлината која паѓа на него и да ја сними на внатрешната меморија или пак на мемориската картичка. Предностите над негативот му се тие што може да му се менува осетливоста (од 200 до 3200 ИСО), или пак техниката на снимање (боја, црно-бело, сепија).
Квалитетот на сензорот се изразува преку резолуцијата (густината на сликата) DPI Dots-Per-Inch, и преку димензијата на сликата (бројот на точки /пиксели (мегапиксели).

се надевам дека на некого ке му бидат од полза и овие информации :D
Бистро ;)

_________________
Često popričam sa samim sobom, ali nemo'š budali dokazati.
[ img ]


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: Основи на фотографија
ТемаИспратеноCOLONЧет Jун 14, 2012 11:21 pm 
Отсутен
Модератор
Членски аватор

РегистриранCOLONЧет Maј 19, 2011 2:20 pm
МислењаCOLON6956
Одлично Гоце, не сум го прочитал ама морам прво браво да ти кажам. ;)
Е сеа ке читам... 8-)

_________________
CT Asterix & Obelix


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: Основи на фотографија
ТемаИспратеноCOLONПет Jун 15, 2012 8:54 am 
Отсутен
Мушичар
Членски аватор

РегистриранCOLONСре Oкт 27, 2010 7:55 am
МислењаCOLON11616
ЛокацијаCOLONСкопје
Гоце, фино би било како посикусен, да ни дадеш малку совети како да правиме подобри фотки кога сликаме. Од која страна, сенка, сонце, блиц да/не, поставеност, со примери и слично. :)

А и поефтино е вака него на курс :D

_________________
Животот е досадното време помеѓу два риболовни излета...


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: Основи на фотографија
ТемаИспратеноCOLONПет Jун 15, 2012 9:13 am 
Отсутен
Модератор
Членски аватор

РегистриранCOLONНед Јан 08, 2012 10:04 pm
МислењаCOLON6059
ЛокацијаCOLONСкопје - Кисела Вода
Ова се основни информации за фотоапарати и објективи , чисто за запознавање со опремата и начинот на функционирање . Се разбира дека ке следуваат и совети околу фотографирањето и како до подобра фотографија ;)

_________________
Često popričam sa samim sobom, ali nemo'š budali dokazati.
[ img ]


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: Основи на фотографија
ТемаИспратеноCOLONПет Jун 15, 2012 11:04 am 
Отсутен
Модератор
Членски аватор

РегистриранCOLONПет Феб 18, 2011 11:50 pm
МислењаCOLON8361
ЛокацијаCOLONSkopje
Bravo be Tafta.
Samo ti prodolzi a jas ke ucam. :P
Uste da stavis i nekoja fotka od ezerata, nekoja riba

_________________
[ img ]


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: Основи на фотографија
ТемаИспратеноCOLONПет Jун 15, 2012 5:07 pm 
Отсутен
Модератор
Членски аватор

РегистриранCOLONНед Јан 08, 2012 10:04 pm
МислењаCOLON6059
ЛокацијаCOLONСкопје - Кисела Вода
две мои фотографии од Охридско Езеро

дневна

[ img ]

зајдисонце

[ img ]

_________________
Često popričam sa samim sobom, ali nemo'š budali dokazati.
[ img ]


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: Основи на фотографија
ТемаИспратеноCOLONПет Jун 15, 2012 5:43 pm 
Отсутен
RIP
Членски аватор

РегистриранCOLONПет Ное 12, 2010 9:34 am
МислењаCOLON1930
Алал вера...што да секаже друго :D

_________________
Бора Чорба....“Како је лепо бити ГЛУП, О како је лепо бити ГЛУП“ ..


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: Основи на фотографија
ТемаИспратеноCOLONПет Jун 15, 2012 8:30 pm 
Отсутен
Модератор
Членски аватор

РегистриранCOLONНед Јан 08, 2012 10:04 pm
МислењаCOLON6059
ЛокацијаCOLONСкопје - Кисела Вода
Како да избегнете 4 најголеми грешки

Овде се наброени најчестите големи грешки при сликањето , кои можат да се избегнат само со внимателна работа со фотоапаратот.

1. Без “ампутации”: Една од најчестите грешки е “одсечување” на нечија глава (или друг вителен дел од телото) . Тоа вообичаено се случува кога сте концентрирани на нешто друго во кадарот и не внимавате на субјектот во позадина.

2. Точно мерење на светлото: Друга вообичаена грешка е преекспонирањето или подекспонирањето на сликата, а може да биде предизвикана од многу работи: ставање на погрешна експозиција, погрешна бленда, погрешен филм, светлина или погрешно користење или некористење на блицот.

3. Матни фотографии: Грешките во фокусирањето не се уште исчезнати и покрај фактот што автофокус апаратите се користат одамна. Не брзајте да го стиснете окинувачот , бидете потрпеливи , сочекајте авто фокусот убаво да исфокусира доколку имате фотоапарат со автофокус , или мануелниот фокус кој бара уште повеке трпение и мирна рака

4. Слаб/силен блиц на сликата: Ова се случува кога се слика на растојание поголемо или помало од она потребното блицот да го осветли објектот.

_________________
Često popričam sa samim sobom, ali nemo'š budali dokazati.
[ img ]


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: Основи на фотографија
ТемаИспратеноCOLONПет Jун 15, 2012 8:45 pm 
Отсутен
Модератор
Членски аватор

РегистриранCOLONНед Јан 08, 2012 10:04 pm
МислењаCOLON6059
ЛокацијаCOLONСкопје - Кисела Вода
[ img ]

еве и неколку основни податоци за фотографијата


Make NIKON CORPORATION
Model NIKON D40
Software ACD Systems Digital Imaging
Exposure Time 1/400
F-Stop f/8.0
ISO Speed Ratings 200
Focal Length 18 mm
Date Taken 2009-09-10 05:03
Metering Mode Pattern
File Size 119 kb

_________________
Često popričam sa samim sobom, ali nemo'š budali dokazati.
[ img ]


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: Основи на фотографија
ТемаИспратеноCOLONПет Jун 15, 2012 9:25 pm 
Отсутен
Дружељубив
Членски аватор

РегистриранCOLONПет Ное 05, 2010 3:44 pm
МислењаCOLON1681
ЛокацијаCOLONСкопје
ТафТабиТ НапишиCOLON
Како да избегнете 4 најголеми грешки
Браво батка,откако се појави форумот,составен дел од риболовниот прибор ние и фотоапаратот,барем на оние кои сакаат да го споделат риболовноит ден или викенд со останатите членови,навистина овие совети ќе придонесат да се зголеми квалитетот на сликите во репортажите :D

_________________
[ img ]

ВАРДАР Е ВАРДАР


Кон врв
Покажи постара темаCOLON Сортирај по 
Испрати нова тема Одговори на тема  [ теми ] 

Часовникот е според Македонско време или според зоната: UTC_OFFSET Etc/GMT-2


Кој е Присутен

Членови кои ја разгледуваат оваа тема: 3 and 0 гости


Вие Не може да поставите нова тема на овој форум
Вие Не може одговорите на теми на овој форум
Вие Не може да промените мислења на овој форум
Вие Не може да го бришите вашето мислење во овој форум

Оди доCOLON 

cron
POWERED_BY
Преведено на Македонски од : nescafe, Read Here Forum