После минатонеделниот излет на Вардар,решивме и овој викенд да си ја пробаме среќата
Екипата со која поминавме супер минатиот викенд,не беше со мене
но ќе се приклучат у скоро време мајстор Аки и Ване директорот
Аце Максим,кој требаше да дојде и минатиот викенд,овој пат беше сигурен
а со него и мајстор Мечо
кој е посебна приказна
.....Брзо се наместивме на едно ново место,затоа што старото беше фатено...
Додека ја пишувам репортажата на едно место има права софра гурманска Момци оставете нешто за утре-ИДАМ за Скопје ,па нека има бар некој трн
И се наместивме,поставивме шатор против комарци
и започнавме со прихрана и фрлање на трските.
И од овде па натаму на сцена беше Мечо
Човекот си побара да му правиме само утринско кафе,а другото да му го оставиме нему
Речено-сторено,кафето беше на маса...го испивме
...и започна Мечо-кукинг шоу
За прва ракијка после кафето
требаше да се столчи лукот
Лук,сол,зејтин и павлака-----вистинско чудо.
И не беше само тоа,ахахаха
Биено сирење и домашно сушена пршута Ала Мечо
Пинџури,салати....и се разбира СКОПСКО и се е можно
Па на ред дојде и гравчето
Мечо не поправи со Аце Максим по 3-4 кг сигурно
...да не напоменувам дека ни вареше и супа,јуфки,качамак,лелелелелелеле
Да не се каже дека бевме само на пун пансион,да кажеме дека фативме и по некоја риба
Првата,што го упали сигнализаторот беше оваа Вардарска мрена
Па по неа и едно крапче
Па ноќта и еден убав дивјак
Амортизерот за комарци
И дента уште некое дивјаче
На здравје со масата АЛА МЕЧО
Тоа беше се засега
немам зборови да опишам колку добро сме се изрелаксирале