www.ribar.com.mk

Вашите рибарски приказни...
Сега е точно : Сре Дек 25, 2024 3:08 am

Часовникот е според Македонско време или според зоната: UTC_OFFSET Etc/GMT-2




Испрати нова тема Одговори на тема  [ теми ]  Оди на страна 123»
Автор Порака
 Наслов на мислењетоCOLON Кленко на Охридско езеро
ТемаИспратеноCOLONСре Jул 20, 2011 8:13 pm 
Отсутен
Мушичар
Членски аватор

РегистриранCOLONСре Oкт 27, 2010 7:55 am
МислењаCOLON11616
ЛокацијаCOLONСкопје
Како што се договоривме, Лепи со тешко срце реши да угости скопјанишче со еден излет на прекрасното Охридско езеро :) Второто помало скопјанишче (Crucial). иако планиран, нигде го немаше, изгледа забегал со девојчиња по плажи и дискотеки, па не успеал да седне на форумов и да види дека ќе пропушти риболов на клен :)

Тргнавме по темниците со кајчето на Лепи, како да сме мрежари. Подоцна сватив дека грешам, бидејки мрежарите си излегуваат да си ги соберат мрежите сред бел ден, без око да им трепне.
Сликите ни се со послаб квалитет, поради првичната недоверба во кајчето на Лепи кое беше дупнато на едно место и затнато со парче дрво, решив да не го носам апаратот на сред езеро :lol:

Лепи го возеже кајчето со неговиот еколошки мотор на батерии :D

[ img ]

Стигнавме на првото место, езерото беше смирено од вечерта кога многу дуваше и имаше бранови, а на местото, кленко убав, насекаде скока како делфин. Лепи вика, скокаат да не видат. Се насмеав, ама после поверував. Како менувавме места подоцна, при секое стопирање првите минута две околу нас ќе поскокаа кленови и ги снемуваше. И тоа се случуваше за цело времетраење на риболовот.
И на првото место, 4:45 некаде, кленот скока насекаде, а подалеку и по некој голем крап, се познавал дека е крап по мавањето со опашката.
Првиот удар го имав на воблер по десетина минути. Еден фин клен од 500-600 грама ми здрма рака и ме заеба за цел ден, не ги испуштив воблерите од рака :D
[ img ]
Тоа беше нашиот прв и мојот последен клен :D :twisted: Имав уште некој удар подоцна, ама нереализиран. Останатите кленови подолу си ги фати мајстор Лепи. Следниот пат подобро ќе се спремам за лов на воблери, со подoбар арсенал и секако трска, бидејки ловев со еден пинѕур и едвај фрлав :) Него, доста се правдам, сепак си бев на терен на постариот мајстор. Но, што е најбитно, утрото Лепи призна дека мојот е поголем. Скопјанец вс Охриѓанец, нерамноправна борба во лов на клен, ама за друго, многу сме јаки 8-) :lol:

Кога се раздени, си го видов убаво местото, удривме по една фотка и продолживме со риболовот. Лепи фрлаше и на тапа, и фати 2 клена во текот на риболовот на тапа. Тапата му беше чудо, кованица од тапа, стапчиња, цевки, женски чорапи, делови од карбуратор и што уште не. Мислам дека му се гледаше дури од Струга :)

[ img ]
[ img ]
[ img ]

После дојде на ред официјалното предавање (конечно!) на амблемите за Лепи :)

[ img ]

Секако, моравме да снимиме и видео, а и да ги снимиме нашите два први клена



Кога излезе убаво сонцето, Лепи реши да смени капа, па ги извади “каубојскиот“ шешир, додуше малце извитоперен, па изгледаше како молер :)

[ img ]

Сменивме 2-3 места, Лепи тук-там ќе се делнеше по некој клен на воблер, јас со запалење на мускулот на десна рака, а времето си врвеше

[ img ]

Секако, ја овековечив и “пентата“ на Убавиот, со акумулаторот (одлично си заврши работа, дури и на враќање кога мислев дека ќе се удавиме) :mrgreen:

[ img ]

Снимивме уште два клена, првиот на тапа, а вториот и воедно најголемиот дента, на воблер.




Негде кај 11 ни заврна прв пат, почнаа црни облаци од сите страни, а ние во средина. Малку се расчисти, за по половина час да тргне темното кон нас. Ај што почна да истура, немавме гајле, ќе поминеше, ама кога почна да грми на 10-тина секунди разлика од секавиците, се прибравме веднаш и со пентата на максимум во 12 излеговме на обала. За среќа, да не ни е криво, времето остана нестабилно цел ден, сонце, дожд, облаци, ветер.

Дојдовме “кај мене“ во двор да видиме што сме фатиле и да направиме едно живели со ракииче :D

[ img ]
[ img ]
[ img ]

Како и да е, си поминавме одлично, се сончавме, се изнасмеавме и си фативме по некој кленко, па повеќе успех следниот пат :)
Голема благодарност до Лепи за излетот и проводот, со надеж за брзо повторување :)

И да не заборавам, судејќи по Лепи, сватив дека охриѓани еволуирале. Лепи на пример, развил голем воздушен меур како рибите, кој покрај помош при пливањето и гњурењето, му служи за одредување на притисокот, за детектирање на брзината на ветерот и страната на која дува, и останати погодности :)

Бистро :)

_________________
Животот е досадното време помеѓу два риболовни излета...


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: Кленко на Охридско езеро
ТемаИспратеноCOLONСре Jул 20, 2011 8:23 pm 
Отсутен
Дружељубив
Членски аватор

РегистриранCOLONЧет Ное 18, 2010 10:28 pm
МислењаCOLON2806
ЛокацијаCOLONskopje
Odlicna druzba alal da vie....ama sami na sred ezero.... :lol: Pa maicki tesni prozirni... :D Vo sekoj slucaj vi zaviduvam na druzenjeto i pak da go povtorite.... ;)

_________________
JA KAKO MAL IMAV MLECNI ZABI A SEGA IMAM 3 ST.CROIX......
DA ZIVEE SPINOT.................................................


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: Кленко на Охридско езеро
ТемаИспратеноCOLONСре Jул 20, 2011 9:26 pm 
Отсутен
Дружељубив
Членски аватор

РегистриранCOLONСаб Ное 06, 2010 10:29 am
МислењаCOLON2030
ЛокацијаCOLONКочани
Браво мајстори,убаво сте поминале.Доста храбро од вас на ода жешко време и јако сонце,да ловите на сред езеро од чамец без чадор.Ај Лепи го сваќам езерски човек,ама ова скопјаништево.... :lol:

_________________
When you walk through a storm hold your head up high.....and don't be afraid of the dark.... at the end of the storm Is a golden sky....

Alliance Carp Team


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: Кленко на Охридско езеро
ТемаИспратеноCOLONСре Jул 20, 2011 9:31 pm 
Отсутен
RIP
Членски аватор

РегистриранCOLONПет Ное 12, 2010 9:34 am
МислењаCOLON1930
Филип напиша: “Дојдовме кај мене во двор да видиме што сме фатиле и да направиме едно живели со ракииче“
Па кај ви е ракијата?. Јас гледам некој тетрапак сок, три круши и големи празни чаши. МЕЗЕ НЕМАТЕ !!!!! Во право сум ??? Филип или ти или Крсте сте подбациле.. Ракија без мезе ????????????? Инаку на двајцата ви завидувам. Ја се печам на 40 степени Вие уживате. Сепак супер сте поминале и склопиле едно ЗДРАВО ПРИЈАТЕЛСТВО.

_________________
Бора Чорба....“Како је лепо бити ГЛУП, О како је лепо бити ГЛУП“ ..


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: Кленко на Охридско езеро
ТемаИспратеноCOLONСре Jул 20, 2011 9:59 pm 
Отсутен
Дружељубив
Членски аватор

РегистриранCOLONПон Aпр 11, 2011 7:31 pm
МислењаCOLON1221
ЛокацијаCOLONСкопје- Кисела Вода
Одлична репортажа момци....... Ваквите тукушто создадени пријателства од форумов треба да се пример за сите.......Да продолжиме со дружењто во спортско риболовен дух. БРАВО !!!

_________________
Ако не замириса на риба ке замириса на кобасица


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: Кленко на Охридско езеро
ТемаИспратеноCOLONСре Jул 20, 2011 10:14 pm 
Отсутен
Дружељубив
Членски аватор

РегистриранCOLONПон Aпр 11, 2011 7:31 pm
МислењаCOLON1221
ЛокацијаCOLONСкопје- Кисела Вода
[ img ]
Ги начекав јас Филип и Лепи од карши......... Еве ги во моментите кога не им јадеше рибата..... па пронајдоа алетернативно решение хахахахххаах.

_________________
Ако не замириса на риба ке замириса на кобасица


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: Кленко на Охридско езеро
ТемаИспратеноCOLONСре Jул 20, 2011 10:58 pm 
Отсутен
Конструктивен

РегистриранCOLONСаб Maр 26, 2011 4:03 pm
МислењаCOLON850
ЛокацијаCOLONbitola
ne znam od kaj da pocnam
-bravo za reportazata odlicna druzba fenomenalen provod
-lepi zakon si i na voda i na suvo a kapceto samo faka ribi i jas imam isto vo ista sostojba
-voblerite mi se nesto poznati ;)
-a ova so amblemot e provokacija :mrgreen: neli trebase da ima i tret za mene ili vo taa romantika ne vi tekna na mene :D :D a radioto vo pozadina no coment
-masata bez meze ne ja lici ako reportazata e od denes ke imavte i meze direktno po nabavna ;)
-sekoja cest i mnogu slicni druzenja


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: Кленко на Охридско езеро
ТемаИспратеноCOLONЧет Jул 21, 2011 12:05 am 
Отсутен
Дружељубив
Членски аватор

РегистриранCOLONВто Oкт 26, 2010 9:38 pm
МислењаCOLON1320
ЛокацијаCOLONStrumica
Поздрав за Охридско-Скопската дружба.Штом завршила без man down -супер е :lol: :lol:


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: Кленко на Охридско езеро
ТемаИспратеноCOLONЧет Jул 21, 2011 12:27 am 
Отсутен
Дружељубив
Членски аватор

РегистриранCOLONЧет Дек 02, 2010 7:49 pm
МислењаCOLON1985
... фала ви дечки, и стварно да ви кажам се погоди и времето, не беше многу топло, северот не ладеше се додека не ги донесе облаците, дождот и громовите :lol:

Во позадина се гледа невремето кое надоаѓа :shock:
[ img ]

Али до тогаш се беше прекрасно, запознајв еден другар кој ми се чини дека го знам доста долго а прв пат се гледаме :D Е сега, јас си бев на мој Терен и ја искористив предноста па Кленко ме сакаше мене појќе :mrgreen: А иначе стомакот на Филип(иако го имат собрано) е исто голем како мојот :lol:
[ img ]

А нешто Филип излажа: Не е вистина дека му признав дека неговиот е поголем, туку му реков „е ај да се слечиме па да видиме чив е поголем“ :lol: :lol:

Се на се прекрасен ден поминат на Езеро и конечно ги добив амблемите, иако без розевата машничка :D

Бистро ;)

П.С.1. Доне, еден од овие е за тебе па ко ќе дојш Охрид се глеаме на Кафе кај Тони-Марела ;)
П.С.2. Иначе Филип, ме биват бе мајку му, „големиот“ Клен тежи 1.189гр 8-)


Последна промена од 1 на Lepi, променето е 0 пати

Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: Кленко на Охридско езеро
ТемаИспратеноCOLONЧет Jул 21, 2011 4:32 am 
Отсутен
Дружељубив
Членски аватор

РегистриранCOLONСаб Дек 18, 2010 9:47 am
МислењаCOLON4783
ЛокацијаCOLONskopje
pozzz do vas i golemiot klen! 8-) ;)

_________________
TAPATTA JA LECHI DUSHATTA
mrtva dae-od reka dae!


Кон врв
Покажи постара темаCOLON Сортирај по 
Испрати нова тема Одговори на тема  [ теми ]  Оди на страна 123»

Часовникот е според Македонско време или според зоната: UTC_OFFSET Etc/GMT-2


Кој е Присутен

Членови кои ја разгледуваат оваа тема: 16 and 0 гости


Вие Не може да поставите нова тема на овој форум
Вие Не може одговорите на теми на овој форум
Вие Не може да промените мислења на овој форум
Вие Не може да го бришите вашето мислење во овој форум

Оди доCOLON 

cron
POWERED_BY
Преведено на Македонски од : nescafe, Read Here Forum