www.ribar.com.mk http://mail.ribar.com.mk/forum/ |
|
Струма - ноември 2010 http://mail.ribar.com.mk/forum/viewtopic.php?f=42&t=69 |
Страна 1 oд 2 |
АвторCOLON | Poliz [Пон Ное 15, 2010 4:30 pm ] |
Наслов на мислењетоCOLON | Струма - ноември 2010 |
После цел месец принудна пауза,време беше за бањање на мамците Убавото време не подлажа,не оти ако беше лошо ќе се предомислевме па така по договор со една јака банда се упативме кон Струма. Таму беше планот да се собереме дипломати од цел Балкан и да не бистриме политика туку да мериме јачина на домашни течни продукти .Од Струмица тргнавме јас и Мики,од Софија-моите другари Емо и Иво,од Сандански-Румен и брат му. Ние не можевме да тргнеме петокот од рано,па таму бевме накај 2-3 поручек. Веднаш налетавме на полна трпеза и започнавме со тоа за што бевме дојдени За симпозиумот бргу се расчу по Балканот,така да веќе наредниот ден започнаа да се најавуваат и пристигнуваат и други дипломати.Прво пристигна претставникот на Грција-мојот стар пријател Саки,кој дојде со домашна мастика Ципура и два типа на домашно вино. После него пристигнаа Јавор и Велизар-кои долетаа од некое езеро каде што им станало досадно,па правец кај нас Се поставија три маси ,кои за момент беа сардисани од секакви јадења и пиења.Сепак се полови и малку риба во периодите кога не бевме на маса Еве некоја слика,колку што даваше времето да се фотографира оти знаете како е на симпозиум,распоредот е бајаги згуснат.Се е под протокол Уште да кажам неколку збора околу риболовот. Погодивме едно батал место,од каде што влегуваа и излегуваа грчки чамци така да немаше многу спокојство за риболов.Заради тоа имавме ретки удари но убави риби. Форсиравме на жив мамец и на Чаирски црв,па успеавме да излажеме по некоја штука и сомче.И вистинско пријатно изненадување беа два лаврака морски од 2.600 кг и 2.300 кг.и стандардните штуки од кило до три кила. Ајде со сликите по ред Навечер досадуваа вакви сомчиња,за кои да кажам однапред бевме договорени ако ги има-да ги дадеме на пријателот од Сандански за да пориби едно езерце таму.Па беше земал едно огромно буре за таа работа. Фативме седум -осум парчиња од кило до четири кила и сите завршија во големото буре Еве го пријатното изненадување Лаврак 2.600 кг. Иво проба на воблери А исто така пробаа и заедно со Саки на бучка.Имаа страшен удар но се откачи. Возила од цел Балкан Бугарскиот дипломат задужен за тавата Грчкиот дипломат задолжен за Македонската ракија-која тука немаше скратеница ФИРОМ И главната дебата Дебатата ја прекинуваа поединечните удари Мики во акција денски И уште некоја слика со рибите,кога ке дојдам до други слики од другите апарати,ќе ги поставам И за крај ,собирање на сето ѓубриште,шишиња,кесиња... успешно завршен симпозиум и правец дома. |
АвторCOLON | timo1 [Пон Ное 15, 2010 5:11 pm ] |
Наслов на мислењетоCOLON | Re: Струма - ноември 2010 |
Браво друже |
АвторCOLON | Boris [Пон Ное 15, 2010 6:10 pm ] |
Наслов на мислењетоCOLON | Re: Струма - ноември 2010 |
Никола за нов преговарач за името ! Веднаш да ти кажеме дека, ние останатите иако не бевме на симпозиумот, овдека на форумот за цело време стискавме палци за Вас нашите претставници таму. Одличен провод, следниот пат сабјарка очекуваме |
АвторCOLON | Филип [Пон Ное 15, 2010 8:11 pm ] |
Наслов на мислењетоCOLON | Re: Струма - ноември 2010 |
Никола како тргнал, ќе ископа од негде и ќе донесе ајкула од Струма Одличен симпозиум, се гледа дека името било одбрането |
АвторCOLON | Poliz [Пон Ное 15, 2010 8:47 pm ] |
Наслов на мислењетоCOLON | Re: Струма - ноември 2010 |
АвторCOLON | CASPERSKY [Вто Ное 16, 2010 1:45 am ] |
Наслов на мислењетоCOLON | Re: Струма - ноември 2010 |
Samo pofalni zborovi! Em DIPLOMATIAJA em Sport svaka cast ! Ti si samo za minister za nadvoresni raboti preporaka od mene! |
АвторCOLON | jupi [Вто Ное 16, 2010 4:43 am ] |
Наслов на мислењетоCOLON | Re: Струма - ноември 2010 |
ih bre skolski breee! nogo dobra rabota dzuze,a i mozam da predpostavam kolko see izdelo i ispijalo |
АвторCOLON | СЪНДИ [Вто Ное 16, 2010 9:09 am ] |
Наслов на мислењетоCOLON | Re: Струма - ноември 2010 |
Браво на групата.Добре сте се представили. А тия познати муцуни,па са извадили късмет,да ги заведеш да хванат добри рибоци. |
АвторCOLON | Poliz [Нед Maр 06, 2011 10:31 pm ] | |
Наслов на мислењетоCOLON | Re: Струма - ноември 2010 | |
ih bre skolski breee!
Нешто ме фаќа мерак,за некоо слична шема а Сок време е веќе....
nogo dobra rabota dzuze,a i mozam da predpostavam kolko see izdelo i ispijalo |
АвторCOLON | СЪНДИ [Пет Maр 11, 2011 1:39 pm ] | ||
Наслов на мислењетоCOLON | Re: Струма - ноември 2010 | ||
ih bre skolski breee!
Нешто ме фаќа мерак,за некоо слична шема а Сок време е веќе....nogo dobra rabota dzuze,a i mozam da predpostavam kolko see izdelo i ispijalo |
Страна 1 oд 2 | Часовникот е според Македонско време или според зоната: UTC_OFFSET Etc/GMT-2 |
Powered by phpBB® Forum Software © phpBB Limited https://www.phpbb.com/ |