www.ribar.com.mk
http://mail.ribar.com.mk/forum/

Морска идила
http://mail.ribar.com.mk/forum/viewtopic.php?f=42&t=6868
Страна 11

АвторCOLON  ТафТабиТ [Пон Ное 13, 2017 2:39 pm ]
Наслов на мислењетоCOLON  Морска идила

Како одминува крапската сезона , решивме малку да се опробаме на морски спин .
Рибоцентар како порачан донесе нова колекција мамци за море и се разбира , како деца у продавница за бомбони и трк на море .

Прогнозата беше идеална ... убаво време , не многу ладно , умерен ветер и полна месечина ( ако ја видиме :D )
Тргнавме некаде на полноќ и веке пред разденување бевме на уливот на Пињос во морето . Рибари нормално веке поставени , мамци летаат на сите страни ... Не ни требаше спецјална покана . Спремивме трските , се врзуваа флуокарбони , копчи , мамци ....

Ветерот беше нешто посилен од очекуваното но сепак бевме упорни и го чешлавме теренот со сите расположливи оружја .
Бевме упорни но до 13Ч00 немавме никаков сигнал или удар на риба . Направивме кратка пауза , почнаа филозофиите за мамци , презентација , водење ... рибарска работа :D . Набргу се појавија и колеги од Бугарија кои очигледно беа поредовни на оваа локација . Разменивме искуства и бргу најдовме заеднички пријатели и колеги .

Да не ну биде досадно , додека се одмаравме решивме да фрлиме и некоја дубинка . Горан беше спремен и на тоа поле , веќе спремни сардини за мамец и коктем морски плодови ( лигњи , школки и ракчиња ) . За чудо , не чекавме долго за првиот удар ... но по адреналинот следуваше разочарување . На јадица немавме риба ... имавме краба . Крабите се редеа скоро на секоја трска која беше фрлена на сардина :D така да бргу се откажавме дека на сардина ке ни удри нешто друго освен краба .

Пред стемнување ни дојдоа и првите гости :D
Велијан и Докторот , со полна ратна спрема , орни за фрлање и полни со адреналин :thumbs_up:
Веднаш почнаа со работа , летаа секакви воблери , попери , силиконци ... но рибата едноставно не се појавуваше .
Како се стемнуваше , плажата се полнеше со рибари ... ние веќе полека се собиравме бидејки не чекаше долг пат до Скопје
Вељо и Докторот решија да останат уште малку пред да побараат сместување .

во продолжение неколку фотографии и бистро до наредниот риболов

:thumbs_up: :thumbs_up: :thumbs_up: :thumbs_up: :thumbs_up:



[ img ]

[ img ]

[ img ]

[ img ]

[ img ]

[ img ]

[ img ]

[ img ]

[ img ]

АвторCOLON  Zoki rib.prikazni [Пон Ное 13, 2017 6:05 pm ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: Морска идила

SLIKI ODLICNI,NE SI BIL DOMA ...SE NA SE uspesno :lepi:

АвторCOLON  Krki [Пон Ное 13, 2017 6:15 pm ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: Морска идила

Koga ne jade preminuvas na kupaca i banjare.

АвторCOLON  caparius [Вто Ное 14, 2017 10:04 am ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: Морска идила

Eve i od mene nadopolnuvanje so prekrasni sliki napraveni os Saso na ubaviot vikend vo Grcka.

[ img ]



[ img ]



[ img ]

АвторCOLON  saso [Вто Ное 14, 2017 11:32 am ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: Морска идила

E nie dojdovme vo nedelata.
Od levata strana na Pinios, da ne preteram dvaesetina ribari, plus dubinki rasfrlani po celo more pa resivme da odime na desnata strana.
Tamo imase nekoj decki od Nis koj nabrzo si zaminaa.
Od sabajleto nemase nisto osven sto dojdoa Velijan i Miki pa ni raskazaa kako go pominale vcerasniot den.
Stvarno dobro opremeni, so vejdersi, pa si gazea bez problemi po ,, surdunot ,,. Imaa nekolku udari ama za zal nisto ne im se zakaci.
Pinios bese meal i mnogu prljav. Ne mozese da se frli vobler a da ne se zakaci nekoja trevka, list ili grance na nego.
Uste sabajleto jas izvadiv edno malo brancince i edno mi pobegna od samiot pesok ( povratniot bran go povlece nazad i mi se otkaci ).
Posle nemase nikakva aktivnost.
Velijan i Miki si otidoa a nie ostanavme da pofrlame uste malku.
Izgleda tie ni bea malerot, samo sto si otidoa jas izvadiv edna ubava zubatica na Daiwa Shore Line Shiner od 17 cm. Dali e do znaenjeto ili do mamecot toa bese edinstvenata dobra riba toj den. Do mamecot ke da e.

АвторCOLON  saso [Вто Ное 14, 2017 11:34 am ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: Морска идила

[ img ]

АвторCOLON  Spaiva [Вто Ное 14, 2017 12:11 pm ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: Морска идила

Сте имале интересна авантурица.
Краби, откачувања, зубатица...нешто се дешавало. :ok_ok:

АвторCOLON  Tvrdko [Вто Ное 14, 2017 1:55 pm ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: Морска идила

Super,se povekje se zgolemuva brojchano.(na ekipi mislam). :saso:

Страна 11 Часовникот е според Македонско време или според зоната: UTC_OFFSET Etc/GMT-2
Powered by phpBB® Forum Software © phpBB Limited
https://www.phpbb.com/