16.Октомври 2016-та,пристигна лична порака на сајтов,од Васил,не покани на риболов на Суки лејк и од тогаш,па се до 28.06.2017-та средата,мислите само натаму.
Средата запишување во средно училиште,спремни со полуматурантот Фико и четврток сабајле правец Софија.Наградно за одличниот успех. На бензиската Омв не пречека Васил и правец Суки.Пристигнавме околу 12.00 часот и ги гледам планините уште со остатоци од снег,си викам овде ќе биде свежо навечер.
Таму веќе пристигнати син му на Васил Алек,зет му Станимир(Професорот)и Ице,после некое време пристигнаа Дени-Кочани и Цобе-Штип.Распакување и веднаш зафрлување на трските и за околу час и половина првиот удар,сомче-лигавче удар на боила Чили на Солар.
Тоа беше се за тој ден,топлоoo,пеeeкол.
Муабети,стратегии за вечерта и мало внимание од Васил до полуматурантот(поклон ептен убав дуксер).Големо благодарам од Фико до чичко Васил.
Само што го снема сонцето почна да засвежува и Васил не предупредува да се облакаме,а ние чудно го гледаме,си викаме на таа жештинааа зар ке залади???
Удар немаше,си легнавме околу 23.00 и околу 02.30 пишти базата и трчање надвор,борба околу 15 минути и првиот крап е во кепот.
Утрото стратегија на Васил и наместо систем на дно,се смени на зиг риг,рибата не беше на дното,се бараше на околу 3-3.50 метра од дно.Во 08.40 удар кај Васил,кој од мерак му ја предаде должноста на Фико да ја извади рибата и борба околу 10-на минути и Амурот се најде во кепот на Васил,амур од 9 килограми.
Тоа беше се до попладнето кога го добивме првиот удар на Амур и точно пред да го кепнеме...откачи,односно ја скрши јадицата.
Тажното лице на чичко Васил
совети за нaреден пат од страна на Алек
Едно време Васил и Цобе од Штип ги снема со колата,а тие да ти отишле до Костенец да ни купат сладолед,да не изненаделе.
Во меѓувреме Фико си го правеше меракот и на тапа,му даваше караш,крапчиња и понекое сомче и црвеноперка.( на шеќерац )
Со дечките направивме понекое пивце,лав муабет и само што легнавме базата тииииииииииттититтиииит,пишти растура,ран каков што сите посакуваме.Трчање и трската камен,си велам тука е,голем е.Му викам на Фико,земи ја Мајсторе,вади ја,а тој одлучно ми вика мерак ми е Тато ти да ја извадиш.Полека го носам,му затегам,му пуштам,милина за душа,а до мене Станимир,мудро ќути.И одеднаш што му стана почна во лево да бега,а во лево трските на Станимир,Алек и на Ицо.Си викам толку беше од рибава,ми се заплетка.Но среќата голема,преку 10-ина трски поминати,доаѓаме на чистинка и ете го излага на површина.По одприлика половина час крапот се паркира во кепот и следуваше ноќна фотосесија.
Тоа беше се таа ноќ кај нас,а кај комшиите извадени 4-ри крапа и сабајлето фотосесија и пуштање назад во нивниот дом.
Саботата почна шоуто.Се редеа удари,успешни вадења и многу неуспешни.Рибата беше по активна од вчерашниот ден.
Еден од амурите што Фико го вадеше во два наврати имаше скокови над површната,од кои само на еден е фатен на дело,мерак невиден,сите со очите ококорени.
Снимкта е малку лоша добра е до 30-та секунда и после 2.10 минута
Се извадија и два капиталци од 18кг. и еден убав сом од 14 кг.( борба 45 минути,можеби 10-15 пати му земаше конец) Комшиите Дени и Цобе ги растурија цело време,алал да им е,воедно и еден Гоооолем поздрав до нив.
Би сакал да напоменам дека сите риби даваа многу борба,тоа беше впечаток на сите.
Освежување
Вечерта,како добри домаќини не угостија со убаво гезме,добра ракија,винце,милина,душата отворена како планина,муабети за мерак.
Утрото за испраќање ни дојдоа малите шатчиња,останати без мајка и цело време беа со нас,воопшто не се плашеа.
За крај,би сакал да искажам едно Гоооолемо благодарам до Васил-човекот со Големо срце,за одвоеното време кое прекрасно си го поминавме и како што имам напоменато дека на овој форум постојат луѓе со визија и убава мисла за едукација на младите за здрав живот.
Посакувам на секој риболовец да го посети ова убаво езеро,кое е покрај една убава голема планина и кое изобилува со риба која е стварно во добра кондиција.
Бистро на сите риболовци.
Еххх... Каква разгледница исполнета со задоволни ликови, секоја чест Боро за доловеното.
Се поминува во животот но спомените остануваат засекогаш.
Бистро
Послато са E560 уз помоћ Тапатока
_________________ Риболовот не е хоби - тоа е животeн стил...
За одличен ученик , одлична риболовна авантура заслужено , нема збор
Одлично друштво , убава репортажа и секако убави риби ... секоја чест за репортажата и да се множат вакви риболови
_________________ Često popričam sa samim sobom, ali nemo'š budali dokazati.
РегистриранCOLONЧет Oкт 07, 2010 10:26 am МислењаCOLON4637 ЛокацијаCOLONSkopje
Вредела маката од толку денови за правење на репортажата. Браво име За проводот што да се каже, кај што има риба има и многу можност за учење, пробување, грешење и повторно учење. Мајсторот се гледа дека си го има со амурите, уствари он е стар пријател со нив од Вратница кога му клецаа нозете ...сега веќе не клецаат, а и он веќе не слична килажа како амур станува сериозен играч Убав провод, секоја чест за Васил и домаќините, да се множат....
Дојде и денот кога гостите од Скопје требаше да дојдат но за жал дојдоа и екстремно високите температури, незнаев како рибата ќе се однесува на такво време, дали ќе се храни, се беше подредено Филип и Борче да направат добар риболов, да имат четири убави дена на Суки Лејк
И за изненадување на сите рибата си работеше и тоа одлично, мило ми е што гостите останаа задоволни, да се надевам во некое блиско време да направиме и втор заеднички риболов.
Добро намерните се секогаш добродојдени
Часовникот е според Македонско време или според зоната: UTC_OFFSET Etc/GMT-2
Кој е Присутен
Членови кои ја разгледуваат оваа тема: 17 and 0 гости
Вие Не може да поставите нова тема на овој форум Вие Не може одговорите на теми на овој форум Вие Не може да промените мислења на овој форум Вие Не може да го бришите вашето мислење во овој форум