www.ribar.com.mk
http://mail.ribar.com.mk/forum/

Суки лејк и Полуматурантот
http://mail.ribar.com.mk/forum/viewtopic.php?f=42&t=6818
Страна 12

АвторCOLON  borce [Вто Jул 11, 2017 10:30 pm ]
Наслов на мислењетоCOLON  Суки лејк и Полуматурантот

16.Октомври 2016-та,пристигна лична порака на сајтов,од Васил,не покани на риболов на Суки лејк и од тогаш,па се до 28.06.2017-та средата,мислите само натаму.
Средата запишување во средно училиште,спремни со полуматурантот Фико и четврток сабајле правец Софија.Наградно за одличниот успех. На бензиската Омв не пречека Васил и правец Суки.Пристигнавме околу 12.00 часот и ги гледам планините уште со остатоци од снег,си викам овде ќе биде свежо навечер.
[ img ]
[ img ]
[ img ]
[ img ]
[ img ]
[ img ]

Таму веќе пристигнати син му на Васил Алек,зет му Станимир(Професорот)и Ице,после некое време пристигнаа Дени-Кочани и Цобе-Штип.Распакување и веднаш зафрлување на трските и за околу час и половина првиот удар,сомче-лигавче удар на боила Чили на Солар.
[ img ]
[ img ]

Тоа беше се за тој ден,топлоoo,пеeeкол.
Муабети,стратегии за вечерта и мало внимание од Васил до полуматурантот(поклон ептен убав дуксер).Големо благодарам од Фико до чичко Васил.
[ img ]
[ img ]

Само што го снема сонцето почна да засвежува и Васил не предупредува да се облакаме,а ние чудно го гледаме,си викаме на таа жештинааа зар ке залади???
[ img ]
[ img ]

Удар немаше,си легнавме околу 23.00 и околу 02.30 пишти базата и трчање надвор,борба околу 15 минути и првиот крап е во кепот.
[ img ]
[ img ]
[ img ]

Утрото стратегија на Васил и наместо систем на дно,се смени на зиг риг,рибата не беше на дното,се бараше на околу 3-3.50 метра од дно.Во 08.40 удар кај Васил,кој од мерак му ја предаде должноста на Фико да ја извади рибата и борба околу 10-на минути и Амурот се најде во кепот на Васил,амур од 9 килограми.

[ img ]
[ img ]
[ img ]
[ img ]

Тоа беше се до попладнето кога го добивме првиот удар на Амур и точно пред да го кепнеме...откачи,односно ја скрши јадицата.

[ img ]

Тажното лице на чичко Васил
[ img ]

совети за нaреден пат од страна на Алек
[ img ]
[ img ]

Едно време Васил и Цобе од Штип ги снема со колата,а тие да ти отишле до Костенец да ни купат сладолед,да не изненаделе. :NotWorthy: :NotWorthy: :NotWorthy:
[ img ]

Во меѓувреме Фико си го правеше меракот и на тапа,му даваше караш,крапчиња и понекое сомче и црвеноперка.( на шеќерац )

[ img ]
[ img ]

Со дечките направивме понекое пивце,лав муабет и само што легнавме базата тииииииииииттититтиииит,пишти растура,ран каков што сите посакуваме.Трчање и трската камен,си велам тука е,голем е.Му викам на Фико,земи ја Мајсторе,вади ја,а тој одлучно ми вика мерак ми е Тато ти да ја извадиш.Полека го носам,му затегам,му пуштам,милина за душа,а до мене Станимир,мудро ќути.И одеднаш што му стана почна во лево да бега,а во лево трските на Станимир,Алек и на Ицо.Си викам толку беше од рибава,ми се заплетка.Но среќата голема,преку 10-ина трски поминати,доаѓаме на чистинка и ете го излага на површина.По одприлика половина час крапот се паркира во кепот и следуваше ноќна фотосесија.
[ img ]
[ img ]
[ img ]
[ img ]

Тоа беше се таа ноќ кај нас,а кај комшиите извадени 4-ри крапа и сабајлето фотосесија и пуштање назад во нивниот дом.
[ img ]
[ img ]
[ img ]
[ img ]
[ img ]


Саботата почна шоуто.Се редеа удари,успешни вадења и многу неуспешни.Рибата беше по активна од вчерашниот ден.
[ img ]
[ img ]
[ img ]
[ img ]
[ img ]
[ img ]
[ img ]

Еден од амурите што Фико го вадеше во два наврати имаше скокови над површната,од кои само на еден е фатен на дело,мерак невиден,сите со очите ококорени. :shock: :shock: :shock:
Снимкта е малку лоша :hit_head: добра е до 30-та секунда и после 2.10 минута

[ img ]
[ img ]
[ img ]
[ img ]

Се извадија и два капиталци од 18кг. и еден убав сом од 14 кг.( борба 45 минути,можеби 10-15 пати му земаше конец) Комшиите Дени и Цобе ги растурија цело време,алал да им е,воедно и еден Гоооолем поздрав до нив.
[ img ]
[ img ]
[ img ]
[ img ]
[ img ]
[ img ]

Би сакал да напоменам дека сите риби даваа многу борба,тоа беше впечаток на сите.
Освежување
[ img ]

Вечерта,како добри домаќини не угостија со убаво гезме,добра ракија,винце,милина,душата отворена како планина,муабети за мерак.
[ img ]
[ img ]
[ img ]
[ img ]
[ img ]
[ img ]
[ img ]

Утрото за испраќање ни дојдоа малите шатчиња,останати без мајка и цело време беа со нас,воопшто не се плашеа.
[ img ]
[ img ]
[ img ]


За крај,би сакал да искажам едно Гоооолемо благодарам до Васил-човекот со Големо срце,за одвоеното време кое прекрасно си го поминавме и како што имам напоменато дека на овој форум постојат луѓе со визија и убава мисла за едукација на младите за здрав живот.
Посакувам на секој риболовец да го посети ова убаво езеро,кое е покрај една убава голема планина и кое изобилува со риба која е стварно во добра кондиција.
Бистро на сите риболовци.

АвторCOLON  makedonium [Вто Jул 11, 2017 10:53 pm ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: Суки лејк и Полуматурантот

Еххх... Каква разгледница исполнета со задоволни ликови, секоја чест Боро за доловеното.
Се поминува во животот но спомените остануваат засекогаш.
Бистро

Послато са E560 уз помоћ Тапатока

АвторCOLON  Krki [Вто Jул 11, 2017 11:29 pm ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: Суки лејк и Полуматурантот

Odlicna reportaza so ubavi luge na ubavo ezero.

АвторCOLON  Spaiva [Вто Jул 11, 2017 11:42 pm ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: Суки лејк и Полуматурантот

Ц ц ц ...абе Борче шо ми праиш. :crazy:

Само што се вратив во реалноста после викендов од точно оваа вода, види сеа...

Репортажава е ТОП.

Поздрав до Фико, си напраил ќеф (заслужено) и се надевам дека еден ден ќе прерасне во еден од најдобрите крапџии во МК и пошироко.

Само напред, со фаќање риба се учи оваа наша "професија"

А за чичко Васил...no comment. :shake_hand:

АвторCOLON  saso [Сре Jул 12, 2017 1:05 am ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: Суки лејк и Полуматурантот

Bravo Borce a posebno za Fiko.
Ke go bide.

АвторCOLON  Филип [Сре Jул 12, 2017 7:58 am ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: Суки лејк и Полуматурантот

Ни порасна детето... Секоја чест :~~

АвторCOLON  leunovo [Сре Jул 12, 2017 9:17 am ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: Суки лејк и Полуматурантот

Bravo decki
Ubava reportaza :ok_ok: :ok_ok:

АвторCOLON  ТафТабиТ [Сре Jул 12, 2017 9:20 am ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: Суки лејк и Полуматурантот

За одличен ученик , одлична риболовна авантура :~~ :~~ :~~ заслужено , нема збор :NotWorthy:
Одлично друштво , убава репортажа и секако убави риби ... секоја чест за репортажата и да се множат вакви риболови :ok_ok:

АвторCOLON  Boris [Сре Jул 12, 2017 2:21 pm ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: Суки лејк и Полуматурантот

Вредела маката од толку денови за правење на репортажата. Браво име :lepi: За проводот што да се каже, кај што има риба има и многу можност за учење, пробување, грешење и повторно учење. Мајсторот се гледа дека си го има со амурите, уствари он е стар пријател со нив од Вратница кога му клецаа нозете :D ...сега веќе не клецаат, а и он веќе не слична килажа како амур :lol: станува сериозен играч ;) Убав провод, секоја чест за Васил и домаќините, да се множат....

АвторCOLON  vasil [Чет Jул 13, 2017 6:43 am ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: Суки лејк и Полуматурантот

Дојде и денот кога гостите од Скопје требаше да дојдат но за жал дојдоа и екстремно високите температури, незнаев како рибата ќе се однесува на такво време, дали ќе се храни, се беше подредено Филип и Борче да направат добар риболов, да имат четири убави дена на Суки Лејк
И за изненадување на сите рибата си работеше и тоа одлично, мило ми е што гостите останаа задоволни, да се надевам во некое блиско време да направиме и втор заеднички риболов.
Добро намерните се секогаш добродојдени

Страна 12 Часовникот е според Македонско време или според зоната: UTC_OFFSET Etc/GMT-2
Powered by phpBB® Forum Software © phpBB Limited
https://www.phpbb.com/