Берсин ... прекрасна вода на само 150 км од Скопје .
Вода во која никој не знае што се крие , вода полна со природна храна .
Бидејки се пријавивме на Купот на Берсин од 21-24 Септември , решивме со Јане да направиме еден тренинг риболов и да пробаме како работат мамците . Јане отиде уште во четвртокот да намести позиција а јас стигнав во петокот рано сабајле . Времето беше перфектно , исто како и најавата за него . Според прогнозата не очекуваа три сончеви дена со малку облаци и слаб ветер кој ни одговара . Но не е секогаш по прогноза
Позицијата наместена , Јане ја резервираше позиција 3 , кампот наместен и трските фрлени . Уште не истоварен веќе имаше 4 удари на трските на Јане . Малиот крап активен и решил да се храни Набрзина ги извадив и моите трски , се наместивме и уживањето можеше да започне .
Ударите се редеа , почнаа да се редат риби од 500-800 грама , земаше на една бојла , на две бојли ... на 2 - 20ки , на снешко , на диповано , на сингл мамец ... буквално земаше на се . Меѓу ситните секогаш доаѓа и некој крупен Имавме удари кои биквално ги изместуваа трските . Се извадија и убави риби но немавме среќа да добиеме капиталец . најголемата риба беше 6,2 кгс .
Неколку слики од уловите .
поздрав до сите колеги од убавиот Берсин и поздрав до Иван кој е одличен домаќин
_________________
Često popričam sa samim sobom, ali nemo'š budali dokazati.