www.ribar.com.mk http://mail.ribar.com.mk/forum/ |
|
ЕТЕ И ТОА МИ СЕ СЛУЧИ !!! СКРШЕН НОС ЧЕКАЈКИ СОМ !!! http://mail.ribar.com.mk/forum/viewtopic.php?f=42&t=643 |
Страна 1 oд 2 |
АвторCOLON | $DARE$ [Вто Jун 21, 2011 2:57 pm ] |
Наслов на мислењетоCOLON | ЕТЕ И ТОА МИ СЕ СЛУЧИ !!! СКРШЕН НОС ЧЕКАЈКИ СОМ !!! |
Поздрав колеги, и еве веднаш една потврда на она што погоре го напиша Аки! На моите малери им нема крај. Јас сум човекот кој што се самоповреди на 19.06 во 04:00ч во една џунгла на Вардар чекајки сом! Откако имавме прекрасна борба со една животиња која за жал небило речено да биде наша, се преместивме на непроверен терен. Ги префрлив трските и едната од нив ми се заглави во гранка не одалеченост од 20м од мене.Со сите финти и цаки пробував да ја одглавам ама безуспешно.Конецот 0.80мм не се кинеше никако, и запнав со сила да влечам накај мене со исправена трска нагоре.Таман гранката се помести и помислив дека ке го извлечам оловото (150гр. три шестоаголни плочки од по 50 гр) со се гранка, во дел од секундата тоа се откачи и како куршум ме погоди во носот и ме онесвести, притоа нанесувајки ми скршеница на носната рскавица со три исекотини и обилно крварење. Нормално по брза постапка завршив на ургентно каде ми беше извршена интервенција од М-р Д-р Габриела Копачева Барсова на која и искажувам јавна огромна благодарност.Имам неколку слики од лице место, ми беше срам да ги ставам ама еве се одлучив да споделам дел од мојата невоља со вас и воедно да укажам на опасностите кои што можат на сите нас да ни се случат при риболов !!! Ова е слика од лице место сликана за да видам откако се измив и исчистив од крвта како ми изгледа лицето Ова се слики по направените ренген снимки ги сликав денес за да ги ставам овде инаку се направени на 19. 6 А овде можете и да прочитате зошто не сум примил тетанус веднаш по повредата А имав испиено само 5-6 ракии Внимавајте сите вакви непредвидени грешки може да се случат секому, и ако знае некој бајачка нека каже да го разбијам малерот више еднаш ова што ми се случува страшно ме вади од контакт Поздрав и секое добро на сите, јас се враќам на вода за неколку дена |
АвторCOLON | Dimitar [Вто Jун 21, 2011 3:24 pm ] |
Наслов на мислењетоCOLON | Re: ЕТЕ И ТОА МИ СЕ СЛУЧИ !!! СКРШЕН НОС ЧЕКАЈКИ СОМ !!! |
Ц ц ц ц ц ц пијаница бееее |
АвторCOLON | $DARE$ [Вто Jун 21, 2011 3:27 pm ] | |
Наслов на мислењетоCOLON | Re: ЕТЕ И ТОА МИ СЕ СЛУЧИ !!! СКРШЕН НОС ЧЕКАЈКИ СОМ !!! | |
Ц ц ц ц ц ц пијаница бееее
Абе драпач со 5-6 ракии ли ме прогласуваш за пијаница хаххахахах
|
АвторCOLON | Филип [Вто Jун 21, 2011 3:27 pm ] |
Наслов на мислењетоCOLON | Re: ЕТЕ И ТОА МИ СЕ СЛУЧИ !!! СКРШЕН НОС ЧЕКАЈКИ СОМ !!! |
Даре, да не помисли дека влечеш сом после “пет-шест“ ракии? |
АвторCOLON | akiribar [Вто Jун 21, 2011 3:44 pm ] |
Наслов на мислењетоCOLON | Re: ЕТЕ И ТОА МИ СЕ СЛУЧИ !!! СКРШЕН НОС ЧЕКАЈКИ СОМ !!! |
brattuuuu mnogu mi e krivo i za dvete loshi slucki shto ti se slucile ama se nadevam deka tretata ke bide sreka i ke gi opravda prvite dve |
АвторCOLON | Dimitar [Вто Jун 21, 2011 3:48 pm ] | ||
Наслов на мислењетоCOLON | Re: ЕТЕ И ТОА МИ СЕ СЛУЧИ !!! СКРШЕН НОС ЧЕКАЈКИ СОМ !!! | ||
Ц ц ц ц ц ц пијаница бееее
Абе драпач со 5-6 ракии ли ме прогласуваш за пијаница хаххахахах Ти тоа дома да кажеш дека се биле 5-6 ракии,не на мене.... |
АвторCOLON | akiribar [Вто Jун 21, 2011 3:51 pm ] | |||
Наслов на мислењетоCOLON | Re: ЕТЕ И ТОА МИ СЕ СЛУЧИ !!! СКРШЕН НОС ЧЕКАЈКИ СОМ !!! | |||
Ц ц ц ц ц ц пијаница бееее
Абе драпач со 5-6 ракии ли ме прогласуваш за пијаница хаххахахах Ти тоа дома да кажеш дека се биле 5-6 ракии,не на мене.... |
АвторCOLON | vladimir [Вто Jун 21, 2011 4:30 pm ] |
Наслов на мислењетоCOLON | Re: ЕТЕ И ТОА МИ СЕ СЛУЧИ !!! СКРШЕН НОС ЧЕКАЈКИ СОМ !!! |
шо си толку сериозен на сликата? немај гајле е му вратиш на сомот |
АвторCOLON | Crucial [Вто Jун 21, 2011 4:55 pm ] |
Наслов на мислењетоCOLON | Re: ЕТЕ И ТОА МИ СЕ СЛУЧИ !!! СКРШЕН НОС ЧЕКАЈКИ СОМ !!! |
По риба да идеш, нос да скриш... божее |
АвторCOLON | $DARE$ [Вто Jун 21, 2011 5:18 pm ] | |
Наслов на мислењетоCOLON | Re: ЕТЕ И ТОА МИ СЕ СЛУЧИ !!! СКРШЕН НОС ЧЕКАЈКИ СОМ !!! | |
По риба да идеш, нос да скриш... божее
Друже не се смеј поплукај си и кажи скраја да е, Во моментов да не си ми во кожа, едвај дишам, ми се суши грло, а за болката да не ти кажувам.Башка ке имам доживотно лузна на лице. Гзот и рамото ми се лом од инекции, една рака апчиња пијам за недај боже крвта да не ми се зарази од оловото зошто ми направи отворена рана. Еее тоа ти е и јас несакав да се случи ама ете....ѓаволот ни ора ни копа ама тикви сади. Не ми е прв пат да работам со толкави олова но овој пат невниманието и непромисленоста си го направија своето ! Памет за друг пат !!!
|
Страна 1 oд 2 | Часовникот е според Македонско време или според зоната: UTC_OFFSET Etc/GMT-2 |
Powered by phpBB® Forum Software © phpBB Limited https://www.phpbb.com/ |