www.ribar.com.mk
http://mail.ribar.com.mk/forum/

Струма за сом - UPLOAD+залутано видео :)
http://mail.ribar.com.mk/forum/viewtopic.php?f=42&t=63
Страна 12

АвторCOLON  Poliz [Сре Ное 10, 2010 1:50 am ]
Наслов на мислењетоCOLON  Струма за сом - UPLOAD+залутано видео :)

После убавиот почеток на новата риболовна сезона :D сон не ни доаѓаше,додека не го повториме излетот од пред една недела.Местото-се знае :wink: пак истото на река Струма.Екипа-јас и Сокчето.Веќе ќе му викаме и спанкото :mrgreen:
Излетот ни започна така :arrow:
[ img ]
По два часа веќе се одвиваше точно така :arrow:
[ img ]
Важно си спие со црпка во рацете :mrgreen:
и со право :wink:
По само некоја минутка ,морав да го будам :D
Точно за оваа убавица-деверика од 2.600 кг :shock: :shock: :shock:
[ img ]
Фото сесија со рибата :arrow:
[ img ]
[ img ]
Досега немавме никакво искуство со девериките,и не знам таа од 2.600 дали спаѓа во редот на трофејни деверики,и не знам ни до колку може да нараснат .....сепак страшен кеф.
Излетот ни продолжи со пеколно многу ветер и периодични караши и деверики, неколку околу килото и др.поситни и многу ситни црвеноперки.
Кон пладне имавме страшен удар,20-30 метри конец се одмота за половина минута но пред самото засекување, рибата се откажа-многу чудно.
Малку покасно нов страшен удар -засекување и борба со доста сериозен противник,,сигнализатори.....амортизери.....горе,доле,лево,десно---и пукна конецот 0,35 :roll: :roll:
Веќе работата беше сериозна.
Вечерта поседевме со едни момци од Благоев Град-Краси и Слави-пивнавме од домашната им 50+ степени :roll: и полегнавме малку,не заради мене ,туку заради Сокчето-оти ич не се одмори кутриот преку ден :mrgreen: :mrgreen:
Вторник-станување рано,да не Ви кажувам оти Сокчето не успеав да го разбудам за да ги префрлиме трските сабајлечки.
Започнав сам ,ги сменив рипките на трите трски и токму дојде ред на четвртата-удар..страшен.
Ја закачив рибата и си започнав... СОКЧЕЕЕ...СОКЧЕЕЕ....СОКЧЕЕЕ но кој да ме чуе :mrgreen: :mrgreen: Долетаа Благоевградчаните од далеку,ја пробудија " заспаната убавица",додека јас мака мачев со зверот.По неколку минути во црпката се наоѓаше овој седум килограмов лепотан.
[ img ]
[ img ]
Ем стои,ем спие,хехехе
[ img ]
[ img ]
[ img ]
Еве ги и Слави и Краси со едно сомче :arrow:
[ img ]
Еве и слика за спомен :D
[ img ]
Сомот удри на црвеноперка на тапа.Конец 0,35..јадица 2.0
Излегуваа деверики од овој калибар.. :arrow:
[ img ]
[ img ]
А и досадни караши :arrow:
[ img ]
Погодете кој повторно спие :mrgreen:
[ img ]
Но рибите му доаѓаа сами,дури до спалната :mrgreen:
Јас се печам на топлите сончеви зраци:D
[ img ]
Сокчето се разбуди :D :D :D и во мигот извади едно 2.600 килограмово сомче
[ img ]
[ img ]
[ img ]
Последната слика на убавата деверика :arrow:
[ img ]
Последната слика на сите риби коишто заслужија да ги штракне апаратот :arrow:
[ img ]
нормално со шише Пелистерка од литро и половина :twisted:

АвторCOLON  СЪНДИ [Сре Ное 10, 2010 8:17 am ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: Струма за сом - UPLOAD

Яка група с яки сомета. :P

АвторCOLON  Poliz [Пет Феб 25, 2011 11:25 pm ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: Струма за сом - UPLOAD

Ајде,ајдеее му иде полека времето...... :D :D :D

АвторCOLON  saso [Саб Феб 26, 2011 12:20 am ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: Струма за сом - UPLOAD

Slusam za nekoj aktuelni zabrani za ribolov vo Grcija. Neznam kolku se realni?

АвторCOLON  naki [Нед Феб 27, 2011 5:43 pm ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: Струма за сом - UPLOAD

saso НапишиCOLON
Slusam za nekoj aktuelni zabrani za ribolov vo Grcija. Neznam kolku se realni?
saso brate zabranata pocnuva od 01.04.2011

АвторCOLON  saso [Нед Феб 27, 2011 5:48 pm ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: Струма за сом - UPLOAD

ova bilo nesto vonredno

АвторCOLON  emo vasilev [Нед Феб 27, 2011 10:22 pm ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: Струма за сом - UPLOAD

И при нас се говори за пълна забрана за реките Струма и Ангитис и пристанищата на Кавала ,Керамоти и др !

АвторCOLON  Poliz [Пон Maј 30, 2011 4:16 pm ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: Струма за сом - UPLOAD

Едно залутано видео од телефонот ;) :arrow:

АвторCOLON  pakost [Пон Maј 30, 2011 6:56 pm ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: Струма за сом - UPLOAD+залутано видео :)

bravo poliz odlicni reportazi vadis.....uste poodlicni parcinja riba.bravo.

АвторCOLON  akiribar [Пон Maј 30, 2011 7:41 pm ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: Струма за сом - UPLOAD+залутано видео :)

:lol: :lol: :lol: odlicno video ali cvorot vi beshe finale ahahahhah

Страна 12 Часовникот е според Македонско време или според зоната: UTC_OFFSET Etc/GMT-2
Powered by phpBB® Forum Software © phpBB Limited
https://www.phpbb.com/