РегистриранCOLONЧет Oкт 07, 2010 10:26 am МислењаCOLON4637 ЛокацијаCOLONSkopje
Саемот во Ниш пројде,...дојде време да се испроба артилеријата која се набави. 3 неработни дена, доволно за барем еден ден да се помине покрај вода и покрај прогнизите кои навестуваа и не баш најубаво време.
Локација, каде ако не Козјак, најбрзо, достапно и што е најважно место кое понекогаш знае да се насмевне и да биде пријателско настроено. Доцна во Петокот падна договор, несмасно спремање и сабајле веќе бевме на Козјак во состав Јас, Владимир и Мишо-Кременадла.
Сонцето не израдува дека денот ќе биде добар, но првата слика на Козјак беше следнава
Стандард, езерото под голем бел покрив од облаци кој не се тргна до 10-11 сатот, што не не спречи да тргнеме во потрага по рибите. Имавме пикирано едно 2-3 места каде што сакавме да застанеме и фрламе и 2-3 региони каде што планиравме да го извозиме теренот и да ја побараме рибата со влечење. Така и бидна.
Времето камен, ама затоа тука беше шишенцето со познатата жолта течност која не држеше загреани и добро расположени. Полека влегувавме во форма, на располагање беа доста нови воблери, спинери и блинкери, се бараше добитна комбинација. Менувај воблери, менувај бои, форми, менувај дубина, менувај тактики, не останавме мирни додека не излезе првиот.
Накај 10 часот конечно падна и првиот кленко, а после половина час и вториот, што ни даде за право да веруваме дека ова нема да биде промашен ден за риболов.
Полека се отвараше и небото, излезе и сонцето, а со сонцето малку се раскомотивме
Како излезе сонцето излезе и салатата од ранец. Одлично време и уште подобра атмосфера за риболов. Се растоваривме на едно место каде што мислевме дека ќе имаме резултат, но одпосле се испостави дека сме промашиле. Џабе потрошено време, повторно назад во чамец и правац кон другите пикирани локации. Паднаа уште неколку клена.
Некаде околу пладне имавме 4-5 клена, по што решив да пробам на еден нов спинер од нишлискиот саем кој веднаш даде резултат. Удар за кој очекувавме дека ќе биде некоја пастрмка, но сепак, повторно кленко.
Поминаа уште 15 минути и колегата Кременадла се потсети на една реченица за урочување што ја кажавме пред едно месец-два кога го урочи езерото и излегоа неколку јаки пастрмки,..... реченицата беше “Па има ли пастрмка во езерово у пи... матер“
Не пројдоа 2 минути одкако кажа, удар и контра. Рибата беше закачена и започна борба. Уште на стартот увидовме дека не е кленко од 600-700 грама, нешто покрупно мкнеше и небеше баш лесно за влечење. После првичните испробувања на силите конечно видовме кој се наоѓа на другата страна. Скок во височина по што ни стана јасно. Адреналинот нарасна за секунда. На трска имав јадра пастрмка која почна да скока како луда. Чудо едно колку е немоќен човек кога ова чудо ќе почне да скока. Невидена моќ во нејзините скокови, во тие моменти мислите се само “дали е добро закачена“, ако не е и ако човек не е добро присебен при работата со трската и амортизерот... пастрмката победува 100%. Но тоа не беше случај овојпат. Школска техника на изморување, на сцена новата Shimano Catana, присебност и пастрмката почна да попушта. Во тие моменти се соочивме со дополнителен проблем. Во брзањето вечерта, покрај тоа што сме ја заборавиле водата, никој не земал кепче, а кепчето не е за домаLaughing. Пристапивме кон фаќање на стариот начин, со рака и за малку ќе ја изгубивме пастрмката. Но тој ден не и беше среќен. Грабливецот беше совладан.
Во текот на пладнето немаше нешто посебно за издвојување, освен тоа што искочија неколку кумановски суџуци на скара, времето доста затопли, се пиеше вода од езерото и искочија уште неколку јадри кленковци.
Сумарно 11 кленковци, 2 пуштени и една пастрмка
Еве и едно сумарно видео и секако борбата на денот
РегистриранCOLONЧет Oкт 07, 2010 10:26 am МислењаCOLON4637 ЛокацијаCOLONSkopje
Кога веќе никој не пушта репортажа, мора да се обели образот Ова колку да се одбрани честа и да му парираме на другиов модератор (ако воопшто може да се каже дека некој може да му парира) да не каже дека само он фатил риба
I sega kako po obicaj koga ti e krivo zosto drug lovi riba a ti ne se vika od koga pocnuva zabranata za klen na kozjak aj za pastrmkata ne e zabrana ama klenot e zabranet cel maj
За забрана,од кога има на Козјак-искрено не знам,а за риболовот Борис сигурно ги пожолтел гаќите Фантастично момци-капитални риби,јак кеф,борба за мерак,адреналин,мезе,добро друштво.....Посакувам што повеќе такви излети на секој член на форумот
Часовникот е според Македонско време или според зоната: UTC_OFFSET Etc/GMT-2
Кој е Присутен
Членови кои ја разгледуваат оваа тема: 42 and 0 гости
Вие Не може да поставите нова тема на овој форум Вие Не може одговорите на теми на овој форум Вие Не може да промените мислења на овој форум Вие Не може да го бришите вашето мислење во овој форум