www.ribar.com.mk
http://mail.ribar.com.mk/forum/

КОЗЈАК ПРЕКРАСЕН РИБОЛОВ И ОДЛИЧНО ДРУЖЕЊЕ 04-05 ЈУНИ
http://mail.ribar.com.mk/forum/viewtopic.php?f=42&t=592
Страна 12

АвторCOLON  $DARE$ [Сре Jун 08, 2011 12:54 pm ]
Наслов на мислењетоCOLON  КОЗЈАК ПРЕКРАСЕН РИБОЛОВ И ОДЛИЧНО ДРУЖЕЊЕ 04-05 ЈУНИ

Епа драги пријатели риболовци по подолго време следење и читање на вашите новосоздадени теми со доста мака се обидов и јас да создадам една.Станува збор за риболов и дружење на прекрасното езеро Козјак кое подолго време го посетувам за рекреативен риболов и ладење на главата од секојдневните проблеми :). Така и овој пат, го посетив во петокот на 03 јуни, стигнавме рано сабајлето на брана (кај шо ги пуштаме чамците) а тамо немаше игла каде да падне.МИТИНГ !!!Сакавме само да се изрелаксираме. Разочарани се пробивавме меѓу рибарите и се сместивме на една карпа абе...... ко диви кози.Ништооо.... нема тука лезет парталите и назад ! Право дома и одма нов договор. Дефинитивно мора да се иде со чамец. 2-3 телефони и екипата беше спремна за дводневен риболов во саботата.05ч и тргаме.Стигнавме на брана а тамо иста песна.Чекаш пола саат за да си го пуштиш чамецот у вода, божем за млеко и леб се чека :) Дојдоа и нашите 5минути и кинисавме.Тргнавме на улив, наводно тамо јадело.По пат се изнагледавме убавини иако времето за почеток некако ни се мрштеше.
[ img ]
[ img ]
Беше бајаги ладничко а дуваше и некое ветерче абе смрзнавме !!!
[ img ]
[ img ]
Кога конечно се договоривме каде ке се сместиме и го врзавме чамецот, ги фрливме дубинските малку поднакрмивме и седнавме да згрееме душа.Нормално за аирлија векје се беше наместено и требаше да се направи дезинфекција на грлото :D
[ img ]
Водата беше мутна и освен некоја плашка ништо друго несакаше да мрдне добри 3-4 саати!У меѓу време моравме да ја таманиме жутата зашто почна да се топли :D Сменивме мамец, стаивме џигер и оп.... почна ! Ајде аирлија излезе првото кленче околу 300грама. По него и второ трето..... све ко у калап праени ! Ама ние несакавме да ловиме клен! Чекавме крап и караш....ама резултат немаше. Шо да праиме, се спакувавме и се преместивме друго чаре немаше. отидовме едно 2км погоре во едно заливче пуно гранки. Фрливме две раце шекерац и една- две топки крма и по 2 минути излезе првиот караш. Убав бабачко 400-500 грама и право у чуварка! И почна серија јадеше за мерак се докај 19ч. И тогаш ко отров да му фрли некој.Престана и нејкеше да чуе. Накрмивме добро и пошто више се стемни стаивме ампули, преместивме дубински, нафрлавме стара пченка и ни остана да чекаме.Луѓе верувајте цела ноќ НЕ ПИПНА НИШТО ! ! ! Дуваше силен ветер и цело ѓубре го донесе у заливот! Немаше фајде си легнавме! Сабајлето има што да видиш..... 5 кубика гранки околу чамецот :o И следуваше чистење!
[ img ]
Таман очистивме средивме и почнавме пак да си вадиме караш без пречки,нежно засвире шпунглата на една дубинка.Почна врвот да се витка и таман помисливме дека е некој покрупен караш, самата контра го покажа спротивното.Животињата тргна накај гранките. Држ недај, влечи пуштај, за кратко време овој убавец се најде во нашето кепче :D
[ img ]
[ img ]
И таман помисливме дека малерот е скршен, со прекрасен улов на клен и караш и на крај овој убавец, на тапа на лежење со мамец ЦУК медовина, и 4ка јадица имав прекрасен удар.Удрив една душманска контра, и го задржав........но само 10тина секунди :x .20-ка конец пукна ко петарда :shock: и со се тапа одгњури у дубина. Више не ја видов тапата!За 5 минути ме укаса оса ми потече раката! На следното ставање караш у чуварка уште еден шок :shock: Чуварката скината на дното. Поситниот караш нигде го нема! Нервоза, пцуење колку сакаш!Почна да врне, се спакувавме и си тргнавме. ова беше лично мојот улов за тие два дена.
[ img ]
По пат уште поголеми малери, од невремето што не фати додека си одевме неможевме да ги гледаме трупците по вода што пловат и двапати лупавме у нив и ни се кинеше кајла на моторот, па мењање зафрканции колку сакаш! Битно стигнавме живи и здрави очистивме рибата ја насоливме и за ден два требаше да се дегустира :D
http://img15.imageshack.us/img15/6204/img1420rx.jpg
http://img847.imageshack.us/img847/8750/img1423g.jpg
Така заврши мојот риболовно малерско среќен викенд :D
До следното видување на терен со рибарски поздрав БИСТРО ги поздравувам сите риболовци.
ПС: ОГРОМНА БЛАГОДАРНОСТ ДО КИРЕ што ми помогна околу изготвивањево на мојот излет ! ПОЗДРАВ

АвторCOLON  kire [Сре Jун 08, 2011 1:05 pm ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: КОЗЈАК ПРЕКРАСЕН РИБОЛОВ И ОДЛИЧНО ДРУЖЕЊЕ 04-05 ЈУНИ

ЦЦЦЦЦЦЦЦ,аииии после јас не сум се јавувал :lol: :lol:
Шала се разбира :D ,Даре одлично сте поминале супер.Инаку имаше утакмицава и второ полувреме ама пусти батерии од апаратите празни.Инаку карашите беа како локум.
Здраје боже ке направиме еден заеднички риболов,на Козјак има колку сакаш вода нема потреба од пожарни :lol: :lol:
Ете што значи амблемче одма репортажа,не за џабе викаат фрли рипче фати крапче :lol: :lol:

АвторCOLON  Филип [Сре Jун 08, 2011 1:26 pm ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: КОЗЈАК ПРЕКРАСЕН РИБОЛОВ И ОДЛИЧНО ДРУЖЕЊЕ 04-05 ЈУНИ

Супер репортажа, ама јас никогаш не би се откажал од клен за караш ;)

АвторCOLON  kompir99 [Сре Jун 08, 2011 1:36 pm ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: КОЗЈАК ПРЕКРАСЕН РИБОЛОВ И ОДЛИЧНО ДРУЖЕЊЕ 04-05 ЈУНИ

^^^ Moj covek...isto mislenje...Vo sekoj slucaj odlicno druzenje i reportaza samo prodolzete...

АвторCOLON  $DARE$ [Сре Jун 08, 2011 2:25 pm ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: КОЗЈАК ПРЕКРАСЕН РИБОЛОВ И ОДЛИЧНО ДРУЖЕЊЕ 04-05 ЈУНИ

Филип НапишиCOLON
Супер репортажа, ама јас никогаш не би се откажал од клен за караш ;)
se slagam ama ti objasniv klenovite bea sitni se gleda i od slikite na masa osven tie dva tri pokrupni a vodata bese mutna mnogu i morase da se preorientirame ama ne bese za dzabe ovoj pat :D
kompir99 НапишиCOLON
^^^ Moj covek...isto mislenje...Vo sekoj slucaj odlicno druzenje i reportaza samo prodolzete...
Abe druzbata si bese top, samo sto ja neznam so maler me utepa, koj li komsija me vide sabajleto koa idev, maler mu e*am ko da me zamoca :D :D :D
vo sekoj slucaj fala za pozitivnoto mislenje
kire НапишиCOLON
ЦЦЦЦЦЦЦЦ,аииии после јас не сум се јавувал :lol: :lol:
Шала се разбира :D ,Даре одлично сте поминале супер.Инаку имаше утакмицава и второ полувреме ама пусти батерии од апаратите празни.Инаку карашите беа како локум.
Здраје боже ке направиме еден заеднички риболов,на Козјак има колку сакаш вода нема потреба од пожарни :lol: :lol:
Ете што значи амблемче одма репортажа,не за џабе викаат фрли рипче фати крапче :lol: :lol:
Абе ти си мој брат, поддршката и дружбата со позитивни луѓе неможе да донесе лош помин на риболов, едино малер да не те запука, ама и тогаш ако не јаде рибата, тоа не е никаква пречка да не јадеме ние :D :D

АвторCOLON  Crucial [Сре Jун 08, 2011 2:45 pm ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: КОЗЈАК ПРЕКРАСЕН РИБОЛОВ И ОДЛИЧНО ДРУЖЕЊЕ 04-05 ЈУНИ

Браво Даре одличен улов ! ;)

АвторCOLON  $DARE$ [Сре Jун 08, 2011 2:57 pm ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: КОЗЈАК ПРЕКРАСЕН РИБОЛОВ И ОДЛИЧНО ДРУЖЕЊЕ 04-05 ЈУНИ

Crucial НапишиCOLON
Браво Даре одличен улов ! ;)
Фала брат да си жив и здрав да ти даде господ најмалку дупло од мојот улов да фатиш :D
Битно да се направи мерак !!!

АвторCOLON  Dimitar [Сре Jун 08, 2011 3:23 pm ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: КОЗЈАК ПРЕКРАСЕН РИБОЛОВ И ОДЛИЧНО ДРУЖЕЊЕ 04-05 ЈУНИ

Браво за уловот брат,инаку добро си го зграпчил крапот требало и опашката да му ја пресечеш...за секој случај да не избега :!: ....шала брат :)

АвторCOLON  Lepi [Сре Jун 08, 2011 3:29 pm ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: КОЗЈАК ПРЕКРАСЕН РИБОЛОВ И ОДЛИЧНО ДРУЖЕЊЕ 04-05 ЈУНИ

... супер улов и интересна репортажа, браво ;) Ко Фото-Модели ти имет позирано, од двете страни ги имаш сликано, само плашките по еднаш, ама ај ко ќе пораснет и нив :mrgreen:

АвторCOLON  Boris [Сре Jун 08, 2011 3:40 pm ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: КОЗЈАК ПРЕКРАСЕН РИБОЛОВ И ОДЛИЧНО ДРУЖЕЊЕ 04-05 ЈУНИ

Интересна репортажа, ме бендисува раскажувањето, со два три збора си раскажал доста случувања, само напред

Страна 12 Часовникот е според Македонско време или според зоната: UTC_OFFSET Etc/GMT-2
Powered by phpBB® Forum Software © phpBB Limited
https://www.phpbb.com/