www.ribar.com.mk

Вашите рибарски приказни...
Сега е точно : Чет Ное 07, 2024 1:36 am

Часовникот е според Македонско време или според зоната: UTC_OFFSET Etc/GMT-2




Испрати нова тема Одговори на тема  [ теми ] 
Автор Порака
 Наслов на мислењетоCOLON Амури-јули 2010 + клипче
ТемаИспратеноCOLONНед Jун 05, 2011 2:07 pm 
Отсутен
Дружељубив
Членски аватор

РегистриранCOLONВто Oкт 26, 2010 9:38 pm
МислењаCOLON1320
ЛокацијаCOLONStrumica
Многу сум уморен, но и многу на кејф ,така да, уште го слушам во главата свирењето на сигнализаторите.

Но да започнам по ред.....
Одењето во таа пуста Грција освен што ми носи незаборавни риболовни моменти, носи и нешто друго. Пријателства и тоа не обични туку силни и трајни. За што станува збор, ќе ви стане јасно. По неколку телефонски разговори со човек од Грција, којшто ни јас го познавав, ни тој ме познаваше, како на мајтап се договоривме за заеднички риболов. Договорот беше следниот. Тој да ме однесе на некое езеро, кадешто имало многу риба.
До тука се звучеше познато, како некој стар шаблон-нели секој може да ти го вети тоа? Договорот беше за една недела од како се чувме да тргнеме. Минаа 3-4 дена, пријателот го нема ни под дрво ,ни под камен.....а ние со Сокчето готови, пушки неиспукани и желни за риболов како никогаш досега, после сите приказни за рибите што живееле во тоа езеро.

Не заеба Гркот-му викам. Што друго очекуваше-му викам на Сокчето. Ми вети дека ќе ме носи за голем крап, тргнување во петок, па човекот ќе вози 160 км од дома, само за да ни го покаже езерото, па ќе се вратил назад оти имал работа сабота сабајле, и по работата, во сабота поручек пак ке дошол кај нас да ни прави друштво. По неговите зборови требаше да вози 600-700 км само за нас......а не не ни познава...Преубаво за да биде вистина нели?
И нели реков оти како во земја да пропадна, а ние готови за риболов.....Да кажам и тоа дека од понеделникот до четвртокот му се јавив најмалку 5-6 пати и никој не крена слушалка....
Во четвртокот веќе без никаква надеж за одење на езерото од бајките, веќе принудно кроевме план Б со Сокчето, кога крајно неочекувано телефонот заѕвони. Тој беше... Smile
Разговорот започна со големо извинување оти не ми се јавил, затоа што бил 3 дена на риба без телефон ,рибарска причина, мора да се прости,хехех и ме праша дали сме готови.
Ние не да бевме готови..Laughing
Веднаш договор за другиот ден и веќе се одеше по планот, како подмачкано. Минавме откај него дома, откако прво не пречека во градот и не однесе на доручек и кафе и замислете ги качи во колата жена му и девет месечното бебе и по 35 степени жештина,т ргна да не носи на езерото. Стигнавме и шпартавме сите заедно уште 2-3 часа за да најдеме место, кошто ке ни одговара за 4-дневниот излет. Откако се скрасивме под едни дебели јавори, човекот си тргна со фамилијата под рака и рече дека утре после работа ќе ни се придружи во риболовот. Покасно ќе се навратам да ви кажувам уште за него, оти уште не ми се верува каква жртва направи за нас.
Бевме тројца, јас, Сокчето и Дацо. Знаејки оти има крап, бевме спремни со 20 кг бојли и 12-13 кг пченка. Заранивме и започнавме со чекање.
[ img ]
Се ловеше од некаков док, тој дел од езерото излегуваше на едно гратче, а другиот дел беше див и затревен. Го избравме гратчето само заради дебелите сенки и големите жештини. Откако се наместивме започнавме со риболов. За 2-3 часа следуваше еден удар, коишто не навестуваше таква рибетина. Свингерот благо падна,додека го оптегнав, пак благо се спушти и веднаш засеков и следуваше неверојатна борба со една дива риба со којашто се среќавам за прв пат-АМУР.

Неколку пати доаѓаше до црпката и кога ќе ја видеше полудуваше, дури и влезе во црпката и со луд скок пак беше во длабочините. Многу подобар борец од крапот...За 7-8 минути в црпката се најде овој 14 килограмов убавец
[ img ]
[ img ]
Полни со надеж за успешен риболов, легнавме на неколку метри од трските. Легнавме, но дали некој склопи око? Laughing
Вечерта мина без удар.
Наутро започнавме со прихрана со бојли со кобрите
[ img ]
Едно крапче ни посака убав ден
[ img ]
[ img ]
[ img ]
[ img ]
Додека ги чекавме големите риби една змија сакаше да влезе кај амурот во сакот. И го спасив животот, хехех
[ img ]
[ img ]
Јас и Сокчето веќе бевме на масата да ја дегустираме чорбата на Дацо
[ img ]
, кога наеднаш сигнализаторот полуде. Не се ни потрудивме да станеме, затоа што масата со се чорбата ќе летнеше во воздух . За сметка на тоа Дацо веќе ја имаше под контрола
[ img ]
[ img ]
[ img ]
Десетка
Сокчето си ги фаќаше секакви
[ img ]
и едни караши мутанти до кило и половина, но заборавив да ги сликам...
И се започна...
[ img ]
[ img ]
Ни лошото време не ни ја расипа атмосферата Laughing
[ img ]
а ни софрата Tongue out
[ img ]
[ img ]
Пријателот веќе беше со нас. Дојде со полн фрижидер Амстели и вечерта ни помина екстра интересно слушајќи ги неговите приказни за тајните на многу нови и неоткриени езера и реки низ Грција.
[ img ]
Другиот ден, веќе влезе во штос
[ img ]
[ img ]
Па Сокчето
[ img ]
[ img ]
[ img ]
И така еден по еден-сите си го правевме кефот со екстра борбените амури
[ img ]
[ img ]
[ img ]
[ img ]
На крапот веќе и заборавивме.
За целото време локалните риболовци не кружеа од сите страни, не им беше јасно што се случува. Сите беа рибари ,но...едвам за цела година по нивни зборови се извадиле од езеорото само 2-3 амури Sealed Па се започна со препишување рецепти за бојли, летаа пива и кафиња од секаде Laughing и дури бевме сведоци и на тешки расправии меѓу нив, кој да седне на нашето место од понеделник кога ќе си тргнеме
Ние и натаму си ја теравме веселата страна од излетот
[ img ]
Имаше бура и сонце наеднаш-не мечка, туку амур се жени,хехехе
[ img ]
Веќе се ближеше крајот на излетот. Планот беше да се наспиеме и да си тргнеме рано в понеделникот.
Слика на двајца расположени
[ img ]
А и на четворица
[ img ]
Седум парчиња ,коишто во понеделник наутро пред тргнување, веќе беа осум

Незаборавно.
Рибите беа со тежина од 9 до 17 килограми и со средна тежина от 13,5 кгWink
Од таму пријателот не сакаше ни да помисли да не пушти да си одиме дома, туку право кај него на кафе. Кафето се продолжи цели 3 часа во гледање на многу трофејни албуми, разговори за идни риболови, покани за гости со семејствата... Срце големо, ретко таков човек ,плус за нашето спорно прашање со соседите имаше само еден логичен одговор—Ако ти Никола, ми викаш оти се викаш Никола, можам ли јас да те викам Јорго или Коста, или....Се е јасно нели?
Сега една недела на морето со фамилијата и одпосле човекот не води во нови авантури

П.С

Уште некоја убава фотографија-----
[ img ]
[ img ]
[ img ]
[ img ]
[ img ]
[ img ]
[ img ]
На крај и едно видео од овој настан кој веруваме дека никого нема да остави рамнодушен.

Кога вадите ваков амур, мислете му ја !


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: Амури-јули 2010 + клипче
ТемаИспратеноCOLONПон Jун 06, 2011 9:10 am 
Отсутен
Дружељубив
Членски аватор

РегистриранCOLONСаб Maр 19, 2011 11:55 am
МислењаCOLON1040
ЛокацијаCOLONBitola
Браво за екипата одличен улов


Кон врв
Покажи постара темаCOLON Сортирај по 
Испрати нова тема Одговори на тема  [ теми ] 

Часовникот е според Македонско време или според зоната: UTC_OFFSET Etc/GMT-2


Кој е Присутен

Членови кои ја разгледуваат оваа тема: 27 and 0 гости


Вие Не може да поставите нова тема на овој форум
Вие Не може одговорите на теми на овој форум
Вие Не може да промените мислења на овој форум
Вие Не може да го бришите вашето мислење во овој форум

Оди доCOLON 

POWERED_BY
Преведено на Македонски од : nescafe, Read Here Forum