И покрај катастрофалните временски прогнози....секој ден невреме...дождови...големи води....сепак решивме да го одработиме однапред договореното.А тоа беше риболовот договорен со Аце Максим и Томче
Тргнување од Струмица во доцните попладневни часови,патување цело време по пороен дожд
И пристигнување на реката во темница.Правење салата со Мики и во очекување на Аце и Томче да пристигнат,фрливме по некоја трска Една убава црна мрена за сефте
,спој со остатокот од екипата...мала седенка до жуборливата река и накај 2-3 наутро решивме да му ја легнеме докај 4-5
Од мамец по втор пат по ред останавме без бели црви,не по наша вина,па имавме само пијавици и чаирски.
Благодарение на Аце,имавме и пресна трева од Треска и шоуто можеше да започне Инаку за мене и Мики ова беше прво вакво искуство во риболов на трева...па нека каже Аце Максим како се покажаа учениците
Спремање на екипата,па у напад
Удараа добри бојници и уште подобри кленови
Од сите страни се слушаше-ТУКА Е...
Реката-брза,разматена,надојдена..ама не ни сметаше.
Еве двајца мајстори
и прославениот мамец
Времето се менеше како на филм,и тоа во крајности.Втората вечер ја поминавме по активно од страна на риболов.Пијавиците си ја завршија работата и ги затепавме јагулите
Измеѓу нив-напад на сомчиња-бебиња.Нека растат....
Па и позираат алал да им е.
Но ,не е се во рибата..дојде време и за другиот дел од риболовот-софрата
Но прво бањање во реката
и секој со своите задачи околу масата
Заебанции еден куп и времето со таква екипа летна многу брзо и требаше да се враќаме за финелето Лига Шампиони.А и доста беше-направивме кеф.
Уште некоја слика со рибите
Часовникот е според Македонско време или според зоната: UTC_OFFSET Etc/GMT-2
Кој е Присутен
Членови кои ја разгледуваат оваа тема: 41 and 0 гости
Вие Не може да поставите нова тема на овој форум Вие Не може одговорите на теми на овој форум Вие Не може да промените мислења на овој форум Вие Не може да го бришите вашето мислење во овој форум