www.ribar.com.mk
http://mail.ribar.com.mk/forum/

Река Треска влив Македонски Брод.28.05.2011
http://mail.ribar.com.mk/forum/viewtopic.php?f=42&t=550
Страна 13

АвторCOLON  kire [Нед Maј 29, 2011 8:10 pm ]
Наслов на мислењетоCOLON  Река Треска влив Македонски Брод.28.05.2011

И конечно по 5 месеци најдовме време да одиме по риба.Каде да се оди,едногласно на влив на Треска.
Тргнавме во петокот поручек и околу 22h бевме на место.Бидејки одевме само по втор пат :oops: инструкции каде да ловиме добивавме по телефон од други рибари кои често одат таму а тргнаа покасно од нас.Поставивме шатор се сместивме и почнавме да фрламе.Местото беше длабоко околу 5м,водата се качила доста изминатата недела така барем ни кажаа рибарите следниот ден.Другата екипа се смести погоре под вливот на Беличка во Треска не викаа да се преместима нагоре бидејки водата е надојдена но веќе беше касно за таа работа.
Утрото беше прекрасно
[ img ]
миланезе во акција
[ img ]
Еве го и мајстор Трајче
[ img ]
А еве ме и мене
[ img ]
Сабајлето попадиката добро работеше,покасно се насобра многу плашка која удираше не се што ке фрлевме,па попадиката се потешко доаѓаше до мамецот.Дојде време за одмор и масичката беше брзо спремна
[ img ]
а мавнавме и понекоја жолта :roll:
[ img ]
Горе ваделе попадика ама нас и тука ни беше добро,и тогаш околу 14,30 мислиш се спои небо и земја,грмење,дожд,град,ветар ги собравме набрзина работите во шаторот и правец во колата
[ img ]
патот по кој дојдовме
[ img ]
Во шаторот се беше мокро,немаше друго правец за Скопје.Невремето ни ги расипа плановите бидејки сакавме да останеме и другиот ден но со природата нема играње.
Риба фативме иако морам да признам очекувавме повеќе
[ img ]
Здравје боже повеќе следниот пат.Најважно е дека батериите ги наполнивме до даска :D

АвторCOLON  Poliz [Нед Maј 29, 2011 8:46 pm ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: Река Треска влив Македонски Брод.28.05.2011

Браво Кире ;) добар провод,не требало да бегате од невремето :mrgreen: :mrgreen: оти мокар од дожд не се плаши :mrgreen:

АвторCOLON  spiro_jas [Нед Maј 29, 2011 8:55 pm ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: Река Треска влив Македонски Брод.28.05.2011

mnogu dobro kazano :lol: :lol: :lol: :lol:
inace super druzba ste naprajle - po propis

АвторCOLON  akiribar [Пон Maј 30, 2011 12:21 am ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: Река Треска влив Македонски Брод.28.05.2011

opa ne sum go jadel samo jas na forumov hahahah nije deka peski idevme do kola full so oprema bev mokar kako nekoj vo reka da me frlil kisla bev hahahah ama imashe adrenalin na gromovite :) i mene mi gi rasturi vremeto planovite ama jebiga bolje i malce na reka tamu otkolku ic..klen krupen ne iskoci a?

АвторCOLON  kire [Пон Maј 30, 2011 7:20 am ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: Река Треска влив Македонски Брод.28.05.2011

Клен не удри,ниту пак се појави да рипа да даде знак.Имавме џигер,дренки,шекерац ама ништо.Едноставно од плашката немаше спас.Горе кај тебе ја имаше ли плашката.Од спротивниот брег се мрестеше риба,тревите и врбчињата покрај вода мрдаа цело време и силно шлапање се слушаше.Кога ги чистев рибите секоја трета попадика беше со икра а од плашките секоја втора.

АвторCOLON  Филип [Пон Maј 30, 2011 7:56 am ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: Река Треска влив Македонски Брод.28.05.2011

Попадиките на Аки уште кога го виделе, од страв ја исфрлиле икрата :)

Кире, па не било толку лошо бе ко шо ми кажа на тел! :) Убаво сте поминале ;)

АвторCOLON  Boris [Пон Maј 30, 2011 9:43 am ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: Река Треска влив Македонски Брод.28.05.2011

Oooo добра активност изминативе денови, репортажи на сите страни, одличен провод момци

АвторCOLON  Crucial [Пон Maј 30, 2011 10:40 am ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: Река Треска влив Македонски Брод.28.05.2011

Браво Кире, повеке не ти треба доста е. :D

АвторCOLON  akiribar [Пон Maј 30, 2011 10:58 am ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: Река Треска влив Македонски Брод.28.05.2011

ne be i kaj nas nejkeshe da iskoci kljen iako mi spomnaa edni meshtani deka nad mene nekoj imal pola vreka so krupen kljen ahahahhah a za plashkata go reshiv problemot staviv pokrupna jadica i mnogu poretko ja vadev a stavav i po 3 beli crvi

АвторCOLON  kire [Пон Maј 30, 2011 1:23 pm ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: Река Треска влив Македонски Брод.28.05.2011

И ние стававме поголеми јадици,ловевме со 10 што е приближно со 9 како што си ловел и ти и стававме по 4-5 бели ама немаше спас од плашката.Инаку дренки имавме ама не пробавме,јеби га следиот пат. ;)

Страна 13 Часовникот е според Македонско време или според зоната: UTC_OFFSET Etc/GMT-2
Powered by phpBB® Forum Software © phpBB Limited
https://www.phpbb.com/