www.ribar.com.mk
http://mail.ribar.com.mk/forum/

Колку пари е кило пастрмка?
http://mail.ribar.com.mk/forum/viewtopic.php?f=42&t=503
Страна 12

АвторCOLON  ilija [Чет Maј 05, 2011 11:58 pm ]
Наслов на мислењетоCOLON  Колку пари е кило пастрмка?

Си врткам јас по форумов и гледам чат-пат ќе се појави некоја добра риба,кога малку подоле ќе прочитам дека не е фатена кај нас.Седам една вечер и се одлучувам и јас ко Козле-Бозле да си го најдам моето Прчево.Си правам калкулации ако овие вадат килаши на 300 км ,колкава ли ќе биде мојата ако поминам 2-3000 км.И би така.Палам јас авионот и одам Шведска.

Таму ме чекаше мојот другар дебармаалец Атиле кој живее и твори во Шведска.
Букирал место во еден рибарски камп налик на Национален парк Маврово кој има седум езера и река за мушичарење.Во зависност од ревирот има различни риби,правила на фаќање и картата е различна.Ние се одлучивме за FF т.е.мушичарење со шнур на реката.Има само пастрмка и дозволено е само на мушица а картата е 60 евра на ден.

[ img ]
[ img ]
Местото е посетувано од рибари и ги има сите реквизити за човек да се чувствува дека тое е.

Може и со приколка кој му се може
[ img ]
Ние се сместивме во колибата на чичко Том од 12 м2. 50 евра на ден.
[ img ]
Вечерта уз кебапи,салата и ракија му реферирав на Атиле колку е тешка живеачката(без риба во реките) во Македонија и дека сме зафатени од криза(за дозволи)
[ img ]
[ img ]
Човекот со солзи во очите ме слушаше.Мора да сме претерале со кромид во салатата.
И така си легнавме спремни за првото утро во кое ќе си ја одмериме снагата на трските.
Ден први.
[ img ]
Утрото се згнавме кон реката.Таму не дочекаа рибари од Чешка,Данска и нормално домашни.Дозволено е само 10 рибари на цела река.Иначе реката е долга 1 км.и е контролирана рибата во неа т.е. секоја вечер пуштаат нова риба еквивалент на она што е фатено во текот на денот.Можеш да земеш 3 риби.Пошто е сеуште рана пролет и инсектите не се присутни одлучивме да фаќаме на стримери.И имаше резултат.Фативме пастрмки од 2.5-3 кг.Некои земавме за дома а нешто и пуштавме.Најголемата што ја фатив беше 2950 г и беше најголема за тој ден.Следниот ден фативме уште по некоја од 2.5 кг а еден Шведо извади една од околу 4 кг.Мене ми скина некоја животиња од над 6-7 кила затоа што не можев да ја мрднам од место.Конецот од 0.25мм беше како материјална точка за неа.
[ img ]
[ img ]
[ img ]
Вечерта одлучивме да ја поминеме во сауна( на детоксикација од овие големи риби).
Едноставно морав тоа да го исфрлам од мене иначе како ќе се вратам дома и ќе фаќам пастрмчиња од 200-500 г.
Наравоучение:Фатив околу 12 кг риба.Карта Македонија-Шведска 300 евра,дозвола 120 евра,спиење и јадење 180 евра....
Колку пари е кило пастрмка?
Околу 50 евра.
Кој сака има позади Буњаковец за 250 денари и тоа пржена.
Не ги прашав рибите можеби исполнуваа по некоја желба па затоа се толку пари?
Но како и кај Козле-Бозле кој скапо го плаќаше неговиот пат барајќи го Прчево.
А кејфот...нема цена.

АвторCOLON  Баџо [Пет Maј 06, 2011 10:47 am ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: Колку пари е кило пастрмка?

Barem ke imas sto da raskazuvas ;)

АвторCOLON  Poliz [Пет Maј 06, 2011 10:55 am ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: Колку пари е кило пастрмка?

Lepi napisa
... да си појдеше поубо на Треска, ем поефтино, ем поблиску и Калифорниски имат исто како и во Шведска :lol: Едино околината кај нас во МК е пошаренолика и во појќе бои и материјали(најлони, најлончиња, лименки, пластични шишиња) :mrgreen:

jupi НапишиCOLON
Izvadil si ribolov kako od sonistata! I druze kejfo ima cena. ;) ..... Sekoj kejf se plaka
Филип НапишиCOLON
Репортажа - фантазија! Плус ФФ - мераци!Љубоморен сум!!! :D
saso НапишиCOLON
Bravo Ilija,
Si ja napolnil dusata.
Boris -ribar.com.mk НапишиCOLON
Илија чув дека на антартикот појше јадело.... :D :D :D шала, Ќејфот нема цена, мислам дека тоа е правиот наслов за репортажава

АвторCOLON  Boris [Пет Maј 06, 2011 11:18 am ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: Колку пари е кило пастрмка?

Ilija шо мака видовме да ја средиме репортажава во едно, верувам не се љутиш, ги префрливме сите слики и коментари во една репортажа, ама првите 2 слики отидоа курбан при операцијата, бидејки тие 2 не ги сочувавме ќе треба ти да ги поставиш пак во почетокот. Еве ти најлесен начин : Одиш на http://www.pic.mk/ таму ја поставуваш сликата и веднаш ти дава линк кој го поставуваш во текстот од репортажата, без да ги поставуваш сликите како attacmenti , поздрав

АвторCOLON  Atanasovski [Пет Maј 06, 2011 1:02 pm ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: Колку пари е кило пастрмка?

Peglic, komentarot ti e dobar "Ovaa nema opas" :lol: Inace ideata bese ribite da se vadat bez kepce nego so raka. Bez razlika na nivnata golemina. Najlesen nacin e da ja izmoris do kraj i na kraj za opas i vleci ja od voda. Megutoa ribava na videovo nema opas!!! Zaklucok na Ilija. :lol: :lol: :lol:

АвторCOLON  saso [Пет Maј 06, 2011 1:27 pm ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: Колку пари е кило пастрмка?

Pa nema opas zosto se od mrestilista kade nemaat prirodna selekcija.
So vakov opas ne bi mozela vo normalni uslovi da prezivee.
Ne bi mozela da brka hrana a i bi ja papala nekoja stuka.

АвторCOLON  Atanasovski [Пет Maј 06, 2011 2:00 pm ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: Колку пари е кило пастрмка?

Opas ima, meguta perkata i je kao podsecena. Kaj nekoj se podolgi kaj nekoj pokratki. Nego samo mi dojde smesno,i togas i sega koga go gledav videovo.

АвторCOLON  Zlatko [Пет Maј 06, 2011 2:04 pm ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: Колку пари е кило пастрмка?

Druze kazi nesto poveke za ezerata, ili ako imas nekoja slika.......sto vidovi riba ima i uslovi

АвторCOLON  Atanasovski [Пет Maј 06, 2011 3:10 pm ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: Колку пари е кило пастрмка?

Zlatko НапишиCOLON
Druze kazi nesto poveke za ezerata, ili ako imas nekoja slika.......sto vidovi riba ima i uslovi
Eve link za nivnata strana. Imas i na angliski. Okolu cenite cisto za orentacija 1 evro e 9 kruni. Ako nekoj slucajno e zaiteresiran,moze slobodno da mi se obrati i ke mu iskocam vo presret. Ako nisto drugo mozam da go precekam i upatam ponatamu. http://portal.buyit.se/harasjomalaportal/

АвторCOLON  Poliz [Пет Maј 06, 2011 6:12 pm ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: Колку пари е кило пастрмка?

Пофалби за страшната прошетка :lol: Кејфот цена нема,кој ужива во тоа-не жали и последните пари ги дава за нашата болест ;) Добри риби ,добар амбиент...само може да завидуваме позитивно :D

Страна 12 Часовникот е според Македонско време или според зоната: UTC_OFFSET Etc/GMT-2
Powered by phpBB® Forum Software © phpBB Limited
https://www.phpbb.com/