www.ribar.com.mk http://mail.ribar.com.mk/forum/ |
|
Мавровски оргазам http://mail.ribar.com.mk/forum/viewtopic.php?f=42&t=4901 |
Страна 1 oд 6 |
АвторCOLON | kompir99 [Вто Maј 13, 2014 9:48 pm ] |
Наслов на мислењетоCOLON | Мавровски оргазам |
Како почна,што знам спонтано..Горјан се јави кај Даре,Даре кај мене ја кај Горјан и се така во круг.. Репортажава немаше да биде комплетна ако не беше и колегата Оки рибар такозвани мајстор за филмофотографија мамамијаенциколопедија со неговата екипа... Стигнавме сабајле по раничко за да ја начекаме усте мамурна.Почнавме да ја чешламе Леуновска брана едно два (2) саати али немаше никаква активност и немавме ниеден удар..Па продолзивме понатаму по заливот и таму иста песна кај колегите ништо а кај мене...Ладно пивце... Уствари повод за моето одење беше и пробување и промовирање на новата трска која ја меркав усте од лани..Се работи за Американска фирма Ст.Кроих која прави високо квалитетни трски.И можам да ви казам дека на поубав и поспектакуларен начин неможев ни да се надевам...Сликава кажува се... Дојде скоро десет часот и решивме да се префрлиме на Црн камен,омилената дестинација на секој рибар,ретко кој оди во Маврово а да не го посети тој терен.Познато е таму дека секогаш држел риба а поготово пастрамка...Приборот со кој ловев беше трска Авид,конец спидервире 0,12,предвез флуорокарбон 0,30,машинка блуе арк и касика Абу тоби 12 грама....позициите фатени и мафтањето почна..Приметив дека имаше две јата на белвици кој патролираа покрај обала и баш тие ми даваа надеж дека кај е ситнежот таму е и крупната риба..После некои триесетина минути езерото бесе невероватно смирено и баш таа мирна Мавровска идила ја наруши молскавично бегање на едно големо јато белвици над самата површина во правец накај обала тоест накај мене...Одма знаев дека нешто под вода ги брка и ги лови,мене кашиката ми беше фрлена добри триесет метри во далечина и полека ја влецев накај себе.После тој паничен бег на белвиците одма го спуштив врвот на трската над самата вода и почнав да ја водам кашиката екстремно брзо под самото јато....И тогаш дојде тоа историско Бумммм..Музика за сите пари,бланкот почна да се витка а машинка да крцка,првата помисла ми беше дека сум закачил шаран за опаш случајно но кога почна малку да подизлегува го видов белиот стомак и викам по Горјан и Даре дојдете ова е клен од пет (5) килограми.. Но почна рибата во крокодилски стил да се врти и тогаш го видов пегастиот грб препознатлив за кралицата..Мене ми изгледаше како цела вечност да трае борбата а на останатите тоа им се чинеше кратко.Во понатамошниот разговор со Срѓан кој беше исто таму со Сашо и Борис константиравме дека некогаш рибата ако е закачена може да добие шок кој кратко трае и во тој временски период можно е да ја извадиш побрзо одошто очекуваш,зошто ако се освести и ако земе сила во подлабокото многу тешко волку голема пастрамка ке искочи на обала.Откога видов со кој си имам работа ги повикав сограѓаните напомош со кепчето,а кепчето мало за волкава риба... Горјан проба да ја црпне еднаш али неиде,проба по втор пат и само главата и дел од тилот успеа да влезе и поцна прпелкање у кепце како блесава и кашика се откачи али Душкало беше побрз... Еве го кепчето наспроти рибата.. И дечки искоци ова..... Сликање колку сакаш,мислам ја озрачивме рибата...Покасно дојдоа и останатите колеги кој веке ги спомнав.... На кањонот Тито стои и будно гледа... Задоволниот Газда... И нормално Даре кој сакаше да се слика и да ја затне позадината... Риболовот после оваа еуфорија си продолжи и страстите се смирија,Срѓан кој ловеше до мене ја тестираше новата трска и машинка која покажа одлични перфоманси,и некаде во далечината на самото паѓање на воблерот бап,се закачи клен...И стариот волк поштува правила...кленот е во мрест и во забрана и следува... И за крај еве сме сите тројца срекњици,Јас,Авидот и пегавата пастрамка.....Поздрав и Бистро.... |
АвторCOLON | ico baits [Вто Maј 13, 2014 9:50 pm ] |
Наслов на мислењетоCOLON | Re: Мавровски оргазам |
lele kako bi ja mezel bravo kolega riba za pocit |
АвторCOLON | ТафТабиТ [Вто Maј 13, 2014 9:53 pm ] |
Наслов на мислењетоCOLON | Re: Мавровски оргазам |
Честитки Компир ... на толку крмење по Козјак , редно беше една капитална риба на Мавровско шала на страна , преубава риба ... секоја чест |
АвторCOLON | Gonny [Вто Maј 13, 2014 10:00 pm ] |
Наслов на мислењетоCOLON | Re: Мавровски оргазам |
za ulovot, riba za respect ...Izgleda ne fakjaat nasite uroci na amerikanskite trski |
АвторCOLON | saso [Вто Maј 13, 2014 10:02 pm ] |
Наслов на мислењетоCOLON | Re: Мавровски оргазам |
BRAVO BRAVO BRAVO |
АвторCOLON | nenad [Вто Maј 13, 2014 10:04 pm ] |
Наслов на мислењетоCOLON | Re: Мавровски оргазам |
Bravo kompir, nema poubavo sefte na trska. |
АвторCOLON | zoran-usi [Вто Maј 13, 2014 10:16 pm ] |
Наслов на мислењетоCOLON | Re: Мавровски оргазам |
Bravo Kompir, konecno prava riba. Iako vo poverenje, barem spored slikava ribava povece mu lici na Dare (barem spored kilazata) |
АвторCOLON | FisherKing [Вто Maј 13, 2014 10:36 pm ] | |
Наслов на мислењетоCOLON | Re: Мавровски оргазам | |
Честитки Компир ... на толку крмење по Козјак , редно беше една капитална риба на Мавровско
Tafta tuka G-din Avid krmese lani so kasiki zatoa imase uspeh. A mojata riba nikoj ne ja ni spomna ni pogledna ama ako.
шала на страна , преубава риба ... секоја чест |
АвторCOLON | tapa [Вто Maј 13, 2014 11:27 pm ] |
Наслов на мислењетоCOLON | Re: Мавровски оргазам |
riba zivota :saso: bravo kompir |
АвторCOLON | filip030682 [Вто Maј 13, 2014 11:33 pm ] |
Наслов на мислењетоCOLON | Re: Мавровски оргазам |
Prekrasna riba ubavo bi licela kako prepariran trofej.Kolku pratam poubava i pogolema pastrmka nemase vo reportazite do sega REKORD. |
Страна 1 oд 6 | Часовникот е според Македонско време или според зоната: UTC_OFFSET Etc/GMT-2 |
Powered by phpBB® Forum Software © phpBB Limited https://www.phpbb.com/ |