www.ribar.com.mk
http://mail.ribar.com.mk/forum/

СТРУМА 1,2,3 јуни 2010+клипче
http://mail.ribar.com.mk/forum/viewtopic.php?f=42&t=49
Страна 11

АвторCOLON  Poliz [Вто Ное 02, 2010 7:48 pm ]
Наслов на мислењетоCOLON  СТРУМА 1,2,3 јуни 2010+клипче

Први јуни-датум одамна заокружен на календарот.Датум на кој требаше да сме на Струма,хаха.Последниот мајски ден беше наменет за пакување на опремата,обезбедување на мамци,редење се под конец во комбето.Со добра организација како и секогаш-се беше на место,и ние со нетрпение како и обично го чекавме часот за тргнување.И бидна..Веќе сме на Струма,хахахаха.
Сокчето ја очекува следната риба.....на Р де но не риба, туку ракија :mrgreen:
[ img ]
Ете ни го работното место :arrow:
[ img ]
Си апнавме ,си пивнавме од домашното Виски и си влеговме во Витото.Со нас беше и Ване-човек со наша крвна група :D .Тој и покрај студеното,магловито,дождовно -со еден збор,никакво време, остана да спие на отворено а јас и Сокчето си ги зазедовме старите места во Витото. :D
Беше 4 наутро ,кога станав и го погледнав Ването да не се претворил во пингвин :mrgreen: :mrgreen: )Си лежеше спокојно,а околу него имаше магла и роса како за светско првенство :mrgreen:
Немаше и минута- две кога сигнализаторот направи само едно кусо ти-тит.И толку. Со Ването за секунда бевме до трската.Јас само го погледнав свингерот и веќе ми беше јасна работата.Тој беше паднал ниско-значи рибата тргнала назад .Во секундата ја трзнав ,и започна една жестока борба по темното.Успеав да не му дозволам да избега во шамаците и борбата продолжи околу 5-6 минути,за да се покаже еве овој убавец :arrow:
[ img ]
[ img ]
Мерење на дигиталната вага-10.800 :rolleyes:
Ете го и Сокчето-којшто го разбудив со песна :mrgreen:
[ img ]
А и Ването :arrow:
[ img ]
Лошата фотографија е од маглата(како капки што се гледаат) :wink:
Немаше како да не апне :) на таков апетитен залак :arrow:
[ img ]
Сокчето на утринска гимнастика :arrow:
[ img ]
Имаше и по некоја деверика :arrow:
[ img ]
[ img ]
[ img ]
Ването ги растури :mrgreen:
Трети јуни утрото започнавме да се собираме оти Сокчето беше на работа од три и за крај,уште малку слики со сомот :wink:
[ img ]
[ img ]
[ img ]
[ img ]
[ img ]
[ img ]
[ img ]
[ img ]
[ img ]
[ img ]
Имавме уште едeн моќен ран на риба-црвеноперка, но не била наша рибата,хехе.
Девериките земаа и на црн и на бел црв,откако ќе дојдеа на ред од досадните ситни црвеноперки,карашчиња.....
Поздрави до скоро време.


АвторCOLON  СЪНДИ [Сре Ное 03, 2010 8:30 am ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: СТРУМА 1,2,3 јуни 2010

Егаси и сометата..... :shock: Еваларка на групат.

АвторCOLON  Pavkata 1977 [Чет Ное 04, 2010 5:23 pm ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: СТРУМА 1,2,3 јуни 2010

Браво на групатаааа!Евала! :D :D :D

АвторCOLON  Zlatko [Чет Ное 11, 2010 1:55 pm ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: СТРУМА 1,2,3 јуни 2010

Do Poliz.....

Vikas ova e na Struma.......vo blizina na koe mesto, gratce ???

АвторCOLON  Poliz [Нед Jун 05, 2011 2:55 pm ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: СТРУМА 1,2,3 јуни 2010

Zlatko НапишиCOLON
Do Poliz.....

Vikas ova e na Struma.......vo blizina na koe mesto, gratce ???
Во близина на Нигрита :!:

АвторCOLON  DEAN [Пон Jун 06, 2011 8:37 am ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: СТРУМА 1,2,3 јуни 2010+клипче

...ova ke bide broj 1 ulov za mesecov!!! :o :o :o

Страна 11 Часовникот е според Македонско време или според зоната: UTC_OFFSET Etc/GMT-2
Powered by phpBB® Forum Software © phpBB Limited
https://www.phpbb.com/