www.ribar.com.mk
http://mail.ribar.com.mk/forum/

Традиционален крапски куп Рибар 2011
http://mail.ribar.com.mk/forum/viewtopic.php?f=42&t=4854
Страна 11

АвторCOLON  Предраг [Вто Aпр 15, 2014 1:00 pm ]
Наслов на мислењетоCOLON  Традиционален крапски куп Рибар 2011

Од 11-13.04.2014-та се одржа најавениот Крапски Куп на Рибар 2011 на езерото Црничани. На овогодишниот куп зедоа учество 18-сет крапски екипи и тоа 14-сет домашни екипи, две екипи од Србија и две екипи од Бугарија. Сите екипи беа добро спремени и подготвени за натпревар па така спрема договорената саатница за купот сите екипи беа пристигната и се почна со редоследно вчење за кој на која позиција ќе лови. Езерото претходно беше поделено на 18-сет позиции од страна на организаторот Рибар 2011 и се знаеше дека пола од екипите ќе треба да се префрлат со чамци на соседната страна на езерото, па така за таа намена беа обезбедени 4-ри чамци два од домаќинот Г-дин Истатов, еден од Јане и еден од Оки (Даце и Горан)
[ img ]
по договореното најпрвин требаше да се префрлат екипите со чамци од спротивната страна а потоа и овие екипи од оваа страна можеше да започне со отварање на опремата.
Еве дел од екипите како беа опремени и товарени,
[ img ]
[ img ]
[ img ]


По отварањето на опремата и сондирањето започна натпреварот. Ние ја извлековме позицијата број 1 и сите а нормално и јас бевме убедени дека ќе има убав и богат улов на риби. Дуваше северен ветер и би требало да ја набие рибата во нашата позиција. Еве дел од екипите како беа поставени гледано од нашата позиција број 1.

На 18-ка екипата на Астерикс и Обеликс, (тафта и Здравко)
[ img ]
[ img ]

на позиција број 17-сет екипата на Арнаудови,
[ img ]
[ img ]

на позиција број 16-сет екипата на Еко Спорт фиш, (Дуки и Кајсторовски)
[ img ]
[ img ]

на 15-ка Карп Дрим Тим К & К,( Крсте и кременадла)
[ img ]
[ img ]

на 14-ка Крап Тим Виница,
[ img ]
[ img ]

на 13-ка Крап Тим Ви-Ко,
[ img ]


на 12-ка екипата на Христо Карп Тим (Васил ),
[ img ]

на 11-ка Карпологија МК (Јане и Оливер),
[ img ]

На 10-ка екипата на Газц Бајтз Тим ( Мартин, Максип и Цуцул)
[ img ]

За екипите од оваа страна веројатно некој ќе стави слики да се видат местоположбите на сите екипи.
Ова е поглед на нашата позиција единица а воедно и најубавата позиција за камп, за зафрлање, за вадење риба.
[ img ]
[ img ]

Одиме понатака, првата риба која беше уловена падна на позиција број 3 екипата на Вукови од Лесковац, имаа убав ран и за кратко време мора да се признае дека преку три појаси на трева колегите успееа да го извадат овој убав крап од 5,96 кг.

[ img ]
[ img ]
[ img ]

Втората уловена риба на купот падна во боксот број 9 или поточно екипата на Бабуна од Велес крап од 2,53кг.
Натпреварот продолжи со лошо пропратно време каде се редеше дожд, северен ветер и паѓање на на температурата до нула :crazy: . И покрај ваквото време дружбата не изостана и имаше посета скоро во сите боксови
[ img ]

п.с. дел од храната во нечиј бокс
[ img ]

дел од природната убавина на езерото
[ img ]

третата риба повторно кај Бабуна Велес со тежина од 4,23кг. а последната кај екипата на Карпологија МК со тежина од 2,25кг.

Посетата на гости меѓу кои беше и младиот крапски риболовец Фико дојдоа во неделата и ги посети сите боксови
[ img ]

Со ваков улов заврши овогодишниот куп па во куќарката следеше доделување на наградите за првите три места , за најголема уловена риба какао и дипломи за учество.

Дел од атмосверата
[ img ]
[ img ]
[ img ]
[ img ]

- Наградата за прво место а и воедно и најголема уловена риба ја зеде екипата на Крап Тим Ви-Ко :~~
[ img ]
[ img ]

- Награда за второ место припадна на екипата на Бабуна од Велес (на радоста и немаше крај :~~
[ img ]

- наградата за трето место и припадна на екипата Вукови од Лесковац :~~
[ img ]
[ img ]

По ова следеше зедничкиот ручек и задоволни од прекрасно поминатата дружба си заминавме дома со напомена дека догодина ќе биде уште подобро и побогато.

Бистро до следната година :papa:

АвторCOLON  ico baits [Вто Aпр 15, 2014 1:49 pm ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: Традиционален крапски куп Рибар 2011

:lepi: ...

АвторCOLON  JaneMK [Вто Aпр 15, 2014 4:32 pm ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: Традиционален крапски куп Рибар 2011

:~~ :~~ :~~ :~~ :~~

Her kapiten si ja dolovil situacijata pogotovo nagradite.Steta sto Ico nesi go slikal koga vide stodobil :lollol: :lollol: :lollol: :lollol:

АвторCOLON  risteto [Вто Aпр 15, 2014 6:36 pm ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: Традиционален крапски куп Рибар 2011

Капитен , како и секогаш одлична репортажа !!! Ужасно ми е криво што поради обврски не стигнавме да уплатиме :cray: , цела зима го бладвавме со Флоре овај купот и на крајот испадна да не учествуваме а знаев дека ќе има одлична дружба!!! Честитки до наградените и до реализаторите и поздрав до сите пријатели и учесници на купот.

АвторCOLON  howitz [Вто Aпр 15, 2014 10:39 pm ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: Традиционален крапски куп Рибар 2011

Браво Предраг, убаво доловена цела атмосфера и одлични фотографии од боксовите! :lepi:

АвторCOLON  spiro_jas [Вто Aпр 15, 2014 10:47 pm ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: Традиционален крапски куп Рибар 2011

предраг како и секогаш убаво и сликовито ги претставува ваквите настани :~~
- голем поздрав до ФИКО еден ден можеби и него ке го следиме по вакви настани :fishing:

АвторCOLON  okiribar [Сре Aпр 16, 2014 8:29 am ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: Традиционален крапски куп Рибар 2011

Cestitki uste ednas , i za organizacijata i za upornosta na site na vaka ladno vreme da se lovi .
BISTRO za narednata

Druze ..KAPITEN.. odlicno :lepi:

АвторCOLON  JaneMK [Сре Aпр 16, 2014 1:14 pm ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: Традиционален крапски куп Рибар 2011

Imav moznost da pominam nekoj saat so Fiko.Toa dete me zaprepasti.Ima razmisluvanja kako golem covek.Polno so razbiranje i vpiva se sto ke mu se kaze.Uste sega se razbira vo trski poveke od nekoi krapdzii koi gi znam :D
odlicno frla trska za negovi godini.Ke bide strasen krapdija od nego :NotWorthy: :NotWorthy: :NotWorthy:

АвторCOLON  kire [Сре Aпр 16, 2014 1:38 pm ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: Традиционален крапски куп Рибар 2011

Одлична репортажа,честитки до сите учесници :~~

Страна 11 Часовникот е според Македонско време или според зоната: UTC_OFFSET Etc/GMT-2
Powered by phpBB® Forum Software © phpBB Limited
https://www.phpbb.com/