www.ribar.com.mk

Вашите рибарски приказни...
Сега е точно : Саб Ное 16, 2024 1:08 pm

Часовникот е според Македонско време или според зоната: UTC_OFFSET Etc/GMT-2




Испрати нова тема Одговори на тема  [ теми ]  Оди на страна 1234»
Автор Порака
 Наслов на мислењетоCOLON Риболов, Скара, Дружење на Црн Дрим
ТемаИспратеноCOLONНед Maр 02, 2014 3:37 am 
Отсутен
Ветеран
Членски аватор

РегистриранCOLONСаб Феб 26, 2011 4:07 pm
МислењаCOLON5851
ЛокацијаCOLONbitola
Како што и најавивме на форумот дека планираме да направиме една Добра рибарска дружба со нашите пријатели од Охрид и Струга така и бидна. Денот за дружење го одбравме да биде недела 23.02.2014год. Недела ден кога скоро сите се слободни од работни обврски па да се малце олабавиме онака покрај вода со рибарски муабети, троа скара да каснеме а пак ако даде господ ке биде и риболов :D
Маршутата почна од Битола некаде кај 7 часот наутро со еспресо на Лук Оил каде требаше кој што доаѓа тука да биде нацртан - после тоа плачки и гачки не се признаваат :nono:
Од Битола тргнавме Јас со Тони и Менде со Тино и наредна станица ни беше исто така уште едно утринско кафе ама пак сега во Охрид каде не пречекаа нашите пријатели Игор и Јулио
[ img ]
после ова кафе го алармиравме и другарот Емил да биде на Стенд Бај :D пошто караванот ке се упати на кај Струга
[ img ]
Локација за тој ден и за таа дружба позната скоро на сите - река Црн Дрим, потегот од Добовјане до Ташмаруништа каде ке се најде погодно место за риболов а и за сите други салтанати.
Водостојот од прошлата недела кога исто бевме на дружба беше уште повеке паднат па и малку имаше зафрканции кога требаше да се изваде рибата а никој пак црпало не носи пошто сите се - Млади Скобалџии :lol:
[ img ]
После пристигање секој со задача некој од добовјани надолу, некој од трските до пред мостот кај Ташмаруништа да го прочешламе цел тој терен и да видеме каде ке даде знак од риба. Моја задача беше куварскиот дел, Да ја припремам Прихраната за тој ден и од кога ке завршам со неа да се занимавам со Скарата - тоа не дека така ја договоривме ама така се наредија работите :D
Млади скобалџии на позиција :D
[ img ]
[ img ]
атмосверата релаксирана и сите полека полека се прибираа накај Боксот
Поздрав од Тино - млад скобалџија :D , кој од кленар се префрле да Лови скобал и тоа Денешната дружба му беше Сефте за тоа негово прво искуство - видно упорен и не пуште трска од рака цел ден што и на крајот сето тоа му беше Наградено :~~
[ img ]
еве и уште еден млад Скобалџија покрај сите погоре
[ img ]
Емил не напуште и замина према местото каде ловеа Игор и Јулио па да после некое време заедно дојдат и да ја распалиме Фурната ала Добовјани. Е арно што замина ама пак и кога се врати еветиго како го носи зајакот за уши :D
Честитки за новата трска и новата му машинка и за првиот улов - СЕФТЕ со неа, со здравје да си ја работи, служи и лови опремата и уште многу капиталци да изваде од вода. Не е нешто нај нај ама ке му брка работа ова италијанско вражулче од (REGLASS) :mrgreen:
[ img ]
[ img ]
Тино како бивш кленар се потсете на старите кленарски излети
[ img ]
Во мегу време Рони кој сам тргна од Битола ни донесе уште по едно кафенце од продавницата во добовјани, инаку капата му е нова :D , Поздрав и до него и секоја му чест :NotWorthy: и за кафето и за волјата да дојде и да се дружи со сите нас :~~
[ img ]
Дојде времето за да си ја распалиме ние Фурната и да се подружиме малку во Другарска атмосвера, троа колбавче, троа винце, малку ребро, мајтапи, зафрканции и договори за наредни дружби кои би ги организирале на некоја друга/оваа вода во иднина.
[ img ]
[ img ]
[ img ]

Е после ручекот од кога ние си поминавме на редот почна и рибата да си каснува, по малку ама доволно да се има добра занимација и да не држи во кондиција - колку да ни спаде добро јадењето да не пуштиме мевови како ....... :D
Имаше доста удари, многу откачувања, празни контри :filip: ама имаше и извадени риби ;) . Нешто се успеа да се долови ама не сите моменти. Ловевме на леб и прихранувавме со леб па тоа што даде даде, битно е дека ја добивме таа риба која целно и сакавмме да ја ловиме
[ img ]

По едно Кадро за случајно ако даваат рибарска пензија - да си имаме ние докази :fishing:
[ img ]
[ img ]
ни фали само Јулио кој не чекаше кај колите, ама него покасно го евидентиравме во доказниот матејал кога си седнавме како луге да го испиеме последното кафе покрај вода за тој ден, да си поприкажиме уште некоја дума и срекни и весели сите по дома до првата наредна прилика.
[ img ]
[ img ]

а пак овај го викавме да му дајме колбаси ама некако не му се одеше по мостот- му се одеше ама нозете наназад му се враќаа :lollol:
[ img ]

поздрав до сите Млади Скобалџии и колеги рибари - БИСТРО !

_________________
-------- КоЈ ФаТи ><> ФатЕ - КоЈ Не ФаТЕ <>< Ке ФаТИ ---------
---------Piscator non solum piscatur------------


Кон врв
ТемаИспратеноCOLONНед Maр 02, 2014 6:30 am 
Отсутен
Дружељубив
Членски аватор

РегистриранCOLONСаб Дек 18, 2010 9:47 am
МислењаCOLON4783
ЛокацијаCOLONskopje
ubavini..
pozz i bistro ekipo!

_________________
TAPATTA JA LECHI DUSHATTA
mrtva dae-od reka dae!


Кон врв
ТемаИспратеноCOLONНед Maр 02, 2014 7:20 am 
Отсутен
Дружељубив
Членски аватор

РегистриранCOLONПон Aпр 11, 2011 7:31 pm
МислењаCOLON1221
ЛокацијаCOLONСкопје- Кисела Вода
Bravo be Spirka, super druzenje !

_________________
Ако не замириса на риба ке замириса на кобасица


Кон врв
ТемаИспратеноCOLONНед Maр 02, 2014 9:40 am 
Отсутен
Дружељубив
Членски аватор

РегистриранCOLONЧет Дек 02, 2010 7:49 pm
МислењаCOLON1985
... браво, све ви се погодило, и риболовот, и скарата и дружењето па и времете ви било тамам :D


Кон врв
ТемаИспратеноCOLONНед Maр 02, 2014 10:02 am 
Отсутен
Конструктивен

РегистриранCOLONСре Oкт 19, 2011 8:09 pm
МислењаCOLON324
Млади скобалџии :!: :lol: :lol:
Овие младиве глеј ги парчиња прават,а тек можам да замислам старите што би правеле :lol:
Спиро наредна репортажа нека биде дуел стари на млади.

_________________
ТАПА СИ Е ТАПА!!!


Кон врв
ТемаИспратеноCOLONНед Maр 02, 2014 10:08 am 
Отсутен
Ветеран

РегистриранCOLONНед Jул 10, 2011 1:06 pm
МислењаCOLON5485
Ubava reportaza Zlate :~~ :~~ :~~ :fishing: :fishing: :fishing: :eatdrink: :eatdrink: :eatdrink:
Nego sega vam vi e redot da gi ugostite....

_________________
[ img ]


Кон врв
ТемаИспратеноCOLONНед Maр 02, 2014 10:17 am 
Отсутен
Дружељубив
Членски аватор

РегистриранCOLONПет Ное 05, 2010 3:44 pm
МислењаCOLON1681
ЛокацијаCOLONСкопје
Немашто ОДЛИЧЕН 5 :NotWorthy:

_________________
[ img ]

ВАРДАР Е ВАРДАР


Кон врв
ТемаИспратеноCOLONНед Maр 02, 2014 10:18 am 
Отсутен
Дружељубив

РегистриранCOLONВто Ное 30, 2010 3:15 am
МислењаCOLON1683
Ubava reportaza Spirka odlicno brate, so Emil druzenjeto e prekrasno a i po nekoe ripce imalo odlicna druzba pozz


Кон врв
ТемаИспратеноCOLONНед Maр 02, 2014 11:09 am 
Отсутен
Дружељубив
Членски аватор

РегистриранCOLONСаб Aпр 14, 2012 12:50 pm
МислењаCOLON2299
ЛокацијаCOLONНа секоја локација,ха ха ха
Ова е прав ..РИБОЛОВ..за мене
:arrow: ,Дружба, :arrow: Скара, :arrow: Рибарење,добро расположение и на крајот извадени добри риби.
Прекрасно Спире а воедно да ги поздравам и останатите колеги и да ви посакам уште безброј вакви излети на вода. :~~ :~~

_________________
Reporter of the Jear- 2012-,-13-,-14-,

Fishing is my lifestyle,my passion,my life.


Кон врв
ТемаИспратеноCOLONНед Maр 02, 2014 11:27 am 
Отсутен
Модератор
Членски аватор

РегистриранCOLONПет Дек 09, 2011 2:36 am
МислењаCOLON2536
ЛокацијаCOLONСтруга
krste1978 НапишиCOLON
Ubava reportaza Zlate :~~ :~~ :~~ :fishing: :fishing: :fishing: :eatdrink: :eatdrink: :eatdrink:
Nego sega vam vi e redot da gi ugostite....
Krste ovaa godina ke ima mnogu Strusko-Ohridsko-Resensko-Bitolski druzbi. Samo da imame vreme za sto poveke da bidat, a deka ke gi ima toa e 100% sigurno i toa na razlicni vodi. A na kraj, ako e se po plan, treba kako kruna na sezonata da se sobereme na edna megunarodna skobalijada na Drim :ok_ok:

_________________
„Земјата не ни е дадена во наследство од нашите предци,
туку ни е позајмена да ја чуваме за идните поколенија“


Кон врв
Покажи постара темаCOLON Сортирај по 
Испрати нова тема Одговори на тема  [ теми ]  Оди на страна 1234»

Часовникот е според Македонско време или според зоната: UTC_OFFSET Etc/GMT-2


Кој е Присутен

Членови кои ја разгледуваат оваа тема: 13 and 0 гости


Вие Не може да поставите нова тема на овој форум
Вие Не може одговорите на теми на овој форум
Вие Не може да промените мислења на овој форум
Вие Не може да го бришите вашето мислење во овој форум

Оди доCOLON 

cron
POWERED_BY
Преведено на Македонски од : nescafe, Read Here Forum