www.ribar.com.mk
http://mail.ribar.com.mk/forum/

Берово-супер место за рекреација(2009)
http://mail.ribar.com.mk/forum/viewtopic.php?f=42&t=46
Страна 11

АвторCOLON  Poliz [Нед Oкт 31, 2010 5:11 pm ]
Наслов на мислењетоCOLON  Берово-супер место за рекреација(2009)

Се помислив малку дали да пуштам репортажа оти не беше се риболов,туку беше еден екстра супер викенд,исполнет со убаво езеро,одмор во природа,семејството до мене,гората.... :wink: Па да почнам по ред :wink:
Заради тоа што бебето ми беше само на месец и половина,морето таа година остана само пуста мечта за нас :cry: и решивме со жената,одморот да си го минеме на планина :wink: Местото-секако Берово-,кадешто си имаме викендица.Во план беше и един риболов со моите пријатели од таму,па не изостана и носењето на тешката артилерија. Пристигање на петти јули ,веднаш по крштевката на малиот Лука :drinkers:
Првото нешто коешто го направив беше слегување до реката Брегалница ,кадешто поголемото синче Гоце, да го оставиш таму ,цел ден ке си седи,без да праша за дома :lol: Абе како мене е цел :lol:
[ img ]
[ img ]
[ img ]
Многу убава река на само двеста метри од нас,порибена со поточарка оваа година и максимално чувана :wink:
Неколку дена поминаа брзо во игра с децата и очекување на риболовот,се разбира,хехе
[ img ]
[ img ]
[ img ]
Нели си бевме во гората,се оддадовме и на едно друго за мене специјално хоби но и много вкусно хоби ;) собирање на печурки---- имаше три епизоди ова филмче за габите :mrgreen: ете ја првата :arrow:
[ img ]
Тоа беше само почетокот :lol: :lol: :lol:
Секако во очекување на риболовот се правеа и некои нужни подготовки :mrgreen:
[ img ]
И додека трепнеш дојде денот :wink:
Планот беше да седиме со сигурност две ноќевања,и ако има резултат да останеме и трето.
Еден ден претходно си отворивме маркери,заранивме и следниот ден бевме на едно супер убаво место,створено за бегање од летните горештини :wink:
[ img ]
Столетните буки не даваа сонцето да стигне до нас.
Малку се разочаравме од нивото на водата,кое се беше качило за цели два метра последните десет дена,од катастрофалното време . Но природата околу нас беше посилна од се,и весели и жедни за риболов си ги наместивме шаторите.
[ img ]
И секако- пушките :mrgreen:
[ img ]
Муницијата беа-бојли Top Banana и Squid and octopus :wink:
[ img ]
И започна чекањето.За почеток еден разбојник :arrow:
[ img ]
По него една вистинска рипка :arrow:
[ img ]
И во моментот испратена да викне некои од роднините :arrow:
[ img ]
Местење на масичката,пијнување по една- две домашни :wink:
[ img ]
И така уморени :arrow: на спиење.
Преку ноќта ништо,а на другиот ден на тапа,започнааа едни црвеноперки :arrow:
[ img ]
Чудна работа,пред две години,пријателите од Берово, пуштиле една кофа црвеноперки и една костреци,и веќе беше наплодена,во убави димензии и најчудно од се јадеше убаво :mrgreen: КОГА И КАКО?????
Но по договор со пријателите како нови жители на езерото,ги враќавме во моментот назад :wink:
Втората вечер излезе уште еден шарко :wink:
[ img ]
[ img ]
и повеќе кленови од размерот на овие :arrow:
[ img ]
Ете го и нашиот најверен пријател,којшто не се оддели од нас преку целото време и изеде 7-8 леба :mrgreen:
[ img ]
Риболовот заврши со невремето коешто наближуваше и по брзото собирање,една убава прошетка во гората,и следуваше втората епизода од серијата за вргањот:drinkers: :drinkers: :drinkers:
Многу на малку за мене :P :P :P :P
[ img ]
[ img ]
[ img ]
За мене уникатен деликатес :wink:
Па не отсуствуваа и фамилијарните прошетки :arrow:
[ img ]
А не отсуствување и третата епизода од филмот за вкусните вргањи и лисичари :arrow:
[ img ]
Еден неверојатен одмор,коишто би му го препорачал на секој вистински вљубеник во природата.

АвторCOLON  Pavkata 1977 [Нед Oкт 31, 2010 7:49 pm ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: Берово-супер место за рекреација(2009)

Семейство,природа,губи,рибииии...
Живот ли бе да го опишеш?!

АвторCOLON  Poliz [Вто Maј 31, 2011 2:00 pm ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: Берово-супер место за рекреација(2009)

Pavkata 1977 НапишиCOLON
Семейство,природа,губи,рибииии...
Живот ли бе да го опишеш?!
Иде време за реприза ;) се надевам со некоја риба плус ;) Само уште не се знае како ке е со дозволи :!:

Страна 11 Часовникот е според Македонско време или според зоната: UTC_OFFSET Etc/GMT-2
Powered by phpBB® Forum Software © phpBB Limited
https://www.phpbb.com/