www.ribar.com.mk http://mail.ribar.com.mk/forum/ |
|
Сончев викенд на Козјак пропратен со торнадо http://mail.ribar.com.mk/forum/viewtopic.php?f=42&t=438 |
Страна 1 oд 1 |
АвторCOLON | Филип [Пон Aпр 11, 2011 8:27 am ] |
Наслов на мислењетоCOLON | Сончев викенд на Козјак пропратен со торнадо |
Викендов се мислевме каде да одиме. Имаше најави за урагани и торнада, и затоа решивме да одиме во недела, прогнозата повеќе ветуваше. Од голема помош ми беше и Акирибар, кој ми даде свежи информации од терен, посебно за делот на ураганите, за брановите на реката и слабата активност на рибата Ама гзот запален, се надевавме дека во недела ќе се смири ветерот и запичивме. Го најдовме местото од втора, се сместивме, запаливме гоолем огин пошо беше кочан ладно, ама за среќа, сабајлето немаше ветер. Водата беше мирна, тепсија. Фрлавме на све живо и диво, со џигери, со воблери, не пипаше ништо сабајлето. А рибата скока од спротивната страна, ти прави лиги невидени и ти фаќа сеир Кога излезе сонцето, Акирибар се разбуди од некоја кола во близина и дојде да се пофали како смрзнале претходниот ден Се запознавме и со Тапа успат Кога излезе убаво сонцето, кога не спука еден ветер... Дури и столчето ми изгоре, не видов дека паднало додека бев на друга локација, па ветрот донел некој жар, па платното полека си горело како цигара, и завршив со две солидни дупки на седиштето Активност на рибата речиси и да немаше, сите екипи во околина имаа фатено по клен-два, по некоја попадика и толку. Еден подолу од нас дрмна едно животно од клен, и мислам дека тој беше едини вреден за спомнување. Среќа, почна да јаде попадиката, баш пред нас , и тоа излегуваше крупна попадика, каква што одамна немав видено, посебно што попадиките претходно ги фаќавме на Пчиња, и никогаш немаме фатено вакви Се на се, ние 3-ца фативме 25 парчиња, што беше одличен улов во споредба со екипите наоколу, кои углавном бркаа клен и немаа некој успех, пред се ради ветрот. Кај 12 ме фати сафра и ме уби ветерот, па ги оставив другите и пешки (1 саат - душа ми излезе по сонцето, со чизми и цела ратна опрема), отидов до состав на Треска и Мала Река (Беличка), па нагоре километар-два по Беличка со мушици, ама водата беше надојдена, еден локалец ми кажа дека 2-3 дена претходно нагло се зголемила од снеговите што се топат горе, а при таква вода тешко дека ќе удри некое пастрмче После се вратив на состав, пробував едно пола саат - саат со блинери, воблери, мушици, што се не (од време на време скокаше по некој клен во близина на обала), ама немаше удар, а и Треска беше доста матна. Се на се, убаво поминавме, со оглед на надежите кои ги немавме, ради претходните информации Следно одење на Козјак во Мај, кога ќе бидат стопени снеговите и намалена водата... Неколку фотки во продолжение... На разденување, без да знам дека во полото спие Акирибар Се сместивме на позиција и се греевме еден саат пред да почнеме да фрламе... Водата мирна, преубава, малце брза, ама со поголема тапа и кочење, одлична Акирибар е веќе разбуден и мести мамци некаде Ветерот не уби, цел ден не ја извадив капуљачата Реката (речиси улив) со бранчиња... Првата тура на попадики На пат кон состав: Не за џабе се вика Беличка... На состав, водата од Беличка надојдена и прави беља...Десно е матната од Треска, не ја сликав! И на крај, дел од рибите во домашна атмосфера (колегата од работа ги собра неговите - голем јадач бил), бидејќи отидов порано и ме собраа над состав од Треска, не стигнав да ги сликам на лице место...Тоа малото е кркушка, ја закачил татко ми, а мераклија е на кркушки http://pic.mk/images/dsc0031302502419.jpg |
АвторCOLON | tapa [Пон Aпр 11, 2011 8:44 am ] |
Наслов на мислењетоCOLON | Re: Сончев викенд на Козјак пропратен со торнадо |
filip ako ti e za uteha i jas so aki frlav na blinkeri i razni trakatanci do belicka bez uspeh a ako uspeam ce prikacam edna pastrmka od 3,5kg slikana predhodniot den koja za zal ne ja fativ jas |
АвторCOLON | Stole [Пон Aпр 11, 2011 9:12 am ] |
Наслов на мислењетоCOLON | Re: Сончев викенд на Козјак пропратен со торнадо |
http://pic.mk/images/dsc0031302502419.jpg[/quote] Само да напоменам дека при чистење ( моја задолжителна задача) скоро сите попадики беа полни со икра. |
АвторCOLON | PERUN [Пон Aпр 11, 2011 12:19 pm ] |
Наслов на мислењетоCOLON | Re: Сончев викенд на Козјак пропратен со торнадо |
ah toj vetar.... ne e vazno ste se druzele i zapoznale pa i nekoe ripce iskocilo. |
АвторCOLON | tapa [Пон Aпр 11, 2011 1:11 pm ] |
Наслов на мислењетоCOLON | Re: Сончев викенд на Козјак пропратен со торнадо |
зал ми е сто вака ја претставувам рибата ,ама сакам само да пренесам импресии !!инаце овдека е исцистена ( се коси со правилата ама зирнете па це ја тргнам)... |
АвторCOLON | PERUN [Пон Aпр 11, 2011 2:34 pm ] | |
Наслов на мислењетоCOLON | Re: Сончев викенд на Козјак пропратен со торнадо | |
зал ми е сто вака ја претставувам рибата ,ама сакам само да пренесам импресии !!инаце овдека е исцистена ( се коси со правилата ама зирнете па це ја тргнам)... |
АвторCOLON | akiribar [Пон Aпр 11, 2011 6:25 pm ] |
Наслов на мислењетоCOLON | Re: Сончев викенд на Козјак пропратен со торнадо |
hahahh pozdrav ekipo ! ubavo sto se podruzivme na teren i zapoznavme ,mi beshe cest a gledam ubavo ti legnala krmata pod nas si gi utepal egupkite ahahaah kako i da e ,so ili bez tornado, dobro beshe !!! p.s. i mene stolceto pepel kobasite kuce ni gi izede,izgubiv cuvarka i eden catal,cel kotur konec u reka mi padna......hahahahahahahh |
АвторCOLON | Stole [Вто Aпр 12, 2011 1:01 pm ] |
Наслов на мислењетоCOLON | Re: Сончев викенд на Козјак пропратен со торнадо |
p.s. i mene stolceto pepel kobasite kuce ni gi izede,izgubiv cuvarka i eden catal,cel kotur konec u reka mi padna......hahahahahahahh[/quote] Kучето што ви ги изело кобасиците цел поручек се моткаше и облизуваше тука, а кога тргнавте да си одите 10 пати се поклони - како јапонец... претпоставувам од ГОООЛЕМА БЛАГОДАРНОСТ. |
АвторCOLON | DEAN [Вто Aпр 12, 2011 1:47 pm ] |
Наслов на мислењетоCOLON | Re: Сончев викенд на Козјак пропратен со торнадо |
...а што не сте го свртеле кучето на скара штом толку претерало сте требале да го решите |
АвторCOLON | kire [Вто Aпр 12, 2011 1:48 pm ] |
Наслов на мислењетоCOLON | Re: Сончев викенд на Козјак пропратен со торнадо |
Море има да ги сонува тоа кучето нашиве рибаришта |
Страна 1 oд 1 | Часовникот е според Македонско време или според зоната: UTC_OFFSET Etc/GMT-2 |
Powered by phpBB® Forum Software © phpBB Limited https://www.phpbb.com/ |