www.ribar.com.mk http://mail.ribar.com.mk/forum/ |
|
Струмско сливно подрачје http://mail.ribar.com.mk/forum/viewtopic.php?f=42&t=437 |
Страна 1 oд 2 |
АвторCOLON | Poliz [Нед Aпр 10, 2011 8:49 pm ] |
Наслов на мислењетоCOLON | Струмско сливно подрачје |
После цела недела пратење прогнози,спремање со мамци,дојде и четврток-денот определен за тргнување Прогнозата-ни малку оптимистичка.Најава за ураган и кај нас и во Грција.Но тоа беше премалку за да не спречи Од средата таму не чекаше карабатакот Румен од Сандански,четврток наутро таму беа и Аце Максим со Томче,и ние со Мики требаше да им се придружиме четврток поручек.Тргнување и веднаш сопка.Патот на Валандовско Брдо под опсада од машинерија-2 години се прават неколку километри ама како тргнале машала до 2013 можеби ќе го стасаат.Чекање таму до 4 и правец Струма.Пристигнување токму пред стемнување,поздрав набрзина со екипата и фрлање на трските ,оти пак вечерта имавме друга работа И си ја почнавме старата шема за почеток И секако неизбежниот детал Рибарски муабети...таму толкава риба.....јас таму поголема.... Аце,Томче и Мики се убедуваат чија е најголема Румен ги смирува,дека неговата риба од пред 2 недели е најголема Си поседевме како секојпат во една прекрасна атмосфера со многу истресени глупости смев ...без удар на риба и кога му ја легнавме око не склопив од тие двајцата до мене,кои освен што си ги мереа рибите до пред малку,сега решија да мерат и кој појако р'чи Сабајле беа нерешено,а јас со очи како на варен зајак. Сеуште без удар на сериозна риба,решивме со Аце и Мики да провериме едно каналче во близина на Киркини.Томче и Румен останаа да ги чекаат сомовите а ние му ја летнавме.До 12-00 успеавме да излажеме само една трикилска штука И ајде пак назад на зборното место.Таму Томче им ја беше раскажал играта на едно јато деверики со кои како прав џентлмен ни даде да се сликаме. Крцата од Бугарија -и тој мераклија за сликање До вечерта фативме едно мало сомче,кое заедно со штуката беше на менито за втората вечер Тука Аце се сликал со вечерата Некој пржи.... Некој прави салата.... А некој ,шприцер..... Во меѓувреме пристигнаа и останатите планирани играчи Ивак и Крцата од Софија и веќе бевме во пун состав. И така до касно во ноќта.Сабајлечки станување....3-4 мали штуки ,залутани од невремето....ураганот од вечерта не беше стивнал и собирање по војничка постапка за кусо време. Следна дестинација-Ангитис. Пролетта полека но сигурно веќе пристигнала тука. И овде не беше кој знае што од страна на риба,ако се изземат ретките попадики И време беше за нова дестинација. Витото да имаше душа да си кажеше едно ОХХХХХ Од таму правец назад и пак сопирање на Струма ,но еден по плиток предел.Претходно збогување со Ивак и Крцата.кои останаа уште една ноќ. Со Аце и Томче се поздравивме сабајлето,кога тие си тргнаа за Скопје. Струма Пречек од еден локален жител И под едно брзаче,кога си ги почнавме со Мики,речните мрени За 2 часа си фативме убава количина од овие прекрасни борци. Удараа на црвен црв и на мраморци(барем ние така ги викаме) едни луди инсекти во песокот на реката. Се на се-супер компанија, риболов и јака софра...комбинација-која,кој не ја пробал-многу испуштил Поздрав до нова авантура. |
АвторCOLON | acemaksim [Нед Aпр 10, 2011 9:32 pm ] |
Наслов на мислењетоCOLON | Re: Струмско сливно подрачје |
epa sega koj saka veruva koj ne nie ubavo si pominavme pokraj vremenskite uslovi katastrofalni vazna e druzbata ribata sekako ne bese izostavena ja imase no glavnoto golemite somovi ni izbegaaa poszdrav do ekipata koja se druzevme tri dena jas licno si pominav super i merak mi e taa druzba da bide i ponataka pozdrav do Nikola,Miki,Rumen,Tomce,Ivak .pozdrav do sledneto viduvanje |
АвторCOLON | spiro_jas [Нед Aпр 10, 2011 9:44 pm ] |
Наслов на мислењетоCOLON | Re: Струмско сливно подрачје |
bravo be lugje uboo ste napraile so da bidi pojke izluftirafte od sekojdnevieto ...... ribolovoot i nee samo za kvantitet nego pojke e na kvalitet pozdrav |
АвторCOLON | Zlatko [Нед Aпр 10, 2011 10:45 pm ] |
Наслов на мислењетоCOLON | Re: Струмско сливно подрачје |
e ova ti se vika reportaza....bez razlika na kolicina na ulovot...BRAVO !!! |
АвторCOLON | PERUN [Нед Aпр 10, 2011 11:23 pm ] |
Наслов на мислењетоCOLON | Re: Струмско сливно подрачје |
BRAVO majstori super ste pominale,e gjorcevci kaj nema civek da ve vidi |
АвторCOLON | Boris [Нед Aпр 10, 2011 11:48 pm ] |
Наслов на мислењетоCOLON | Re: Струмско сливно подрачје |
Ја неколку пати сум рекол, вака до 101 и назад |
АвторCOLON | akiribar [Пон Aпр 11, 2011 2:42 am ] |
Наслов на мислењетоCOLON | Re: Струмско сливно подрачје |
odlicna avantura me potseka na afrika terenov ahahahah a vremeto znaci segde oluja bilo ili vi se pogodi?vaka od slikite mirno deluva.kaj nas sto bevme veternici da bevne ke popushtevme ,ne preshiba, nemozam da se povratam,gluv sum na edno uvo ahahaahah |
АвторCOLON | Lepi [Пон Aпр 11, 2011 7:42 am ] |
Наслов на мислењетоCOLON | Re: Струмско сливно подрачје |
... алал да ви е ... |
АвторCOLON | СЪНДИ [Пон Aпр 11, 2011 9:27 am ] |
Наслов на мислењетоCOLON | Re: Струмско сливно подрачје |
Браво момци!Кефите НА МАХ |
АвторCOLON | CASPERSKY [Пон Aпр 11, 2011 4:20 pm ] |
Наслов на мислењетоCOLON | Re: Струмско сливно подрачје |
DOBAR! ABE NE DOBAR ODLICEN PROVOD! |
Страна 1 oд 2 | Часовникот е според Македонско време или според зоната: UTC_OFFSET Etc/GMT-2 |
Powered by phpBB® Forum Software © phpBB Limited https://www.phpbb.com/ |