www.ribar.com.mk
http://mail.ribar.com.mk/forum/

На Струма за сом-март 2011
http://mail.ribar.com.mk/forum/viewtopic.php?f=42&t=405
Страна 12

АвторCOLON  Poliz [Саб Maр 26, 2011 6:59 pm ]
Наслов на мислењетоCOLON  На Струма за сом-март 2011

После две напорни недели без да фатам трска,дојдоа и моите два дена зацртани за риболов уште од последниот риболов на бојници ;) Требаше излетот да е 3-4 дневен,но пак обврски и кај мене и кај Јупи...и со стегање заби успеавме да збришеме на 2 дена инстант риболов :D Кога веќе отпадна планираниот 4 дневен крапски риболов,се одлучивме да провериме дали е разбуден сомот на Струма.Тргнавме четврток наутро јас ,Јупи и Џоче.За мамец имавме десетина бојници по мерка ;) десетина црвеноперки и по некој карас.Празнење на бурето со мамци,товарење на Витото и правец-Струма.
Како и обично,таму бевме во мракот,немаше никој и си се наместивме на едно ланско место,кое што го памтевме по убаво ;)
[ img ]
Додека ги фрлавме трските пристигна и нашиот пријател Румен од Сандански и екипата беше во полн состав.
За брзо време удар и добра штука беше на пат да си влезе во кепот.На педа од кепот се откачи :evil: Лош почеток....
Веднаш по неа иде друга помала,околу кило,колку да ни ја врати вербата :D :D
До вечерта излезе уште една колку 2 кила и една испуштивме.Се на се-слаб ден.Како и да е-време беше за софра :lol:
[ img ]
Како по обичај,во тавата се тркалаа домашни колбаси,на масата веќе беше Шопското сирење и Струмичкиот љут ајвар и неизбежната жолта домашна :D
[ img ]
Ако нејќела рибата,сакаме ние :lol: :lol:
Си поседевме одкај 6 докај 9 и утепани легнавме во Витото.Пак како и обично :D имаше често станување за гаснење со вода,од колбасите,љутото и жолтата и на едно такво освежување,наслушнавме ука-бука од Румен :lol: :lol:
Беше 11 вечер а надвор се одвиваше вистинска борба.По точно пола саат во кепот се најде овој убавец :arrow: :arrow:
(сликите се направени денски,другиот ден)
[ img ]
И јас да се сликам :D :D :arrow:
[ img ]
[ img ]
После убавата борба на ред беше мерење на силниот противник.Вагата на Румен беше до 22 кг и на самото мерење ту ке покаже 21 кг ту ЕРОР...значи сомот беше тука на границата на издржливоста на вагата.Другиот ден на мојата вага покажа 20.800(малку калирал од вечерта)битно кога беше уловен беше околу 22 кг.
Прекрасен примерок.Удри на црвеноперка.
Си влеговме во Витото и сон не не фати цела ноќ :D :D
Другото утре уште во 5 бевме на позиција.Инаку да кажам дека цела ноќ немавме никаков удар.
Утрото почна со една штука ,и на истата трска после префрлањето следуваше страшен удар.Над водата се исшлапа убав сом.Започна надмудрувањето со силниот противник.Беше удрил на тапа,на телескопот за штуки на конец 0,35 и трокука бр.4.
После 20 минути надвор беше уште еден добар сом ;) Вагата застана на 13,100 кг.
Фотосесија :arrow: :arrow:
[ img ]
[ img ]
[ img ]
[ img ]
Адреналинот беше на максимум,кефот беше направен :)
На реката бевме докај 4 поручек и извадивме уште 3 штуки и едно мало сомче од 2 кила.
[ img ]
[ img ]
[ img ]
Уште некоја слика со сомот :arrow:
[ img ]
и време беше за собирање.
[ img ]
Збогување со карабатакот Румен :mrgreen: :mrgreen: :mrgreen:
[ img ]
[ img ]
Полни со импресии го чекаме следниот излет ;)

АвторCOLON  PERUN [Саб Maр 26, 2011 7:16 pm ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: На Струма за сом-март 2011

super druzba ste napravile,skaricka,... i najvaznoto ribite se odlicni.

АвторCOLON  CASPERSKY [Саб Maр 26, 2011 7:27 pm ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: На Струма за сом-март 2011

Bravo majstor si e majstor kako vikat bez alata nema zanata.Znaci novite trski gi probaate uspesni se.Mestoto ne go posocuvi pisi X-Y oti nekni jas kaj sto bev imase 102 koli :D a nekoj ako saka mesto za som daj mu gi kordinatite za 500 den oti jas za bojnik gi davam za 200 den :D .Sala na strana super ulov da dade gospod da vi se mnozat ribolovnite uspesi.
P.S i Soko ako moze taa rakata da ja trgne od tam(na poslednata slika)sepak nee kulturno taka, jes da fatil som ama sega vidi bez provokacii! :D
BISTRO!

АвторCOLON  spiro_jas [Саб Maр 26, 2011 7:53 pm ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: На Струма за сом-март 2011

bravo be lugje arna rabota ste sfrsile KOJ CEKA KE DOCEKA
a ona so X Y ako site trcat kaj sto e topkata jak fudbal ke bidi
inace RIBATA NEMA KUKJA koj kaj misli neka ja bara pa da ni pusti nekoja
razglednica

pozdrav

АвторCOLON  emo vasilev [Саб Maр 26, 2011 8:05 pm ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: На Струма за сом-март 2011

Браво на групата !

АвторCOLON  naki [Саб Maр 26, 2011 8:20 pm ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: На Струма за сом-март 2011

bravo momci alal da vi e. dobar provod

АвторCOLON  saso [Саб Maр 26, 2011 8:33 pm ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: На Струма за сом-март 2011

Abe ne se vrakaat oni bez nisto.
Bravo

АвторCOLON  Boris [Саб Maр 26, 2011 8:42 pm ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: На Струма за сом-март 2011

Румен да не му е брат на Екрем Јеврич :D :D
Браво, одлична репортажа, прекрасен провод

АвторCOLON  akiribar [Саб Maр 26, 2011 9:16 pm ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: На Струма за сом-март 2011

BRAVO :) TOP

АвторCOLON  Lepi [Саб Maр 26, 2011 10:53 pm ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: На Струма за сом-март 2011

... абе Полиз, од кај се купени колбасите, или домашни се :mrgreen: Ама иштав прајте, алал да вие, не само со колбасите ;)

Страна 12 Часовникот е според Македонско време или според зоната: UTC_OFFSET Etc/GMT-2
Powered by phpBB® Forum Software © phpBB Limited
https://www.phpbb.com/