После две напорни недели без да фатам трска,дојдоа и моите два дена зацртани за риболов уште од последниот риболов на бојници
Требаше излетот да е 3-4 дневен,но пак обврски и кај мене и кај Јупи...и со стегање заби успеавме да збришеме на 2 дена инстант риболов
Кога веќе отпадна планираниот 4 дневен крапски риболов,се одлучивме да провериме дали е разбуден сомот на Струма.Тргнавме четврток наутро јас ,Јупи и Џоче.За мамец имавме десетина бојници по мерка
десетина црвеноперки и по некој карас.Празнење на бурето со мамци,товарење на Витото и правец-Струма.
Како и обично,таму бевме во мракот,немаше никој и си се наместивме на едно ланско место,кое што го памтевме по убаво
Додека ги фрлавме трските пристигна и нашиот пријател Румен од Сандански и екипата беше во полн состав.
За брзо време удар и добра штука беше на пат да си влезе во кепот.На педа од кепот се откачи
Лош почеток....
Веднаш по неа иде друга помала,околу кило,колку да ни ја врати вербата
До вечерта излезе уште една колку 2 кила и една испуштивме.Се на се-слаб ден.Како и да е-време беше за софра
Како по обичај,во тавата се тркалаа домашни колбаси,на масата веќе беше Шопското сирење и Струмичкиот љут ајвар и неизбежната жолта домашна
Ако нејќела рибата,сакаме ние
Си поседевме одкај 6 докај 9 и утепани легнавме во Витото.Пак како и обично
имаше често станување за гаснење со вода,од колбасите,љутото и жолтата и на едно такво освежување,наслушнавме ука-бука од Румен
Беше 11 вечер а надвор се одвиваше вистинска борба.По точно пола саат во кепот се најде овој убавец
(сликите се направени денски,другиот ден)
И јас да се сликам
После убавата борба на ред беше мерење на силниот противник.Вагата на Румен беше до 22 кг и на самото мерење ту ке покаже 21 кг ту ЕРОР...значи сомот беше тука на границата на издржливоста на вагата.Другиот ден на мојата вага покажа 20.800(малку калирал од вечерта)битно кога беше уловен беше околу 22 кг.
Прекрасен примерок.Удри на црвеноперка.
Си влеговме во Витото и сон не не фати цела ноќ
Другото утре уште во 5 бевме на позиција.Инаку да кажам дека цела ноќ немавме никаков удар.
Утрото почна со една штука ,и на истата трска после префрлањето следуваше страшен удар.Над водата се исшлапа убав сом.Започна надмудрувањето со силниот противник.Беше удрил на тапа,на телескопот за штуки на конец 0,35 и трокука бр.4.
После 20 минути надвор беше уште еден добар сом
Вагата застана на 13,100 кг.
Фотосесија
Адреналинот беше на максимум,кефот беше направен
На реката бевме докај 4 поручек и извадивме уште 3 штуки и едно мало сомче од 2 кила.
Уште некоја слика со сомот
и време беше за собирање.
Збогување со карабатакот Румен
Полни со импресии го чекаме следниот излет